Реално, не знам дали биле до сега во ваква ситуација фановите на Рома, онака сигурен сум дека не биле во поновава историја. Не се праи намутав, знаеш кон што целам.
Само ќе му кажам браво на Мондонико кој ферски напиша дека Јуве не заслужил денес да победи, настрана целокупното судење. Не ми е јасно како може да се ситиш/те на оваа победа на Јувентус, т.е. пораз на Рома кој е остварен со послаба игра од противникот и што е најбитно со два непостоечки пенали. Ајде првиот ќе рече човек не може милиметарски да се измери, пошо ваљда Роки го свирна од причина што живиот ѕид беше внатре во шестнаесетникот, според мене по таа логика се водеше иако Маикон надвор ја удри топката со рака. Сепак, не го земам за преголемо зло ова. Али вториот пенал? Немој да ме јебеш, пред очи му се дешаваше ситуацијата, онака 2343243243234% сум сигурен дека копилето намерно свирна.
Едно објасни ми, како тоа увек кога игра Јуве и кога има сомнителна ситуација увек е досудено во корист на Јуве??? Еднаш-два пати е случајност, а 100 000 пати е тенденција.
Нормално, на Интер чисти голови му поништуваат против Палермо, пенал еднаш годишно им свират, ама кога Јуве е во прашање се брои стативата ко последен играч, шестнаесетникот станува осумнаесетник, гол линијата станува искривена линија подлабока за пола метар (хинт: гол ди Мунтари) итн итн да не набројувам. Затоа и пишав дека ги жалам навивачите на Рома, колку и да играат добро ќе се дешаваат вакви работи за Јуве да стане шампион, веќе видено милион пати.
И остај го Интер, што има сега врска Интер со Јуве-Рома? Си знаеме ние во каква ситуација е Интер и си коментираме реално, не се секирај.
Знаеш дека лајкот ти е само за честитката, бидејќи за вториот дел од твојот пост имаме дискутирано многу пати. Знаеш и самиот колку е дискутабилно ова дека секогаш дискутабилна ситуација се суди во корист на Јуве. Пред се со оглед на вниманието кое се посветува во јавноста и општо на грешка про-Јуве и на грешка против Јуве.
Него, се воздржав и се воздржувам да ги коментирам судиските одлуки, само поради ова што се случува. Сите даваат различни интерпретации за одлуките и кај сите различно. Според скај сите пенали не биле пенали, според газета првиот не бил, вториот бил и голот регуларен, според трети голот нерегуларен, па не знам што уште. Чорба каша.
Стримот на кој гледав имаше малку лоша слика, па тек сега ги видов настаните почисто. Според мене раката на Маикон дефинитивно беше казнива затоа што намерно ја придвижи кон топката, а не му одеше топката во лицето па да си го чува. Е сега внатре или надвор е интерпретација на судијата. Оригинално живиот ѕид беше внатре и играчите не смеат да одат напред додека не се шутира. Сепак едно е јасно. Доколку е на линија е пенал. Џену, Елнињо а и сите ние немаме видено слободен удар со топката поставена на линијата од шеснаесетникот, затоа што такво нешто не постои. Не го измислувам ова јас, ниту пак друг јувенташ туку тоа е правило кое за жал очигледно многу не го знаат.
Пеналот на Рома беше разбирлива одлука, особено после дилемата дали за Јуве да се досуди пенал или слободен.
Вториот пенал за Јуве го гледам во живо ми стои внатре. Го гледам оспорена снимка ми стои надвор. Е тука е проблемот кој Роки си го направи самиот, досуди две дискутабилни одлуки во корист на Јуве. Премногу беше и тоа е факт. Без разлика дали биле или не.
Во второто според моите очекувања Рома падна физички и Јуве одигра подобро. Посебно последните 20 минути кога имавме 2 одлични шанси пред голот. За голот нема што да кажам. Жално би било да се поништи таков гол иако имаше основа. Сепак пак се се сведува на интерпретација, според дискутабилното правило за офсајд за влијание или невлијание на играчот врз голманот. Може му пречи, а може и не, но тоа со сигурност никој освен голманот на Рома не може да го тврди.
Се на се сега Рома не треба да дозволи да се стекне со тагот жртвено јагне и да заборави да игра фудбал. Сезоната е многу долга и оваа табела е далеку од конечна. Рома има тим, има тренер, има идеја и сето тоа треба да го искористи. Плачењето, кукањето и зборовите како оние на Тоти дека Јувентус на овој или оној начин ќе победи треба да се избегнуваат. Не за друго, затоа што се кажани во жежок момент без размислување.
Рома ако биде најдобра оваа сезона ќе освои. Во тоа сум сигурен.
Бидете ми поздравени.