Благодарам за ова гледам со искуство си, онака грубо колку би ме дереле евн месечно кога би бил просечно дисциплиниран
Неможам да најдам термор 1.5 вртев сега тел, најдов атлантик за 4500. Некое инфо каде би можело да има на залиха гледам ги нема ни во техномаркет ни во сет.
По мене .......... ги имам со години Атантикот и нема гајле (во смисол на расипување) би ти рекол да не го бараш Термор. Термор купив од немај-каде, немаше од 1кв на Атлантик. И тоа е цената, плус//минус 200 ден.
Е сега, околу математиката, ... Хммммммм треба да правам на памет или да го го споделам искуството (а пишано пред 100-тина страници).
Ај прво со искуството, ...... стан од 50м2 греен со две плочи (една од 1кв, друга од 1,2кв) во најладното макс ми беше 7000. Али рачунај, температура за по гаѓи да седиш (за бебе 24+ степени). Тоа е МАКС. Инаку, еве лани со сите трошоци (пар без бебе) не помина од 3000 ден. Ова сите трошоци значи со бојлер, машина за перење, пеглање, ....... ме разбираш нели?
А ако идеме со математика, .......... отприлика панелот работи околу 20 мин во 1час. Потоа, дома си макс 8часа. тоа значи дека цирка 3часа би работел панелот кога си дома. Исто е и кога не си дома или спиеш, пак е околу 20мин на 1час (иако е помалку, али не сум броел па за математикава ќе земам поголема вредност). па за 16часа би било околу 5часа активно работење.
Потоа, во нормално услови на режим месечина би било кога е ефтината струја, цел интервал (22ч-06ч)
Првиот дел: 3часа, тоа се 3кв помножено со 5,59ден, би било скоро 17ден. Потоа, од тие 16часа, 8ч ти се на скапа, 8ч ти се на ефтина. Скапите 8ч се веќе израчунати (17ден) а ефтините ќе биде 3кв со 2,8 ќе биде скоро 9ден. Значи вкупно во денот без ддв би бил помалку од 45ден. Ова СЕ' заокружувам на поголемата цифра.
И тие 45ден ќе ги помножиш со бројот на денови, пример 30 ќе добиеш 1350 ден само за греење во еден месец. На ова 18%ДДВ, 1600
Еве сега гледам дека мала грешка сум направил, сум рачунал со панел од 1КВ, а ти сакаш од 1,5...... направи ти понатаму корекција, ......... но ова е премногу ..... нема шанси да биде!!!