Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
1. Мора ли да биде оригинален за да биде добар филмот?
2. ќе дојдам :D
1. Не, ама ти рече дека на оригинален начин била претставена приказната.
2. Па пиши во темата за Cinedays
 
Волкот на оскарите само ради главна машка улога имаше основа да биде присутен, али повторно, во лош момент за Ди Каприо дојде и оваа номинација.
Беше ок, забавен филм и толку, ништо што ќе остане за раскажување и коментирање многу понатака, по мое мислење.
Пример, секогаш ќе биде две класи подоле од Goodfellas или Catch me if you can, The Departed итн.
 
А што имаше толку добро во Волкот? Јас едвај издржав 3 саати во кино за него.
Не реков дека е ептен добар, реков дека не е застарен :D
А на пример не се сложувам ептен со сите на кои што ептен им се допаднал филмот..што не значи дека јас или они се глупи :D


Него..ќе снимале Роки спин-оф со Аполо Крид...Мајкл Б. Џордан ќе го глумел Аполо Крид....ајдее....ма да шо знам..ја во сите Рокиња имам уживано така да...бринг ит он ! :cenzura:
 
@Ron Burgundy , ако Волкот е ремек дело тогаш не знам, сум изгледал барем 1000 ремек дела до сега. Волкот е застарен не затоа што дејствието е во минатото туку затоа што начинот на кој е реализирана приказната е дел од минатото, онаму каде што Скорсезе своевремено заглавил и не се помрднал. Негов единствен успех во поново време беше Departed кој е украден филм. Назад на темата, во 80-те имаше еден куп Б-филмови и сапуници за јунаци кои прават пари а публиката доживуваше оргазам на луѓе - модели, кои заработиле милиони и живееле раскошен живот. Денес постои поинаков поглед на Вол Стрит а публиката сака подлабоки теми. Волкот е предвидлив, нема ништо оригинално во него ни од аспект на режија, сценарио, кинематографија... ништо иновативно. Има проста биографска приказна и веќе видена. Ако веќе зборуваме за приказни од сличен тип Catch me of you can и Pursuit of Happyness се светлосни години пред Волкот. И двата се по вистинита приказна, првиот е забавен и возбудлив во секој поглед а вториот покренува разни прашања и емоции.

Извини што вака ти реагирам ама да го наречеш Волкот на Скорсезе ремек-дело е грев кон вистинските ремек-дела. Тој може да биде единствено добар филм за мал дел од филмската публика која преферира такви теми. За другите е само еден обичен предолг филм, ништо посебно во ниеден поглед.
 
Една недела Драгонски нема да издржи. Толку многу спојлери во филмот, толку многу искушенија... :)
 
Да имаше кино у валандово сите спојлери ќе ви ги раскажав и пред сите ќе го изгледав филмот
 
Една недела Драгонски нема да издржи. Толку многу спојлери во филмот, толку многу искушенија... :)
Волкот ќе ја изеде бабата во црвенкапа !

Принцот ќе ја бакне пепелашка !

Брус Вилис е мртов цело време во Умри Машки !


А ниеден спојлер немам пишано у темава, само анти-драгонски кампања да се ширело..(n)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Надоврзување само мало не се глупирајте искрено да чекате до Март 2015 идете си у кино вреди за секој денар

nope.jpg, гледање филм сам, без ништо да ти го одзема вниманието > all.
 
дома си е најубаво, можда ке ти се плаче на некоја сцена а у биоскоп ке ти биде срам. :)
 
nope.jpg, гледање филм сам, без ништо да ти го одзема вниманието > all.
Грешка си, а згора на тоа и ќе настрадаш од спољери и ќе се чудиш :)

Туку осеќам дека ќе има Тим А : Тим Б меч. Првиот тим од нехајпнати изненадени гледачи и вториот од оверхајпнати спољерисани изнервирани и разочарани гледачи.

Ќе прајме муабет во темана без спојлери.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom