Barclays Premier League - Season 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?


  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
Не е некое оправдание што не дадовме гол, но зошто никој не спомнува дека на две утакмици четири чисти пенали не ни судат па дури и ако ако земеме она со Свонси на крајот тоа се пет.
Кругот се врти.
 
Коментаториве на СпортКлуб сменети се од лани ?
 
Па реално лесен ни е распоредот на стартот, дури на 2 меча земавме поен.
 
Не е некое оправдание што не дадовме гол, но зошто никој не спомнува дека на две утакмици четири чисти пенали не ни судат па дури и ако ако земеме она со Свонси на крајот тоа се пет.
ЛОЛ кои пенали бе ало, не пенали него Господ не го спасува Јунајтед од моменталната мизерија. Погледав 15 минути од мечот, може и помалце беа, на Чемпионшип ниво играа, ако не и пониско. Катастрофа, мизерија, срам, јад, беда...., за еден ваков голем клуб.

Нејќам да се правам паметен ама спомнав уште летоска у фан клуб Јунајтед дека Ван Гал не е правото решение, а и дека не е добар тренер. Секако ова второто е лично мое мислење зашто не можам да го сварам човекот што покажува муда на неговите играчи. (да муда им покажа на играчите на Баерн на тренинг)
Ја би се убил да имам муда како него искрен да бидам.
 
Не е некое оправдание што не дадовме гол, но зошто никој не спомнува дека на две утакмици четири чисти пенали не ни судат па дури и ако ако земеме она со Свонси на крајот тоа се пет.

А кај бевте кога ви даваа пенали за дајвови и чисто за да победите натпревар/титула?
 
Ајде! Да памтиме само! :) На крај на сезона тој шо ќе изгуби прифаќа аватар од победникот и ќе го носе до почетокот на новата сезона. Бива така?:icon_mrgr:

Готово договорено :)
 
Уф секоја чест за фановите на Јунајтед како издржуваат вакви утакмици од кои се крева очен притисок, па уште лани и цела сезона. :cuc:

Не знам зошто толку хејт за Јанг (освен дајвањето океј) коа барем прави продори, дрибла, центрира. За разлика од Валенсија. Абе ЕДЕН ЕБАН ЦЕНТАРШУТ НЕ НАПРАВИ. Ако приметивте секогаш идеше „на пуна“ да центрира и го гаѓаше играчот пред него, лол!

Според мене, Мата е најнепотребниот играч кој Јунајтед го купил, можеби и во историјата. Наместо да направат Се што е во нивна сила и да земат еден од Модриќ, Крос или Цеск (ги споменувам нив пошто за нив имаа огромни шанси) и со тоа да го заменат Сколс долгорочно, купуваат класична десетка.

Особено па ваква ко Мата, кој воопшто не работи во дефанзива и во овој систем со два шпица автоматски Јунајтед во дефанзива има тројца кои не вршат постојан пресинг. Тоа му беше мал проблем на Ван Гал и со Снајдер на СП, ама таму го имаше Робен кој покираше десно на крило па десниот бек влагаше у средина. Исто и фо ованзива, Мата е премногу напред за да почне напад, особено кога нема некој плеј во двојката позади него, ко денеска.

Мој личен заклучок е дека најдобро за Јунајтед би било да се врати на модернизирана 4-4-2, со полушпиц место класична десетка, нешто што Сити прилично успешно бар во ПЛ го игра откако дојде Агуеро. Руни е перфектен човек за таа ролја на полушпиц, десет пати подобро би се снашол него у оваа недефинирана положба сега. Дури и Мата би можел во 4-4-2 да импровизира на лево крило, Ди Марија десно, Јанузај за ротација (најлошо е што сите тројца се леваци).

Во 4-3-3 која нели Ван Гал вели дека ќе ја форсира понатака, нема место за Мата, освен на крило или клупа. А таму не гледам место и за Руни освен на крило, а нели тој се бунел дека не сака да игра таму. Иако 4-3-3 со дмф-Херера-Ди Марија во средина и Руни - РвП - Јанузај напред изгледа прилично добро.

Али не смее да се тргне и проблемов со повреди кој го има Јунајтед, се додека не се стабилизира составот и се скрати на 2-3 макс. повредени играчи, ќе гледаат вакви очобол утакмици.
 
Ne znam dali zaprimetivte vo novata sezona sudiite ne sudat tuku taka lesno penal za igra so raka, osobeno ako e nenamerna, kako denes so Burnley.
 
BwSpWbRIUAAbyYy.png


Еве го Сонг во Вест Хем. :D Добро враќање во Премиер лигата..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom