Мертесакер ми се чини не направи грешка денеска, додуша голот на Коста овој ги прешиша и двајцата наши дефанзивци, но Пер толку може, а Косиелни требаше подобро да изреагира во таа ситуација. Како и да е, засега Челзи стварно делува најстабилно и е најреален кандидат за титулата. Дали ќе им паде формата подоцна, ќе видиме, дали Сити и Јунајтед исто ќе се вратат во игра и тоа ќе видиме.
Арсенал искрено, освен како фактор изненадување не би го ставал во игра за титулата. Наше е да си зимаме бодови од помалите тимови, да држиме константна разлика од 5-6 поени со првиот некаде до март-април, па да имаме шанса да ги изненадиме сите во фото-финиш, во што искрено не верувам оти како и секогаш повредите и заморот на играчите ќе не искинат како и по обичај, оние статисиките за процентите на повреди се фрапантни, ја стварно не знам до тренингот ли е, до играчите ли е, до што ли е, иако и преѓа искоментирав, Фабрегас ако се повреди во Челзи повеќе од една недела еве де, во Арсенал да се вратеше обавезно ќе имаше едно поголемо отсуство од неколку месеци.