Barclays Premier League - Season 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?


  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
R

red.devil

Гостин
Исто така битна е и исхраната кај професионалните спортисти. Колку што е генетиката и физичката подготвеност, толку е битна и здравата и избалансирана исхрана. Не можеш со хамбургери како Андо и тестенини како Пандев да си спремен за 90 минути без тоа да има последици.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.825
Поени од реакции
115.896
Добро исхраната секако е многу битна, само има многу случаи каде што тоа не влијае, нарочито на млади години. Коби до 25-26 години ко деген гнетеше кока коли и хамбургери пред утакмици, Болт ваљда познат ви е примерот со копаните. :D
Инаку да, севкупно гледано многу е битна исхраната, пред се за правилен биоритам и добар баланс во организмот.
 
W

wicked_1

Гостин
Најпрост пример ви е Шекил О’Нил во кошарката. Човек од 150 и кусур кила, со таква подвижност ретко може да се најде во денешно време. Не мора да значи килажата ништо...
Колку лошо е перцепиран Шек од јавноста поради масивноста шо ја имаше. А уствари беше пребрз на низок пост за сите 4ки и 5ки у лигата, и општо у светот.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.490
Поени од реакции
10.246
и јас имам 60 а делувам како да имам 35, вара изгледот :)

откај да знам колку кила има Кошелни, а и без разлика, послабо делува, не е снажен толку, барем од око. Пишав, Хазард е најдобар пример. Нит е висок, нит е мистер билдер 2014 ама ем е доволно набиен ем е брз, за повреди да не ни правиме муабет. Нема никаков проблем со физикусот на ПЛ :)
Хазард е најдобар пример,но е набиен.
Гибс ни од далеку не е набиен.

И ќе се навратам за У-21 муабетот.
Стај ме мене помеѓу 20 деца на возраст од 10-12 години и стај ме меѓу 20кошаркари од НБА па ќе видам дали ќе збориш дека сум атлета.
За Гибс муабетот ти е чист феил. :)
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
а јаде како за три деца :) е тоа е тоа што го објаснив, ако си широка градба од раѓање, колку и да си лесен пак ќе имаш става, а ако не ти било пишано, ставај што сакаш на тебе килажа, пак ќе си Аушвиц :) Е и Милер од Баерн, подобар пример за повреди амин. Онаму во фан клуб Баерн влегов еднаш пред 2-3 сезони кога беше прилично слаб, му стартуваа лошо, , видов постови се молеа да се повредел, очигледно и багер да го прегази џабе е. Шо би рекол Стеф, генетика највеќе :)
Тоа е проблемот, колку повеќе го пцуеш и несакаш да игра толку помали се шансите за повреда и обратно, колку и да е добар и сакаш да игра толку поголеми се шансите за повреда ;).

Пример Рамзи пред скршеница многу добро играше и се повреди, кога се врати беше во криза и сите го пцуеја и изигра цела сезона без повреда. Таман влезе во форма и сите се крстеа на него тој оп се повреди.

Така да џабе ви се теории за исхрана килажа, генетика...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
битна е исхраната, но зависи од се од метаболизмот на спортистот, од цврстината на коските се си има свое значење, еве го спомнувате Хазард човекот е заљубен во хамбургери и јаде што стигне дури и во карантин кога е, додека Лукаку премногу внимава на својата исхрана а колку е поголем за око и колку повеќе изгледа дека е поцврст од Хазард но не е така, а кога е веќе муабет за Арсенал според мене или нешто смрди во медицинскиот тим или се толку големи малери од кој што секоја година имаат по толку повредени играчи.
 

L.A

Член од
19 јануари 2014
Мислења
1.695
Поени од реакции
1.019
Не дај боже па Коста,Азар или Фабрегас, некој од овие да се повреди :icon_mrgr:
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Види го Жиру,видо го Кошелни,Диаби па и Дебуши. Тенкови па пак се повредуваат. Мертесакер каков е па имаше пауза полани од 4 месеци.
Не е се и до набиеноста и големината.
Колку е до напорните тренинзи,слаби физички играчи,толку е и до среќата,дури повеќе од 50%.
:D

според муабетов само Арсенал се тие (не)среќните..
не ми е јасно како тоа само во Арсенал се повредуваат играчи, дефинитивно 80% е до докторите и сл.
Кедира последниве години се повредува цело време, ако потпише за Арсенал не верувам дека ќе заигра многу повеќе од Диаби
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.869
Поени од реакции
11.550
Пандев јаде од оние ефтините тестенини шо се лепат на тенџере и се прават каша.
Растен е со леб и паштета. Чушките и френките ги открива покасно кога го купува првиот нутриционист по име Микеле.
 
B

BooBojan

Гостин
Крaткo oкoлу рaзгoвoрoт зa килaжи oвa oнa. Нaјдoбaр пример Пaндев и Тoти дa речеме. Стaвa и грaдбa не се прaвaт oд чушки и френки,мaргaрин... Месo и рaзнoвидни хрaни и немa прoмaшaј.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom