Person of Interest

Член од
21 мај 2008
Мислења
10.994
Поени од реакции
11.634
Зошто мислиш дека е досадна?

„Досадно“ е некаде првите 3-4 епизоди, кога не се дешава нешто посебно, т.е. си имаат посебен „случај“ (со морнарот, тој од LifeTrace, мада тогаш прв пат се среќаваме со овој од Vigilance, Collier). Пак не е досадно дотолку зошто има акција. Серијава мене лично ми е интересна поради тоа што има и акција и трилер моменти, интересни дијалози (посебно Рут). Доста реален момент беше загинувањето на Картер (иако малце глупо, после све то проживеаа, ама тоа е иронијата). Едноставна ќе беше серијата да го убиеа конгресменот и немаше после да испадне така како што заврши третата сезона.
Како и да е, се работи за вкусови, но нели, треба и да се образложи. За мене многу многу поинтересна од првите две сезони (кои ми се малце во магла зошто ги неам репризирано).
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
741
Поени од реакции
286
Pretty much најпотценета серија по форумите воопшто. Да се емитуваше на HBO или AMC мислам дека сите во транс ќе паѓаа, ама вака дека е од CBS па не е cool да се сака. :pos: :)
И јас се чудам како може толку добра серија,за неа ич да не се пишува на форумов :confused:.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.994
Поени од реакции
11.634
Бидејќи не е толку хајпувана како Брејкинг Бед, ГоТ и останати. Таман работа, не викам дека се лоши тие серии и дека не го заслужуваат хајпот, напротив. :) Не знам зошто PoI не е толку хајпувана, еве Блеклист доби огромен хајп пред почеток на втората сезона (насловна на најдобрите американски списанија).
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Од моменталните драмски серии што се емитуваат на националните телевизии, според оценката на IDMb е на второ место зад Hannibal, така што во тој поглед се држи:

1. Hannibal (NBC) 8.6
2. Person of Interest (CBS) 8.4
3. Castle (ABC) 8.3
4. Criminal Minds (CBS) 8.2
5. The Blacklist (NBC) 8.2

А инаку мислам дека главната причина за тоа што е потценета меѓу гледачите е дека се емитува на CBS, која важи за телевизија со еднолични и некреативни процедурални серии. Во сличен тон почна и Person of Interest на почетокот во првата сезона ако се сеќавате, иако за брзо време почна да се претвора во многу повеќе од процедурална серија. А голем проблем е и тоа што серијата не е произведена од CBS, туку од Warner Bros, така што телевизијата нема да има дополнителен профит од продажба и синдикација. Затоа и не се замараат многу за нејзино експонирање и промоција, и во третата сезона ја преместија во полош термин и многу згрешија. Падна гледаноста и на самата серија, а и на претходниот термин што го држеше серијата. И поради пар глупави одлуки од CBS, многу е веројатно дека уште повеќе ќе им паѓа гледаноста на телевизијава сезонава.

Затоа и реков дека ако се емитуваше на HBO или AMC ќе извадеше далеку поголема поддршка од критичарите. Тие имаат помалку серии, но се посветуваат со поголемо внимание на сите нив.

Еве и @true blue ја спомна The Blacklist, мене двете серии ми се прилично многу слични, дури и некои од епизодите ги мешам во која серија се. :pos: Иако дефинитивно има многу простор и време за развивање на The Blacklist. Ама таа моментално е НЕНОРМАЛНО многу промовирана зошто е најголем хит на NBC во последниве 20 години. Ако некој случајно гледал NBC на live stream летово знае за какво ПРОМОВИРАЊЕ зборувам. :) Дури и доби термин по Super Bowl во февруари.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Зошто мислиш дека е досадна?
Не ја гледам, му пишав онака на олд скул, типот што мисли дека ББ е досадна а и верувам изразот "права серка" беше искористен. :D Значи тој ако мисли дека сезонава е мастер пис тогаш навистина е нешто спектакуларно. :D
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Не ја гледам, му пишав онака на олд скул, типот што мисли дека ББ е досадна а и верувам изразот "права серка" беше искористен. :D Значи тој ако мисли дека сезонава е мастер пис тогаш навистина е нешто спектакуларно. :D
Свесно и со здрав разум :icon_lol: велам дека најдобрите епизоди на Person of Interest се подобри од најдобрите епизоди на Breaking Bad. Ozymandias се смета за врвот во BB (и е навистина предобра епизода), но PoI има барем неколку епизоди подобри од таа, според мене.

Breaking Bad е многу подобро спакувана во целост бидејќи имаше само по 13 епизоди во сезона, а со тоа и помалку филер епизоди и дејството одеше многу поконстантно.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
746
Поени од реакции
533
Person of Interest S04E01 720p HDTV X264-DIMENSION [eztv]

Моментално симнувам... Ја гледаше некој веќе или ?
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
На Телма ја давале сријава.
Баш се изненадив,случајно вртев по каналиве и приметив.За разлика од другиве телевизии што пуштаа срање,Македонскиот народ ако сака да гледа квалитетна серија има што да погледне,браво за Телма.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Класика е, станува се поинтересно и поинтересно, ваљда ради тоа што повторно внесуваат некоја нова трета страна (покрај Финч и компанија и Десима). Еве Елајас се враќа, претходно беа Виџиленс, пред нив HR.

Како што кажа и Рут, некој ќе умре на крајот, кој ќе биде - ќе видиме, мене Финч ми изгледа како "најспремен" за тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom