Грее хансол е најдобриот модел на грее, па со тоа сигурно е најскап. И јас лично не верувам на овие податоци дека има 90% моќ на -10, бидејки сум гледал кај многу спецификации и никаде нема таква искористеност. Одличен цоп и еер, добар мин. од 180-190 вати, одлична тежина на над. единица од 33кг., одлична количина на фреон од 1.3 кг ( можеби и најбитен момент), одлично ниво на бучава од мин. 22, како што гледам 7 брзини, се на се совршенство. Ова би требало да оди кај нас околу 1000 евра, пошто гледав сега у Грција се околу 800 евра 12-ка, мада веќе и слабо ги има, во бугарија нема во продажба, зошто не ми е јасно.
Инаку само да кажам дека Грее е веќе фузиран со Даикин и произведува у Кина клими под нивниот бренд кој изгледа носи повеќе пари и можеби е најголемата причина што слабо ги има како грее на пазарот у европа.