Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
@Josef K одлична рецензија на Blade Runner, мислата на Рене Декарт е најадекватна на целиот концепт на филмот.
провокација а?))
Баш така, дистопијата и живеењето во неа најчесто води до дехуманизам, од овдека мајндстејтот на репликантите е на повисоко ниво од тој на луѓето, типичен пример е Декарт баш поради она што го спомна, небитни се нивните надчовечки способности, сврхата поради која се гонети е голем парадокс.Да. Рене Декарт се сомневал во се. Единствената работа што според него била сигурна било тоа дека се сомнева. А доколку се сомнева тоа значи и дека мисли. Прис токму тоа сакаше да го каже. Таа е сигурна во својата егзистенција бидејќи се сомнева и мисли. Дали една машина би имала такви квалитети? Не случајно собата на Ј. Ф. Себастијан е полна со кукли и играчки. За да се нагласи разликата меѓу нив и репликантите.
По мене Рој на крајот испаѓа повеќе човек од Декарт. Рој е свесен за крајот што му претстои. Жали за изгубените сеќавања. Тоа значи дека чувствува и го боли. Всушност самата причина поради која што репликантите се враќаат на Земјата, односно да се запознаат со “креаторот“ и да ја дознаат тајната на животот, кажува многу за начинот на кој се перципираат самите и какви суштества се.
Декарт е тотално дехуманизиран човек. Не случајно Рејчел го прашува Декарт: Have you ever retired a human by mistake? Излегува дека да. Не ни може да се каже дека е херој. Убива по наредба без да размисли дали нештата што ги “пензионира“ мислат и чувствуваат. На крајот сепак сфаќа и пребегнува со Рејчел.
Изглеа денеска од нешо друго си дефокусиран, феноменален е филмот, нараторство, кинем., build-up на негативец, перфекција! изгледај го до крајНе бе, нема филм на Финчер што не ми е добар, ама овој трет пат го прекинувам, а уште не стигнав до 1 саат гледање. Нема некако прича за да ме заинтригира што ќе се случува понатаму, досаден ми е.
Исто. Вчера го гледав ама уште немам цврсто мислење за филмот.Ne ispustas nogo.
A, kako ste za Maze Runner so kritiki? Ja nekako ko podelen...
Да се повтарам па ?
Од филмоиве излзезени годинава можда 3 најлош ми е..полош ми е само Деца на Сонцето, и Малефисент пошто ми го силуваше детството
You know nothing wotШознам, мене ме држеше малку напнат, затоа се думам.
Денес баш бев на Деца на Сонцето.
Да бидам искрен, аt the time being бев заљубен, филмов има беспрекорна фотографија, одлична работа со камерата... ја мразам наши филмови, рака на срце, ама секој кадар скоро беше ко волпејпр. Ама ко типичен наш филм, драстично потфрли кај приказна, не дефинирани ликови, no plot whatsoever, ептен ништо да те замисли. И можеби паѓа под просекот, ама визуелно бев изненаден. Исти импресии имаа и другите луѓе шо го гледаа.
А Малефисент си рулаше, шшш.
Не бе нема потреба, твој став и мислење си е, ама сепак треба да го образложиш подобро.Гледаме сте зборале за Блејд Ранер погоре. Шознам... Разбирам се тоа влијателен филм, длабока филозофска етичка тематика, ова она... Ама некако мноооооогу бааааавно ми се развиваше приказната, колку и да е добра атмосферата, не е доволна за да ми го задржува вниманието на 100%. Искрено не уживав премногу во филмов. Крајот ми беше многу добар tho. 7/10... 7.5 ajде ради крајот.
Ајде фрлајте ги камењата спремен сум![]()
Не бе нема потреба, твој став и мислење си е, ама сепак треба да го образложиш подобро.
Реално, прв пат читам/слушам некој да коментира дека сторијата у Blade Runner се развива бавно, атмосферата напротив беше потешка пошо тоа е и целта на дистописките филмови.