]
Србија кога виде дека не може да се врати на Косово , се обиде да го подели, пак неуспешно.
Требаше да се случи размена на територии, северот на Косово за Прешевска долина.
Не им одговара таа поделба на Србите.Ги сакаа и Прешево и северот на Косово,кога тоа не успеа ја земаа другата најдобра опција.
]
Северно Косово географски е непријатен терен, тешко да се развие во нешто поголемо.
Од друга страна "енклавите" опколени се со албанци, доста витални и побогати.
Енклавите се капки во средината на албанско море. А и не знам баш која енклава освен Грачаница вреди нешто.
Северот е тежок терен и не верувам дека таму накај Лепосавич, Лешак и сл. местата нешто многу можат да просперираат и понатаму,ама тие места што гравитираат накај Митровица можат и те како да се развијат.
Северна Митровица и местата во радиус од некои 10тина километри имаат преку 30.000 Срби. Ако успеат да ги задржат таму со некоја финансиска помош од Србија долгорочно можеби можат да станат некоја закана.
Кој знае што ќе биде за 50-100 години. Вака сеуште имаат некоја задршка на Косово,па макар било тоа само со врвот на прстите.Можеби утре ќе испадне Албанците да си ја чукаат главата од ѕид зашто не го пуштиле северот да си оди.
Ама за сето тоа да се случи треба да постои и јака Србија.Затоа викам нека гледаат ова што го имаат да го развијат и ојачаат бидејќи само така можат да им помогнат на Србите надвор и во иднина можеби и малце да ја прошират.
Од кажување бајки и чукање во гради нема ништо.
]
Србите ја имаат можноста да делуваат на Косово политички, пошто имаат загарантирани пратенички места , можат да уценат за нивните интереси, особено ако се заостри политичката борба меѓу албанците.
Веќе го увидоа тоа и затоа сега српските власти се обидуваат да ги натераат Србите на Косово да соработуваат со косовските власти.
]
Но нели превише уценувања: Во БиХ бараат поделба , на Косово исто , во Црна Гора го провоцираат црногорскиот национализам, внатре во Србија не ги фермаат малцинствата, во Хрватска со кирилицата...
Напротив,мислам дека Србија моментално игра најпаметно,па можеби од кога се имаат ослободено од Турците.
Во Хрватска навистина испаднаа фраери.....тоа е внатрешен проблем на Хрватска и воопшто не се мешаа,него само дадоа изјава во стилот што к пишувате таков устав кога не можете (или не сакате) да го испочитувате.Никаков притисок,ниту буцкања. И навистина се во право.....Хрватска по уставот воведува двојазичност таму каде што малцинското население има најмалку третина од популацијата,ако тоа го побара (а може и со помал удел да се добие ако тоа го одобри мнозинството како што е случајот во многу места со Италијанте,Чесите, Унгарците итн.).
И не е проблемот од српската страна,вуковарските Срби си го бараат тоа што хрватската држава им го има дадено.Да си побараш тоа што ти следува не е уцена.
Во БиХ исто не мешаат многу прсти иако го можат тоа.Оставен е Додик да прави што сака таму,моментално они не го котролираат.Оставена и е овсласта за буцкање на Бања Лука,а Белград си останува со чисти раце.
Арно ама знаат дека не мора да се мешаат нешто многу. Знаат дека Србите таму секако гинат за Србија и не мора да ја купуваат нивната лојалност.Исто така Србите се целосно осигурани со фактот дека имаат свој ентитет,па не мора ниту многу да се загрижени за нивната безбедност.Додик буцка и лае без да се консултира со Белград за тоа. Дури на многу начини Додик е поблизок со рецимо Загреб него со Белград моментално,но на крајот се знае каде лежи нивната права лојалност.
Е за во Црна Гора не знам многу многу како стојат работите,но знам дека Србите им се многу напиздени ради признавањето на Косово. Потег што навистина е некоректен од нивна страна,не ради нешто друго него поради фактот што решија да целосно да го изигнорираат и да постапат против вољата на најголемото малцинство во земјата кое има удел од 28%.
Македонија го призна Косово ради 25% Албанци. БиХ ради Србите таму не го призна Косово додека Црногорците го направија тоа иако не мораа.
]
Србите се покварија, јас не ги гледам како голема опасност за албанците, некако заостануваат и они.
Моментално не се затоа што мора да пројдат низ некоја катарза и спуштање на земја,но потенцијлано се голема закана. Само гледајќи сателитски снимки од Србија лесно се воочува нејзиниот голем потенцијал,а како идеш да ги гледаш работите подлабоко гледаш дека тој е уште поголем.