Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Вака ќе изгледа новиот грб на општина Охрид
Вести | Охрид | 16.08.2014 17:35Посети : 673
Како резултат на препораките и стандардите на УНЕСКО и во согласност со „Програмата за Меѓународна соработка за 2014 година'', Охридската локална самоуправа ќе изврши промена на грбот на општината. Новиот грб, кој е во согласност со сите хералдички стандарди го изготви ,,Македонското хералдичко здружение’’.

nov_grb__1.jpg

Откако ќе биде завршена целосната постапка околу промената на грбот истиот во три различни варијанти ќе го употребува општинската администрација, Советот на општината и Градоначалникот на општина Охрид.

Според хералдичарите промената на главниот симбол на Охрид е сосема оправдана, бидејќи сегашниот грб не е во согласност со хералдичките правила и противзаконски го користи логото на УНЕСКО.

GRB_VNATRE.jpg

-Употребата на логото на Светското наследство е сосема неприфатливо и противзаконски. Визуелно, според соодносот на елементите, Охрид за симбол на градот го користи знакот на Светското наследство при што има извршено минимална интервенција врз неговата форма, со додавање на стариот грб, изјави за OhridNews Јован Јоновски, претседател на ,,Македонското хералдичко здружение’’ во декември минатата година.

Тој тогаш потенцираше дека стариот грб во форма на штит кој се користел пред 90-тите години има огромен потенцијал да прерасне во едно одлично хералдичко решение.

GRB_VNATRE_MALA_1_1.jpg

-Имено, сите елементи, тврдината, бротчето, езерото и нивниот заемен однос можат да се опишат на хералдички јазик. Недостасува само дефинирање на полето и на елементите и на нивните бои. Текстот „Охрид“, мора да се отстрани, бидејќи е недозволив во Хералдиката. Дополнително, употребените елементи на грбот ги задоволуваат сите симболички побарувања поставени пред нив, објасни во истата прилика Јоновски.

Стариот грб на градот Охрид е еден од најстарите месни грбови во Република Македонија. Потекнува од 1950-тите години, а од него постар е само грбот на град Скопје, кој е создаден во 1933 година. Овие два симбола се единствените општински македонски грбови кои се регистрирани во Регистарот на локални знаци во Обединетите Нации во 1967 година. Во почетокот на деведесетите години на минатиот век е извршена интервенција на грбот на Охрид со додавање на логото на организацијата на Светско Наследство при УНЕСКО.
http://www.ohridnews.com/vesti/73798[DOUBLEPOST=1408219995][/DOUBLEPOST]И уште нешто. Кејот ќе го менува името. Замислете 24 години му требаше на некој да собере храброст да го направи овој логичен чекор.

Кејот „Маршал Тито“ во Охрид ќе се преименува во „Македонија“
  • share1.png
од Мики Трајковски, НОВА | објавено на: 16-08-2014 21:53:15

Наместо Кеј Маршал Тито, Кеј Македонија.Ова ќе биде новото име на градскиот кеј во Охрид, кој повеќе од 30 години го носи името на Јосип Броз Тито.Советот на Општина Охрид на наредната седница закажана за 22 август треба да донесат одлука за оваа промена. Предлог одлуката предвидува утврдување на листа на определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Охрид.
 
Место стадионот да го прекрстат во Атина Бојаџи, можеше кејот.Ама толку им сечит.Сега нека се викат кејон Данчо Целески.

Методи Патчев, Спас Банџов, Христо Узунов, Петар Пирузе, Димитар Влахов, Петар Чаулев, Благојче Крстаноски...
 
Македонија ќе се викал кејон.. Иначе не дремите дома требаше да ојте винце охридско да пробате кај чинарон :D
 
Идеално име за кејон би било Митко Џачка, мене ак ме најдовте!
:icon_mrgr:
 
Македонија ќе се викал кејон.. Иначе не дремите дома требаше да ојте винце охридско да пробате кај чинарон :D

Фестивал на виното во сред лето , на 40 степени па уште и сирење на отворено. Дефинитивно Охрид е уникатен.
Факт, оние што себеси се претставуваат како експерти од областа на туризмот слободно може да се занимават со друга професија а универзитетот за туризам во Охрид може да се затвори. Зошто досега не излегол ниту еден квалитетен кадар кој ќе се занимава со практични проблеми. Затоа наместо туристички експерти најчесто добиваме туристички филозофи.
Уште кога незнаат дека вински фестивали секаде во светот се организираат во поладните периоди од годината , затоа што на 40 степени црвено вино не се пие а не му е ни сезона. Згоре на тоа ги бутаа сите манифестации во еден месец и на крај се собираат „паметните глави„ и се прашуваат „зошто сезоната траела само еден месец„. И со децении неможат да најдат одговор на прашањето.
 
Хех. Црвено вино се служи разладено, на температура од 16-18 степени и се пие во текот на целата година. Ако веќе толку ти пречи црвено вино, напиј се бело, кое е со повеќе киселини за разлика од црвеното и е поосвежително. Охрид жешко налето. Ако веќе за тоа се фатиме, температурата навечер во Охрид е околу 20 степени, може и пониска. А за тоа за факултетот и експерти за факултетот дека не чинат, се сложувам.
 
Последниот пат овај фестивал небеше во есен ?
 
Абе не е само да организираш нешо и ајде напрајвме некаков настан.
Дури 3 (ТРИ) винарии - од кои Попова Кула и Стоби се посебна лига, па сите беа опнати кај Винарија Охрид з‘ш имаа точено вино, сигурно доста поефтино од нив.
И оние натписине горе на обичен лист А4, па негде згрешиле име па допишвеле со маркери :icon_mrgr:
Па земи на трошок на општина напрај му ги натписите (луѓе пуштете ни лого или име од фирмата по меил или како било да ги испечатиме на наш трошок).
А Хасап стандард?Листерија?:cool:
 
Дека беше слаба организација беше. Имаа точено вино и Попова Кула, 20 денари чаша ама некако слабо им одеше. Винарија Охрид беше 10. Беа продадени над 1000 само чаши вчера :D
 
Хех. Црвено вино се служи разладено, на температура од 16-18 степени и се пие во текот на целата година. Ако веќе толку ти пречи црвено вино, напиј се бело, кое е со повеќе киселини за разлика од црвеното и е поосвежително. Охрид жешко налето. Ако веќе за тоа се фатиме, температурата навечер во Охрид е околу 20 степени, може и пониска. А за тоа за факултетот и експерти за факултетот дека не чинат, се сложувам.

Тој што пие разладено црвено вини веројатно никогаш не пиел вино. Значи Македонија е пред се земја на црвеното вино а црвеното вино е кралска класа во споредба со розето и белото вино. Така да она што ние можеме и треба да го покажеме е промоцијата на црвеното вино. А како што е познато црвеното вино оди пред се со потешка храна која во летните периоди се избегнува. Затоа во цел свет (со некоја мали исклучоци на организација во пролетните денови) винофестивалите се случуват на крајот на септември и почетокот на октомври кога се бере виното. И тоа се периоиди кога во Охрид не се случува ништо а суште има Холандски претежно пстари туристи на кои вакви фестивали впрочем и најмногу ги интересира. Така да некоја барем малку да размислил ќе го поместил фестивалот за септември и ќе се обидел да покани повеќе винарии и производители на храна. Да заклучам секој фестивал си има сезона на сила убавина небива.
А за сирењето на отворено на 40 степени несакам ни муабет да права.
 
Тој што пие разладено црвено вини веројатно никогаш не пиел вино. Значи Македонија е пред се земја на црвеното вино а црвеното вино е кралска класа во споредба со розето и белото вино. Така да она што ние можеме и треба да го покажеме е промоцијата на црвеното вино. А како што е познато црвеното вино оди пред се со потешка храна која во летните периоди се избегнува. Затоа во цел свет (со некоја мали исклучоци на организација во пролетните денови) винофестивалите се случуват на крајот на септември и почетокот на октомври кога се бере виното. И тоа се периоиди кога во Охрид не се случува ништо а суште има Холандски претежно пстари туристи на кои вакви фестивали впрочем и најмногу ги интересира. Така да некоја барем малку да размислил ќе го поместил фестивалот за септември и ќе се обидел да покани повеќе винарии и производители на храна.
Ова да му го кажуваш на некој што не разбира многу од вино и производи од грозје ќе те разберам.. Ама на човек што е на 1 испит од завршување на енологија на факултет не. Вино ако не го пиеш разладено не го добиваш целиот негов потенцијал. Ослободување на сите ароми, претежно на суво и црвено овошје и добра комбинација на танини кои се најмногу пристуни кај црвените вина и најдобро се чувствуваат на разладено вино. Друго, незнам колку си запознаен ама белите вино во модерниот свет завземаат значајно место. Во последните години Словенија, Германија и останати земјни од Европа прават многу добри бели вина кои се продаваат повеќе и од црвените.
 
Значи црвеното вино се пие на температура од 16 до 18 степени но реков и погоре на голо не се пие а најдобро оди со црвени меса и потешка храна. Така да најчесто не одговара да се пие на лето. Точно е дека белото вино е многу популарно во Германија и Словенија но тоа е така токму поради климатските карактеристики кои не дозволуваат производство на квалитетно црвено вино. Така да тие се концентрират на тоа што можат да го прават и не дека се модерни туку неможат. Белите вина во Германија се навистина добри но црвените неличат на ништо и најчесто се многу скапи. Мене еднаш студент по енолошки менаџмет од Германија ми кажа дека да е до него би го забранил производтсвото на црвено вино во Германија зошто му штети на имиџот на белото. Ние сме си ориентирани на црвеното вино и тоа ни е специјалитет кој треба да го понудиме на туристите кои доаѓат од поладните држави. А промоција на црвено вино не се прави во лето и незнам што е тука проблем да се разбере. Плус овој вински фестивал треба да биде ориентиран кон странските туристи, а не за малски дечкурлии кои идат да се напијат евтино вино.
Значи ако си студент на енологија тогаш треба да знаеш некој работи.
Виното не е како пивото за локање туку со виното си одат разни церемонии како амбиент, чаши, надворешна температура, храна и тд. и тд и најчесто за доброто вино не е пресудна цената туку погорните услови. Сите овие аспекти на овој фестивал се утнати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom