Знам дека страницава е зашто си ме мајко родила али вистина дал ваква изјава Тоти? Оти не ми е за верување ова, пошо ако стварно го изјавил ова ќе јаде казна 100%.

А и ако стварно го изјавил ова му симињам капа.
http://www.sportski.mk/toti-juventus-ne-treba-voopshto-da-igra-pobeduva-vaka-ili-onaka
Ањели бара коренита реформа на цел систем во Италија, почнувајќи од ФИГЦ, репрезентација, калчо, промени во системот на избор на судии, делегати итн. Бара млад фудбалски работник, кој не е од старата клапа, чија желба е Тавекио. Уште одпрво ЈАВНО кажува дека нема да го поддржи Тавекио, и дека на ФИГЦ му треба НОВ човек, кој знае од корен да ги промени работите. Ниту еден клуб освен Рома не застана позади тоа барање на Јуве, најпрво. Побарај си на Јутуб ги има цели пресконференции каде Ањели повикува на коренити реформи за Сериа А да се доближи до местото каде што припаѓа, на врвот.
После несреќникот Тавекио дава расистичка изјава, и неколку мали клубови си го корегираат мислењето и не го даваат својот глас, т.е. им се приклучуваат на Јуве и Рома. Но, Тавекио си обезбедува 4-годишен мандат, значи повеќето тимови гласаат за него, а Интер,Наполи,Лацио,Верона дури
му го честитаа изборот на нивните официјални страници. Лотито дури беше награден со висока функција во ФИГЦ.
Изјавите на Ањели околу реформите и случајот со Тавекио беа објавени по сите весници и медиуми низ Италија, дури Тавекио изјави дека лично не се знае со Ањели и не знај зошто овој воопшто дава вакви изјави за него, кога не го познава.
Ањели и после изборот изјави дека ќе го почитува ФИГЦ, но дека сеуште си стои на своето мислење. Исто и Сабатини, па дури и Дела Вале се приклучи на тоа дека Тавекио не е вистинскиот избор.
И значи сега, КОЈА Е ЛОГИКАТА, Јувентус на чело со Ањели да бараат реформи во ФИГЦ, да се менува начинот на избор на судии, делегати, ако веќе тие со „стариве“ им е „обезбедена“ победа на секој натпревар??
На вашата тема гледам мноогу поплаки за судиите, за целиот систем воопшто, како тоа Интер бил оштетуван систематски од судии. Не го следам многу, и не можам да кажам дали се издржани или не. Ама ако се, зошто Тохир не се приклучи кон групата на тимови кои бараат промени, и не се залагаше да се промени целиот систем што очигледно дека е крахиран?
Тавекио ги потврди и Претседателот на судиската асоцијација на Италија. Значи, тие што си беа со Абете, истите се со Тавекио, аналогно на тоа значи дека Тавекио е задоволен од нивната досегашна работа. Освен Конте за тренер на Италија, другото се исто остана како во времето на Абете.
Да се навратам на изјавава на Тоти. Зошто Тоти не излезе со изјава (која, патем е извитоперена од медиумов, не е точно напишана/пренесена) минатото коло кога против Јуве му беше досуден непостоечки пенал (кој го одбрани Џиџи)? Зошто тогаш Тоти не изјавува да кажува какви се не судии суделе по Италија, итн? Зошто Тоти, не изјави за фаулот што беше направен од страна на Манолас ми се чини, во 16-тикот на Рома, кога го собори Љоренте со сите можни средства, а не беше досуден пенал?