Не постои застрен филм, ниту застарена музика, пошто и двете треба да се поврзуваат со уметност, а уметноста е безвременска
Се се тоа фази низ кои поминува човек, и мигови. Еве јас во последно малку повеќе завлегов во онаа Чешка кинематографија од 70-ти, 80-ти, така да кога симнав неколку од најновиве филмови, од оние убаво нашминканите, имав мачнина да ги догледам, затоа што не гледав задоволство во визуелната естетика со 500 ефекти и мирудии, туку уште бев во потрага по добар дијалог, интересни мисли, несекојдневна тематика и по некој мајдфак кој очекував да ме здрви од нигде никаде. Дури и едвај сум ги догледал
Шо значи, исто како и музиката. Имаш периоди кога сакаш да слушаш Doors, имаше периоди кога сакаш да слушаш некој 2014-та албум од рандом алтернативен бенд, имаш периоди кога сакаш да слушаш Џони Кеш и така натака. Али не е убо да исплукаш во стилот во 60-ти бендовите свиреле со поедноставни инструменти/педали/дилејој/ефекти, а сега има не знам си какви појачала, сајзери курци палци, па не треба да ги слушаш тие застарените. Едноставно не поминува таквата споредба.
