Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Волкот од волстрит е застарен филм и како приказна и како сценарио. Филмови и серии за такви "јунаци" беа популарни во 80те. Немаше основа воопшто да се најде на оскарите, иако таму редовно има безвезни филмови.

За Гравити издискутиравме, да не се повторуваме.
 
Gravity има прекрасна визуелација но дупка сценарио, и оскарите си ги доби како што ми текнува претежно во техничките категории, така да заслужено.
 
Волкот од волстрит е застарен филм и како приказна и како сценарио. Филмови и серии за такви "јунаци" беа популарни во 80те. Немаше основа воопшто да се најде на оскарите, иако таму редовно има безвезни филмови.

За Гравити издискутиравме, да не се повторуваме.
До негде те сфаќам што сакаш да кажеш, ама не си целосно во право.
Баш во 21виот век вреди да се направи филм за лик од Волстрит.

А да не спомнеме и дека филмот е базиран на вистински настан...што значи не може сценариото да е застарено ако филмот е стварно базиран на настани што се случиле пред 10ина години :D
 
А што имаше толку добро во Волкот? Јас едвај издржав 3 саати во кино за него.
 
Волкот е ремек дело, 3 саати минуваат без да трепнеш. Кога ќе ми рече некој, ах го изгасив на пола многу долг :facepalm: ти иде да му речеш што гледаш филмови иди гледај дигимон или покемон поарно.
И зошто бил застарен? Филмот баш оригинално ги доловува 90тите и животот на еден брокер кој од ништо станува главен на волстрит. И ме бендиса што се пцуе на велико, барем нема глумење лудило како во другиве филмови dont say the f-word bla bla.
 
1. Што е оригиналното во филмот? Јас не видов ништо такво.
2. Ќе доаѓаш на Birdman?
 
1. Мора ли да биде оригинален за да биде добар филмот?
2. ќе дојдам :D
1. Не, ама ти рече дека на оригинален начин била претставена приказната.
2. Па пиши во темата за Cinedays
 
Волкот на оскарите само ради главна машка улога имаше основа да биде присутен, али повторно, во лош момент за Ди Каприо дојде и оваа номинација.
Беше ок, забавен филм и толку, ништо што ќе остане за раскажување и коментирање многу понатака, по мое мислење.
Пример, секогаш ќе биде две класи подоле од Goodfellas или Catch me if you can, The Departed итн.
 
А што имаше толку добро во Волкот? Јас едвај издржав 3 саати во кино за него.
Не реков дека е ептен добар, реков дека не е застарен :D
А на пример не се сложувам ептен со сите на кои што ептен им се допаднал филмот..што не значи дека јас или они се глупи :D

Него..ќе снимале Роки спин-оф со Аполо Крид...Мајкл Б. Џордан ќе го глумел Аполо Крид....ајдее....ма да шо знам..ја во сите Рокиња имам уживано така да...бринг ит он ! :cenzura:
 
@Ron Burgundy , ако Волкот е ремек дело тогаш не знам, сум изгледал барем 1000 ремек дела до сега. Волкот е застарен не затоа што дејствието е во минатото туку затоа што начинот на кој е реализирана приказната е дел од минатото, онаму каде што Скорсезе своевремено заглавил и не се помрднал. Негов единствен успех во поново време беше Departed кој е украден филм. Назад на темата, во 80-те имаше еден куп Б-филмови и сапуници за јунаци кои прават пари а публиката доживуваше оргазам на луѓе - модели, кои заработиле милиони и живееле раскошен живот. Денес постои поинаков поглед на Вол Стрит а публиката сака подлабоки теми. Волкот е предвидлив, нема ништо оригинално во него ни од аспект на режија, сценарио, кинематографија... ништо иновативно. Има проста биографска приказна и веќе видена. Ако веќе зборуваме за приказни од сличен тип Catch me of you can и Pursuit of Happyness се светлосни години пред Волкот. И двата се по вистинита приказна, првиот е забавен и возбудлив во секој поглед а вториот покренува разни прашања и емоции.

Извини што вака ти реагирам ама да го наречеш Волкот на Скорсезе ремек-дело е грев кон вистинските ремек-дела. Тој може да биде единствено добар филм за мал дел од филмската публика која преферира такви теми. За другите е само еден обичен предолг филм, ништо посебно во ниеден поглед.
 
Една недела Драгонски нема да издржи. Толку многу спојлери во филмот, толку многу искушенија... :)
 
Да имаше кино у валандово сите спојлери ќе ви ги раскажав и пред сите ќе го изгледав филмот
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom