Serie A 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема?

  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
39.981
Поени од реакции
116.677
Знам дека страницава е зашто си ме мајко родила али вистина дал ваква изјава Тоти? Оти не ми е за верување ова, пошо ако стварно го изјавил ова ќе јаде казна 100%. :D А и ако стварно го изјавил ова му симињам капа.
http://www.sportski.mk/toti-juventus-ne-treba-voopshto-da-igra-pobeduva-vaka-ili-onaka
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.544
Поени од реакции
15.035

http://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-A/Roma/05-10-2014/juve-roma-totti-sabatini-polemica-90659254339.shtml
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.981
Поени од реакции
116.677

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.944
Поени од реакции
8.843
Која касапска игра на Рома човече,а ниту еден црвен картон,и на крај коа апла мораше да покаже црвен на гејон јужен,и на Мората ни крив ни дужен му даде црвен.Стварно ме разочараа,очекував убав фудбал од нив,а ко да ги гледав тепачите Торино.Требаше уште прво полувреме да попијат неколку црвени ко ништо,а се бунат тука примиле гол од непостоечки пенал,а и они дадоа гол од таков.Она лигушот Гарсија за виолинскиот потег у секоја нормална федерација би попил дебела суспензија,останува да видиме дали ќе биде покрената дисциплинска постапка.А тоа дека Рома има подобар тим од Јуве го кажувате ради што ви се мутни мислите од цмиздрење,знам дека стварно не сте до толку ретардирани да мислите така.

SALUTE LA CAPOLISTA !;)
тука или ти си ретардиран или си сонувал дека некој од нас кажал дека Рома е подобар тим од Јувентус;)

зошто си надаваш,можеби сам си даваш сатисфакција за да продолжиш да вреѓаш? обожаваш да се испровоцираш ?

гледам "плакаш" за црвени картони и пенали, што ли ќе беше да си фан на Рома, ќе рикаше како магаре:icon_lol:

колку нефудбалско ти звучи тоа "требаше да попијат неколку црвени картони", па и во прво полувреме .. а вие колку пенали треба да добиете за победа? оваа вечер два беа доволни:P
 
_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
[

Иначе најако ми е ова , кога портали од регионов ќе "преведат" изјава и сите како слепи за стап се фаќаат за истата.
Сабатини изјави "многу го ценам и почитувам Роки, ама вечерва не беше на висина на задачата(потполно се сложувам ) .Не велам дека изгубивме поради судиксите грешки, но сепак евеидентно е дека тие постоеја"(и тука е во право чевекот).Само чудно некако , никој не му ја цитираше изјавава...
 
Последно уредено:

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Која касапска игра на Рома човече,а ниту еден црвен картон,и на крај коа апла мораше да покаже црвен на гејон јужен,и на Мората ни крив ни дужен му даде црвен.Стварно ме разочараа,очекував убав фудбал од нив,а ко да ги гледав тепачите Торино.Требаше уште прво полувреме да попијат неколку црвени ко ништо,а се бунат тука примиле гол од непостоечки пенал,а и они дадоа гол од таков.Она лигушот Гарсија за виолинскиот потег у секоја нормална федерација би попил дебела суспензија,останува да видиме дали ќе биде покрената дисциплинска постапка.А тоа дека Рома има подобар тим од Јуве го кажувате ради што ви се мутни мислите од цмиздрење,знам дека стварно не сте до толку ретардирани да мислите така.

SALUTE LA CAPOLISTA !;)
И ова некој го рекол? o_O

Уствари што се чудам, овде Торес го направија најјак шпиц у лига после Тевез и Тоти и Видич најјак дефанзивец у Серија А па за ова...
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.944
Поени од реакции
8.843
И ова некој го рекол? o_O

Уствари што се чудам, овде Торес го направија најјак шпиц у лига после Тевез и Тоти и Видич најјак дефанзивец у Серија А па за ова...
никој го нема речено, бар не фан на Рома, гледаш дека момакот обожава сам да си се испровоцира:icon_lol:

познавам една личност во мојот крај, истата кога ќе се опие доколку викнеш по него и го прашаш "како си", тој ќе ти обрати "абе што пцуеш мајка, не јади го*на":pos:

исто така функционира и колегата од вашиот фан клуб :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.981
Поени од реакции
116.677
[

Иначе најако ми е ова , кога портали од регионов ќе "преведат" изјава и сите како слепи за стап се фаќаат за истата.
Сабатини изјави "многу го ценам и почитувам Роки, ама вечерва не беше на висина на задачата(потполно се сложувам ) .Не велам дека изгубивме поради судиксите грешки, но сепак евеидентно е дека тие постоеја"(и тука е во право чевекот).Само чудно некако , никој не му ја цитираше изјавава...
Пишав дека е од сајт: Зашто си ме мајко родила
Затоа и прашав дали има некаква вистина во ова. Не рипајте одма.
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.944
Поени од реакции
8.843
Pitali su zemana prije utakmice za njegovo mišljenje i ishod, evo šta je rekao: "Ja stvarno ne znam, to morate da pitate Bufona. On je kockar."

незнам како изгледаат точно изјавите на Сабатини и Тоти, ама ако дедо Земан ова го изјавил пред утакмицата .. :pos::pos::pos:
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Примети го само копилето Роки дека беше два метри од ситуацијата и дека виде каде се случи пеналот. Овој судија колку сум го колнел во мојот живот, мислам дека свашта ќе го снајдат у животот...

Иначе Јувентус стандард, без поклонети пенали не се може, јас мислев до Конте е работата, дека он правеше премногу притисок ама не било до тоа, до клубот е, јеби га. Искрено првиот пенал стварно беше тежок за проценка, ама никако и никогаш не се свири она второто, туку нон стоп кога е во прашање Јувентус се свири она во нивна корист.

Ги жалам уште од сеа навивачите на Рома, затоа што колку и да играат добро, а во моментов се најдобри во Италија без дилема, сепак на крајот некој друг ќе го дигне трофејот поради добро познати причини.
@Boom Shaka Lakka Извини,не бил навивач на Рома интелигентниов дечко.:D Тимот моментално му е небитен ко семафор у ГТА,па изиграва дежурен душегрижник за тим(овите) кои му се конкуренти на Јувентус.
 
_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Пишав дека е од сајт: Зашто си ме мајко родила
Затоа и прашав дали има некаква вистина во ова. Не рипајте одма.
Има бе , вистина е ,таа е изјавата ма Тотти, ова сосем друго е со Сабатини .Чисто ко пример го посочив[DOUBLEPOST=1412549501][/DOUBLEPOST]
Pitali su zemana prije utakmice za njegovo mišljenje i ishod, evo šta je rekao: "Ja stvarno ne znam, to morate da pitate Bufona. On je kockar."

незнам како изгледаат точно изјавите на Сабатини и Тоти, ама ако дедо Земан ова го изјавил пред утакмицата .. :pos::pos::pos:
Ич не се чуди, Земан е тоа , очекувано, и баш онака у негов стил .
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Каков е на терен,таков е и на јазик.Ѓубретар.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.356
Поени од реакции
6.042
Знам дека страницава е зашто си ме мајко родила али вистина дал ваква изјава Тоти? Оти не ми е за верување ова, пошо ако стварно го изјавил ова ќе јаде казна 100%. :D А и ако стварно го изјавил ова му симињам капа.
http://www.sportski.mk/toti-juventus-ne-treba-voopshto-da-igra-pobeduva-vaka-ili-onaka
Ањели бара коренита реформа на цел систем во Италија, почнувајќи од ФИГЦ, репрезентација, калчо, промени во системот на избор на судии, делегати итн. Бара млад фудбалски работник, кој не е од старата клапа, чија желба е Тавекио. Уште одпрво ЈАВНО кажува дека нема да го поддржи Тавекио, и дека на ФИГЦ му треба НОВ човек, кој знае од корен да ги промени работите. Ниту еден клуб освен Рома не застана позади тоа барање на Јуве, најпрво. Побарај си на Јутуб ги има цели пресконференции каде Ањели повикува на коренити реформи за Сериа А да се доближи до местото каде што припаѓа, на врвот.

После несреќникот Тавекио дава расистичка изјава, и неколку мали клубови си го корегираат мислењето и не го даваат својот глас, т.е. им се приклучуваат на Јуве и Рома. Но, Тавекио си обезбедува 4-годишен мандат, значи повеќето тимови гласаат за него, а Интер,Наполи,Лацио,Верона дури му го честитаа изборот на нивните официјални страници. Лотито дури беше награден со висока функција во ФИГЦ.

Изјавите на Ањели околу реформите и случајот со Тавекио беа објавени по сите весници и медиуми низ Италија, дури Тавекио изјави дека лично не се знае со Ањели и не знај зошто овој воопшто дава вакви изјави за него, кога не го познава.

Ањели и после изборот изјави дека ќе го почитува ФИГЦ, но дека сеуште си стои на своето мислење. Исто и Сабатини, па дури и Дела Вале се приклучи на тоа дека Тавекио не е вистинскиот избор.

И значи сега, КОЈА Е ЛОГИКАТА, Јувентус на чело со Ањели да бараат реформи во ФИГЦ, да се менува начинот на избор на судии, делегати, ако веќе тие со „стариве“ им е „обезбедена“ победа на секој натпревар??

На вашата тема гледам мноогу поплаки за судиите, за целиот систем воопшто, како тоа Интер бил оштетуван систематски од судии. Не го следам многу, и не можам да кажам дали се издржани или не. Ама ако се, зошто Тохир не се приклучи кон групата на тимови кои бараат промени, и не се залагаше да се промени целиот систем што очигледно дека е крахиран?

Тавекио ги потврди и Претседателот на судиската асоцијација на Италија. Значи, тие што си беа со Абете, истите се со Тавекио, аналогно на тоа значи дека Тавекио е задоволен од нивната досегашна работа. Освен Конте за тренер на Италија, другото се исто остана како во времето на Абете.

Да се навратам на изјавава на Тоти. Зошто Тоти не излезе со изјава (која, патем е извитоперена од медиумов, не е точно напишана/пренесена) минатото коло кога против Јуве му беше досуден непостоечки пенал (кој го одбрани Џиџи)? Зошто тогаш Тоти не изјавува да кажува какви се не судии суделе по Италија, итн? Зошто Тоти, не изјави за фаулот што беше направен од страна на Манолас ми се чини, во 16-тикот на Рома, кога го собори Љоренте со сите можни средства, а не беше досуден пенал?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.981
Поени од реакции
116.677
@Boom Shaka Lakka Извини,не бил навивач на Рома интелигентниов дечко.:D Тимот моментално му е небитен ко семафор у ГТА,па изиграва дежурен душегрижник за тим(овите) кои му се конкуренти на Јувентус.
Реално, не знам дали биле до сега во ваква ситуација фановите на Рома, онака сигурен сум дека не биле во поновава историја. Не се праи намутав, знаеш кон што целам.

Само ќе му кажам браво на Мондонико кој ферски напиша дека Јуве не заслужил денес да победи, настрана целокупното судење. Не ми е јасно како може да се ситиш/те на оваа победа на Јувентус, т.е. пораз на Рома кој е остварен со послаба игра од противникот и што е најбитно со два непостоечки пенали. Ајде првиот ќе рече човек не може милиметарски да се измери, пошо ваљда Роки го свирна од причина што живиот ѕид беше внатре во шестнаесетникот, според мене по таа логика се водеше иако Маикон надвор ја удри топката со рака. Сепак, не го земам за преголемо зло ова. Али вториот пенал? Немој да ме јебеш, пред очи му се дешаваше ситуацијата, онака 2343243243234% сум сигурен дека копилето намерно свирна.

Едно објасни ми, како тоа увек кога игра Јуве и кога има сомнителна ситуација увек е досудено во корист на Јуве??? Еднаш-два пати е случајност, а 100 000 пати е тенденција.

Нормално, на Интер чисти голови му поништуваат против Палермо, пенал еднаш годишно им свират, ама кога Јуве е во прашање се брои стативата ко последен играч, шестнаесетникот станува осумнаесетник, гол линијата станува искривена линија подлабока за пола метар (хинт: гол ди Мунтари) итн итн да не набројувам. Затоа и пишав дека ги жалам навивачите на Рома, колку и да играат добро ќе се дешаваат вакви работи за Јуве да стане шампион, веќе видено милион пати.

И остај го Интер, што има сега врска Интер со Јуве-Рома? Си знаеме ние во каква ситуација е Интер и си коментираме реално, не се секирај.
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.185
Поени од реакции
3.516
И на Газета пишаа дека вториот пенал е регуларен исто како и третиот гол каде се гледаше дека Видал не го попречува голманот,за Маикон е дискутабилно ама имаше пенал и за Маркизио пред тоа:) не ми е кејф ваква победа затоа што одма се накотувате на темава со Јуве местачи,шо убаво си беше лани и пред две години 3-0 и 4-0 :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom