Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Ова да му го кажуваш на некој што не разбира многу од вино и производи од грозје ќе те разберам.. Ама на човек што е на 1 испит од завршување на енологија на факултет не. Вино ако не го пиеш разладено не го добиваш целиот негов потенцијал. Ослободување на сите ароми, претежно на суво и црвено овошје и добра комбинација на танини кои се најмногу пристуни кај црвените вина и најдобро се чувствуваат на разладено вино. Друго, незнам колку си запознаен ама белите вино во модерниот свет завземаат значајно место. Во последните години Словенија, Германија и останати земјни од Европа прават многу добри бели вина кои се продаваат повеќе и од црвените.
Ќе избегаме ОТ, можда не се разбравте @dzonyb добро, да не помешавме разладено и ладно (од фрижидер)?
Убо викаш овде кај нас надвор в лето е можда и 16-20 степени, тамам да го остајш на тераса шишето за таа температура :cool:
Ама за беливе, дали е ок да го фрлиш во фрижидер за намалување температура или поубо во визба?

винофестивалите се случуват на крајот на септември и почетокот на октомври кога се бере виното. И тоа се периоиди кога во Охрид не се случува ништо а суште има Холандски претежно пстари туристи на кои вакви фестивали впрочем и најмногу ги интересира. Така да некоја барем малку да размислил ќе го поместил фестивалот за септември и ќе се обидел да покани повеќе винарии
Со овај дел целосно се согласувам.
З Точно е дека белото вино е многу популарно во Германија и Словенија но тоа е така токму поради климатските карактеристики кои не дозволуваат производство на квалитетно црвено вино.
A Blaufränkisch (Франковка) и Pinot Noir?
 
Последно уредено:
Значи црвеното вино се пие на температура од 16 до 18 степени но реков и погоре на голо не се пие а најдобро оди со црвени меса и потешка храна. Така да најчесто не одговара да се пие на лето. Точно е дека белото вино е многу популарно во Германија и Словенија но тоа е така токму поради климатските карактеристики кои не дозволуваат производство на квалитетно црвено вино. Така да тие се концентрират на тоа што можат да го прават и не дека се модерни туку неможат. Белите вина во Германија се навистина добри но црвените неличат на ништо и најчесто се многу скапи. Мене еднаш студент по енолошки менаџмет од Германија ми кажа дека да е до него би го забранил производтсвото на црвено вино во Германија зошто му штети на имиџот на белото. Ние сме си ориентирани на црвеното вино и тоа ни е специјалитет кој треба да го понудиме на туристите кои доаѓат од поладните држави. А промоција на црвено вино не се прави во лето и незнам што е тука проблем да се разбере. Плус овој вински фестивал треба да биде ориентиран кон странските туристи, а не за малски дечкурлии кои идат да се напијат евтино вино.
Значи ако си студент на енологија тогаш треба да знаеш некој работи.
Виното не е како пивото за локање туку со виното си одат разни церемонии како амбиент, чаши, надворешна температура, храна и тд. и тд и најчесто за доброто вино не е пресудна цената туку погорните услови. Сите овие аспекти на овој фестивал се утнати.
Зависи. Значи за дегустација и запознавање на карактеристиките на виното, виното во никој случај не треба да се меша со никаква храна. Се мешаат аромите и се добива крива слика во врска со виното. Друго, во Македонија постојат 16 виногорја од кои западните( Охрид, Преспа, Битола, Кичево) најголемиот потенцијал треба да го гледаат во производството на бело вино поради климатските услови. Охридско виногорје има идеални услови за одгледување на Ркацители, Охридско Бело, Совињон, Семијон, па и Траминец. Од црвените голем потенцијал Мерло и Бургундецот Црн. Греша во врска со црвеното вино. Да, правиме инзвонредно црвено вино и треба да се ориентираме кон поквалитетни бели вина, бидејќи иаме потенцијал за него. Шардоне и Темјаника успеваат во тиквешијата иделано а погоре споменатите во поладните виногорја. Вино се пие во текот на целата година, без разлика дали е бело или црвено, незнам ти што неможеш тука да разбереш..
Дека организацијата на фестивалот беше лоша ти кажав, се сложувам, ама за продажба на вино има секаква роба :) Јебига не го разбира виното секој како нас. Има луге поради незнаењето и стандардот неможат и не сакаат да си дозволат поквалитетно вино и одат на евтино, да се напијат, да се начукаат и да си одат. Нашиот стандард македонски не дозволува добра продажба на квалитетно вино па според тоа ќе мора да се прилагодиш на стандардот.[DOUBLEPOST=1408284229][/DOUBLEPOST]
Ќе избегаме ОТ, можда не се разбравте @dzonyb добро, да не помешавме разладено и ладно (од фрижидер)?
Убо викаш овде кај нас надвор в лето е можда и 16-20 степени, тамам да го остајш на тераса шишето за таа температура :cool:
Ама за беливе, дали е ок да го фрлиш во фрижидер за намалување температура или поубо во визба?

Со овај дел целосно се согласувам.

A Blaufränkisch (Франковка) и Pinot Noir?
Нема голема разлика. Не се губи на квалитет на вино. Сум бил на неколку дегустации на Сковин на Тиквеш, на Попов.. Сите го служат разладено во фридижер.
 
Дека организацијата на фестивалот беше лоша ти кажав, се сложувам, ама за продажба на вино има секаква роба :) Јебига не го разбира виното секој како нас. Има луге поради незнаењето и стандардот неможат и не сакаат да си дозволат поквалитетно вино и одат на евтино, да се напијат, да се начукаат и да си одат. Нашиот стандард македонски не дозволува добра продажба на квалитетно вино па според тоа ќе мора да се прилагодиш на стандардот.[DOUBLEPOST=1408284229][/DOUBLEPOST]
Нема голема разлика. Не се губи на квалитет на вино. Сум бил на неколку дегустации на Сковин на Тиквеш, на Попов.. Сите го служат разладено во фридижер.

OK се сложивме горе доле околу виното. А исто и околу организацијата. Значи ќе повторам споре мене ваков фестивал треба да се прави во Охрид но треба да се удри на квалитет на фестивалот а не на квантитет. Прво и основно останувам на тоа дека крај на септември и почеток на октомври е најдобар период. Прво температурите, второ сезоната на гроздобер и третото во тој период најчесто има најголемо движение на постарите туристи, а тие се и целна група на вакви фестивали. Апсурдно е да се очекува од тинејџери да се разбират во вина. Точно е и тоа дека културата на пиење на вино во Македонија се уште не е на потребното ниво и покрај тоа што сме исклучително винарска држава. Но тоа е најмногу поради слабата презентација и промовирање на истата. Сепак и во Македонија има доволно луѓе кои знаат да уживат во виното и имат можности да платат за истото. Така да кога во Охрид ќе спласне сезоната Охрид може да ги отврои вратите за малку полуксузниот, покласичен и поелитен туризам. Охрид има неверојатни локации за ваков фестивал, кој во комбинација со класична музика може да биде магнет за тој вид на клиентела во месеците во кои ништо не се случува. Во овој период со или без тој панаѓур што го нарекоја виснки фестивал во Охрид си има туристи од кој НИТУ ЕДЕН ама ниту ЕДЕН не би дошол поради вински фестивал , туку поради капење и седење на плажа.
 
Се сложувам со поголемиот дел од постот. Не викам дека Септември или Октомври не би било добро, меѓутим сакав да ти кажам дека виното се пие преку цела година не само налето или назима.. Дека може да се направи прекрсен фестивал може, дури и се правеше муабет со институтот за лозарство во Скопје во Охрид да се организира една добра дегустација некаде во септември.
 
Пошо се замуабетивте за вино да ве прашам кое вино што се продава во Охрид по маалски продавници и маркети би го препорачале како добро ?
Пошо не пијам многу алкохол.:)
 
Пошо се замуабетивте за вино да ве прашам кое вино што се продава во Охрид по маалски продавници и маркети би го препорачале како добро ?
Пошо не пијам многу алкохол.:)
Не наведе што сакаш. Бело, црвено, суво, полусуво,слатко, до колку пари..:)
 
Не наведе што сакаш. Бело, црвено, суво, полусуво,слатко, до колку пари..:)
Јас освен црвено и бело незнам друго:icon_mrgr::нинџ:
Пошо незнам ни како се движат цените ево нека биде околку 200-300 денари.
 
Јас освен црвено и бело незнам друго:icon_mrgr::нинџ:
Пошо незнам ни како се движат цените ево нека биде околку 200-300 денари.

Најдобро вино според мене за луѓе кои сакат чат пат да се напијат црвено вино е Тга за Југ, а за бело вино ако го мешаш со вода (шприцер) тогаш со смедеревка немаш промашај.
Еве Охриѓани нека кажат ако има некоја локална винарија па да препорачат нешто.
 
Јас освен црвено и бело незнам друго:icon_mrgr::нинџ:
Пошо незнам ни како се движат цените ево нека биде околку 200-300 денари.
Да, за тие пари Т'га ти е веројатно најдобро решение. Класик линијата на Тиквеш е исто добра за 150-160 ден. На Попова кула винцата исто не се лоши. Немој во никој случај виното да го мешаш со било што друго(вода, сок..), освен можеби со Смедеревка итоа само на Тиквеш( едино таа вреди) да го мешаш со Кисела вода ама и тоа некако не.:D
 
Волци на Галичица имат ?
сакам да се искачам на крајов од месецов па ме интересираше ова :)
 
Волци на Галичица имат ?
сакам да се искачам на крајов од месецов па ме интересираше ова :)

Волци мојш да начекаш и славија на плажа по контињери, не пак Галичица. Само убо шо не се шетет во групи па да те нападнет.
Имаме многу дивеч по планинава, почнувајки од зајци, диви свињи и срни па се до лисици, волци и мечки.
Живеам Коњско, волк пред кола ми е излезен 2-3 пати кај тунелон, изгледа е истиот и тука негде се движит нон стоп, а лисица секоја вечер ми идат в двор и ми јајт од муренкине :). А за страв ич да не ти е искачисе на галичица јас ти гарантирам за животот :).
 
Мене ми беше то дан не се вратам жив дома:)
 
Мене ми беше то дан не се вратам жив дома:)
Верви ме се плашит поќе од тебе, освен ако не е во група со други волци, а до сеа не сум слушнал на наша страна да се шетет во групи така да уживај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom