Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Edge of Tomorrow - онака, ОК. Дека е подобар од Oblivion, е, ама дека е до толку добар, @Io Sono Interista , sorry, ама не е. Мене не ми направи толкав мерак како тебе. Морам да признаам дека и @wot претера со остриот напад и можеби оценката (2/5, ако не се лажам, што е еквивалентно на 4/10, наспроти осмицата на Io), ама сосема е во право за ефектите и изгледот на вонземјаните. Башка, скоро гледав многу слични вонземјани на овие, барем налик на нив во движењата, во The Darkest Hour, каде што дури и уште пострашно делуваа. Акцијата, нарацијата, сетот = се тоа е ОК, ама не видов ништо што не го бев видел претходно, а особено нешто што не го бев видел претходно во филм на Том Круз. Да не бидам и јас преостар во оценувањето, иако можеби заслужува една солидна 5ка, му давам 6че само оти ме начека расположен. :P
 
Oblivion = HAL2000 + неговите роботи/дронови шо неможат да ја погодат целта цел филм.
Come on guys.
 
Е добро, ај да ве видам: листа на топ 10 вонземјани во филм, според вас?
 
Инаку edge of tomorrow океј приказнава ајде помина некако блокбастерски ама тие алиените беа премногу сентинелски (Matrix Revolutions ) исто и тие роботските машини што ги носеа беа слични. Во секој случај малку конфузен крај на филм што е блокбастер ама некако дури и очекувано после сите inception/oblivion kinda movies
 
Е добро, ај да ве видам: листа на топ 10 вонземјани во филм, според вас?

Не знам кој ќе бидат останатите 9, али на прво место сигурно таа со трите цицки во Total Recall :D
 
Ја ни Едге, па ни Обливион не глем, па ни планирам. Кој сака нека гледа и ако му прават мерак нека си ужива :D не му се мешам.

Тоа што ми недостасува е некоја подлабинска драма, револуционерна што би се рекло, али нема па нема ни да има (барем не во интензитет шо го замислувам и сакам, а можи и претерувам и префорсирам).

Веројатно сега е време кај шо максимално се цеди технологијава дури можи, кај шо секој пронајдок и подобрување се користи дури се можи, и отприлика така некако се насочува кинематографијава кај шо си мерат кој поубо 3-Де створење че напрај.

Ако добро размислам пак од друга страна, омилените ми филмови немаат ни грам технологија (од оваа се разбираме) во нив, ниту некое испревртување на реалносва шо ни е најблиска. Онака чиста камера, насочена на глума и приказна. Не дека некој ме праша, ама ај реков да си кажам, онака да се најме во муабет. :cenzura:
 
Последно уредено:

гледај го delivery man, драма/комедија, чиста камера насочена на глума и приказна, совршенство преточено во филм, одглумено од Винс Вон, perfection. Иначе според мене Винс да ја одигра главната улога во Chef требало, би му стоела совршено и филмот би бил запаметен, а не по 2 месеци сите да го заборават.
 
Инаку edge of tomorrow океј приказнава ајде помина некако блокбастерски ама тие алиените беа премногу сентинелски (Matrix Revolutions ) исто и тие роботските машини што ги носеа беа слични. Во секој случај малку конфузен крај на филм што е блокбастер ама некако дури и очекувано после сите inception/oblivion kinda movies
Па општо за да успее еден филм мора да има јак негативец. У акционите филмови од овој тип најбитен е визуелниот изглед и колкава сила/моќ презентира. Слични беа со машините од Матрикс, ама овдека беа многу попрецизно обработени и имаа повеќе self-aware елементи на еден организам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom