!!!!!!!!!!!ATP World Tour Finals, London | 09 -16 ноември, 2014 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Red John
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.157
Поени од реакции
23.299
10641290_10152816895865309_4202740356379269269_n.jpg
Сите патишта водат во Рим, но оние тениските овој пат водат во Лондон, за крај на уште една натпреварувачка годинина. А овогодинешниот пат најуспешно го врвеа:

Светскиот рекет број 1 и татко на едно дете НОВАК ЃОКОВИЌ, кој во изминатата сезона се закити со еден грен слем и четири мастерси.

Роџер Федерер како светски рекет број 2 и 2 мастерси и еден куп изгубени финалиња. И да, атак на првата позиција на АТП турот, ама и за тоа речиси да нема шанси.

Бердих и жена му.

Кеи Нишикори како прв азиец на финалниот турнир и финале на грен слем.

Енди Мареј кој некако избори пласман на финалниов и покрај турбулентната сезона исполнета со повреди.

Милош Раониќ.

Станислас Вавринка го скрши мразот и го освои својот прв грен слем во Австралија, после тоа уште еден мастерс и после се врати на старите лабилни патеки.

Марин Чилич исто како Вавринка стаса до својот прв слем во Америка па си продолжи со топло-ладно играта.

Сезонава беше една од најразновидните, големата четворка беше растурена, барем во поглед на поделбата на слемовите.

И да, ќе заборавев, на завршниов го нема Надал.... пошто зел лош допинг ... ваљда.

Група А:
Новак Ѓоковиќ
Станислас Вавринка
Томаш Бердих
Марин Чилич

Група Б:
Роџер Федерер
Кеи Нишикори
Енди Мари
Милош Раониќ
Нишикори и Мареј отвораат во втората група а во првата Новак со Чилич.

london-finale-2013-monday-finals-djokovic-confetti2.ashx
Aнкета нема, зошто? Еве зошто
 
Последно уредено:
За Раониќ најмногу ме бендиса описот. :D

Напред Федерер, бар во Лондон стално му оди и е прилично убедлив поради вакумираните услови, читај серви ѓоа луд. Тешка група, во група е со оние играчи кои најмногу загризаа на крајот од сезоната, додека Ноле е со оние кои си беа онака константни или блеснаа на почеток а сега онака.

Да се помини група па нека дојде кој сака.

Него ептен чудна ми е сликава, не можам да и се донагледам. Кои фаци се мајку му... :pos:
 
Мене описот за Бердих, уствари жената му :D
Поддршка за чичко Роџер, би сакал крајов на годинава да има негов потпис.
 
Ја Нишикори ќе го поддржам на турнирчево..

[јапанско зборче за вамос] КЕН !!
 
Ноленце освојува, јер у сала е најдобар без никаква конкуренција. Лондон е малце побрз од Париз, но не е некоја пребрза подлога ако се земе во предвид дека турнирот се игра во затворени услови, односно во сала. Ноле има серија од 27 победи по ред во сала, што е апсолутно неверојатно.

Неговата група ми е тотално неинтересна, односно сите му се муштерии и ќе си заврши лагано со 3 победи. Групата на Федерер е исклучително интересна, таму се и Мареј и Нишикори, а и дебитантнот на овој турнир Раониќ. И Мареј и Нишикори му можат доста работи на Федерер, затоа останува да видиме кој ќе се пласира понатака. Според мене Мареј и Федерер, или евентуално Нишикори место Мареј.

Се на се не очекува многу интересен турнир и се надевам дека ќе гледаме врвен тенис.
 
Голем фаворит е Новак, и група има само каква што можеше да посака, мислам дека со 3 победи ќе влезе во полуфинале, е сега од полуфинале па натаму и нема да му биде така лесно, пошто во евентуално полуфинале, веројатно би играл или со Нишикори или со Енди, кои не се воопшто лесен залак.
 
Би било интересно Новак и Федерер во финале. Реванш од Вимболдон.:cool:

пс. Кој е тој на сликата?
 
Би било интересно Новак и Федерер во финале. Реванш од Вимболдон.:cool:

пс. Кој е тој на сликата?

Toj на сликата е најголемиот непријател на форумов, ако го видиш во живо бегај, бегај и не гледај назад.
 
Какви се на сликава исфотошопирани .
понеделник во 21:00 часот Новак го игра првиот меч од турниров против Марин Чилиќ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom