Еве јас ќе ти кажам како.... но немој никако по тоа да заклучиш дека конвекторите се економични, туку дека се само обични греалки и ништо повеќе изрекламирани и префорсирани!
Ноќе честопати патам од инсомнија... несоница нели! Некој брои овци некој пари... а јас како ги немам ниту едните ниту другите... го имам мобилниот при рака нели да ме буди утредента.... а на него има стоперица. Како сум зимурлив, а несакам да фрлам два јоргана врз мене, јас и ноќе загревам до некои 19-20 Степени (преку ден 21-23)... за таа цел панелниот конвектор од брендот Thermor го вклучувам на 4-ка. И да се вратам на штоперицата од мобилниот... таму кај 1-2 по полноќ ко ќе се разбудам (или легнам), тоа ми е занимација (и броење овци) ја вклучувам кога ќе го слушнам она *цк* од термостатот на Терморот... мерам 2 мин и 20-30 сек и пак *цк* се исклучува..... трае и трае... е не трае многу!

кога е надворешната температура е ниска -7-8 во исклуцена фаза трае 7 минути и дваесетина сек... кога надворесната температура е околу нула или мал плус циклусот е 15 минути (2мин и 10-20 сек вклучено)... (13-13,5 мин исклучено)
Значи во првиот сл. вкупно 10 минути циклус! (2,5 вклуч:7,5 исклуч) Па лесно е да се пресмета колку? 6 циклуси во еден час Х 2,5 мин = 15 мин. Х 6 часа (спиењето) 90 минути 1,5 часа Х 2kW/h (колку што троши Терморот) = 3Kw во една ноќ! Преку ден не сум мерел ниту имам живци, ниту сакам да се нервирам... на 5 ка или 5,5ка Thermor-от и јако пичи! Тоа е ми се чини дека ми е добра математикава?
Инаку живеам во зграда, но на приземје, со просечни изолација и столарија....
Сума сумарум скапо е греењето со панел, се разбира многу поевтино со клима или уште подобро со инвертер кои имаат COP фактори и до 5!