Edge of Tomorrow - онака, ОК. Дека е подобар од Oblivion, е, ама дека е до толку добар,
@Io Sono Interista , sorry, ама не е. Мене не ми направи толкав мерак како тебе. Морам да признаам дека и
@wot претера со остриот напад и можеби оценката (2/5, ако не се лажам, што е еквивалентно на 4/10, наспроти осмицата на Io), ама сосема е во право за ефектите и изгледот на вонземјаните. Башка, скоро гледав многу слични вонземјани на овие, барем налик на нив во движењата, во The Darkest Hour, каде што дури и уште пострашно делуваа. Акцијата, нарацијата, сетот = се тоа е ОК, ама не видов ништо што не го бев видел претходно, а особено нешто што не го бев видел претходно во филм на Том Круз. Да не бидам и јас преостар во оценувањето, иако можеби заслужува една солидна 5ка, му давам 6че само оти ме начека расположен.
