Кај мене шиба на 30 степени овие 2 дена. Оди во дефрост мод на секој саат-саат ипол ама барем топло е. Под гаранција е, ако сака нека цркне, не планирам да се мрзнам.
Топло е? Колку?
Тоа што ја шибаш на 30 само побрзо ја водиш климата да влезе во дефрост. Пробај намалувај ја зададената Т и примети како изменувачот од бел ке почне да преминува во црн ике се отопи. Ако сакаш внатрешната температура да ти е 23-24 намести ја или на толку или еден степен над посакуваната, значи 25макс...земи термометар и измери температура на издув на подесена 30 и на подесена 25....нема да има разлика.
Тие со 12ки што ја местат на 30 или 25 а внатре не дига појше од 20 или 21 имаат проблем во однос "моќност на климата/загреван простор во м2", што би дошло имаат преголем простор за греење кој бара 5,5ka.[DOUBLEPOST=1418686958][/DOUBLEPOST]
Користам инвертер Горење купен во Јуни годинава. До пред 3 дена дури беше времето потопло климата загреваше супер и дуваше без престан. Сега, овие 3 дена се гаси на пола саат. Кога ќе се изгаси, надворешната единица испушта пареа а претходно целата внатре побелува. Додека да се вклучи климата и треба 7-8 минути.
Се јавив во сервис ми рекоа демек било нормално, да сум пробал да намалам степени. Ете намалив и степени, ја ставив на 23 па цел ден денес смрзнувам а она упорно се гаси. Чаре? Или така треба?
Истото што го напишав на зеленко важи и за твојава клима, не претерувајте со зададена Т, тоа нема да помогне и да покачи внатрешна температура кога надвор е минус плус магливо...
Мора да си ја научите климата како работи и како се понаша во зависност промената на температурата надвор...климат аке ја играте во само 1 до 2 степена ништо повеќе, значи ако сакам да ми биде 23 вннатре најмногу 25 ке ја подесам, со 30 ништо не добивате. 30 само ако сакате внатре да ви е 28 но тогаш за 30м2 и надвор -5 ке ви треба една јака 5,5КW единица.
Ја на пример преку ноќ овој период ја гасам, и ја тајмирам да се укључи сабајле во 6 (на зададена 23Ц) со претпоставка бидејки просторот не паднал преку ноќ под 21 дека до 7h до кога е ефтината тарифа ке постигне температура барем 22 или 23 за тој 1 саат работа.
Во тој период (рано сабајле) климата најмногу ке потроши бидејки ке брка 2 или повеќе степена (зависи колку е оладен просторот) и добро е да ја фатите ефтината тарифа. Сабајле е најладно па мора да се пази дали климата може да работи во тие температури, тие што имеат клими за до -15 во овој период немаат проблем да укључат рано наутро на -5.
Од 21 до 23 значи дека сум во тие 2 степена за играње во ки климата треба да ја стигне 23 и да намали дување/потрошувачка, но тоа може брзо да се промени ако надвор залади на -10 па место во 6 ке ја тајмирам пример во 5,5 или 5 да укључи, само ке го сменам тајмерот. Мора да се прати ситуација секојдневно дали постига или непостига зададена Т за одредено време работа, зависи како е надвор ладно.
Ако за саат или 2 саати не се приближи температурата на 1 сепен од зададената нешто не штима како што треба. Во тој случај прво би пробал со вклучено турбо да ја гасам навечер (тоа пак значи дека со турбо и ке се пушти сабајлето
), ако тоа не пали т.е. непостига 22 би пробал да ја оставам преку ноќ да работи и одржува температура 1-2 степена од посакуваната 23, значи или со слип мод би користел или би ја намалил на 21Ц ручно без тајмер. Кога турбото не помага и мора да се остава навечер да грее при надворешни температури малку под нулата (-1 до -5) дава закључок дека просторот пребрзо се лади, тоа пак значи слаба изолација, за што воопшто не е крива климата што неможе да постигне брзо да загрее но ако континуирано работи (нема ладење на просторот) ке загрее добро (ова обично се применува и важи за оние 10-15дена екстремни случаеви на ладни денови).
Слип мод обично кај сите марки клими (со само еден слип мод а има и со 3 слип мода) значи дека за првите 2 саата (одкога ке се активира) ке ја намали температурата вкупно за 2 степена од зададената и таа ке ја одржува дур не се расоните и не ја покачите температурата. Значи ако зададена на даљинското е 23, во првиот час ке намали и одржува 22, во вториот 21 и така све до даљнег на 21 ке закочи. Слипот е исто како да ја намалите мануелно температурата за 2 степена пониско, ништо сложено, можете или слип да користите или ручно одма со 2 степена доле, исто е.
Главно е да сватите дека со климата играте во 1 до 2 степена под таа што сакате да ја постигнете. Тоа и во упатсвата ви го пишува како дува внатрешната....кога е внатре 1 степен под или иста со зададена намалува дување за 1, кога ке прејде над зададена дува млако и на минимум колку да ја одржува зададената Т(тогаш и најмалце троши струја), тогаш и белото ке се отопи надвор без дефрост, ке намали вентилаторот на надворешната дување итн итн...бара време и мониторинг на двете единици надвор/внатре подолг период ова, и при различни Т надвор, но кога еднаш ке ја научите климата после ке знаете како да реагирате и манипулирате со температурите...ставањето на 30 е најглуп лаички потег што ништо не помага.