Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Да беше Охрид така како шо го замислувате, 90% немаше да можите еден ден да си дозволите.
Барате елитен туризам, наспроти немање основна туристичка култура.
Најреално е Охрид да се споредува со Скопје.
Разлики скоро и да нема.
Исто е се.
Само шо Скопје е далеку поголемо и имаш поголем избор. Толку.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961

И шо немат Езеро.. друго е све исто .
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.743
Поени од реакции
758
Интересна забелешка. Освен за влез во објекти на културата (цркви и слично), дали си го забележал ова на друго место?

Во поглед на наведената дистинкција, се согласувам со разликата во цената. Македонците плаќаат даноци од кои се одржуваат тие објекти. Ме интересира дали експлицитно постои на друго место. Доколку не е експлицитно, таква дискриминација кон странци постои насекаде - едноставен пример се таксисти кои работат без вклучен таксиметар, или односот кон англичаните на брегот на Црното Море. Второво може и да е експлицитно. Прочепкај малку за "tourist traps" каде било и ќе ти стане јасно.
Тука станува збор за официјална политика со поголеми трошоци за странци. Ако на некој Англичанец му зеле повеќе пари за што и да било е прекршување на законот во Бугарија - нелегално е. Исклучок можат да прават само случаите во кои дел од надоместокот е субвенциониран од државата, каков што е примерот со обуката во универзитетите. Во секоја земја музеи и т.е. се на државна издршка - зошто тогаш нема различни патарини за домашните и странците? Различни такси се карактеристични за комунистичките држави. Во Русија пример сеуште се користи оваа практика, а таму е сеуште комунизам на практика.
 
Член од
30 декември 2012
Мислења
173
Поени од реакции
331
Кај Паткана (и уш 2-3 кафичи/клубој/шо и да се) е изгор Скопско 110ден. и мислам дека то е најскапата цена во светов шо ја (не)заслужвит едно Скопско Пиво (исто и пелинковац, коњак, вотка... и стварно немат смисла и се сложвам со то). То е претерана цена шо ради таја цена некој 100тина души ќе го серат Охрид дека е многу скап, скапо ми е и мене ко Охриѓанец ама јас та цена ќе ја плаќам и на зима и на лето и незнам како не го разбирет то некој тиквари шо дошле една недела Охрид со 50евра и сакет да се прает мангупи по сите локали и да бркет србинки. Ако си гладен неморат да седниш во ресторан или во пицерија па после да се жалиш дека била скапа пицата 250ден и не чинела услугата зш кај вас во родното место била 150ден и вака и така е и ова имат кај нас и она... Имат лесковачки скари на секој 10 метри нарачај си шарска уживај и наздравје. Имат смештај за 300ден 15 мин. од центар и то е разумна цена и мислам дека 15 мин не се многу пешачење, зш ко ќе си во Скопје ојш пешадија и по 30мин. зш не ти се давет 25ден за автобус. На плажа се ојт за да се капиш и сончаш а не да пиеш кафиња и пива зш се поскапи (замисли плус 10ден. се поскапи) за сите не само за туристи, немат посебна цена за Охриѓани. Ак не ви чинит како стојат работиве не идајте, а ак дојте одвикнете се од глупата навика да кењате за Охрид после секој поминат одмор тука зш и другото лето пак ќе дојте.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
На плажа се ојт за да се капиш и сончаш а не да пиеш кафиња и пива зш се поскапи (замисли плус 10ден. се поскапи) за сите не само за туристи, немат посебна цена за Охриѓани. Ак не ви чинит како стојат работиве не идајте, а ак дојте одвикнете се од глупата навика да кењате за Охрид после секој поминат одмор тука зш и другото лето пак ќе дојте.
Све океј, само за кај Паткана да те поправам, некогаш и до келнерите е. Ако од претходно не им ја знајш цената на пијачките, знаат да ти накачат 10-20 денари плус.
Нарачувам рум бадел шо знам дека е 90, ми ида келнеркава ми го наплаќа 110 или 120 не се сеќавам ко Кептан Морган. И и реков, па уште ми се извина се збунала.
Океј јасно е. Не е само кај Патката, туку и во сите локали и не е само во Охрид. Тоа треба газдите да си го средат, во некои локали е, во некои каде шо е калакурница партали ги прават турисите.

А, за цитираново не се согласувам. Ова со плаживе секоја граница ја претера. Не можи човек секој ден да оди до Љубаништа или Градиште за на раат да се спружи.
Ко демек ќе регулираа некоја сразмерност да имало и за лежење и за седење, ништо не направија, ми се чини уште појќе маси и лежалки донесоја.
И сепак треба да се припазува на кој све се дава плажа под концесија.
Околу плажите навистина не е во ред и треба да се регулира кој све каков циркус прави од плажите.
Оваа година на Немо демек Пиво Фест. Од еден штанд се точеше пиво, катастрофа. Најинтересниот дел е само на таа тревата тука трештеше музиката, а надолу по тие 3-4 кафичи сосема трето пуштат. И како шлаг на тортата на оваа невидена туристичка атракција дента паркингот се наплаќаше 100 денари.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
03.06.2014
Драга Кајгана,
темава почна да се вжештвит, а летово никако да дојт.

Жими Галичица, најјак ми беше коментарон пред 2-3 страни ко немал типот упаљач, па тргнал ‘да купит‘, а продавачов од џеб неговиот му го продавал :pos: Ко ќе се лажит, бар со усул да се лажит, не сме од Норвешка...
OHD.png
 
Последно уредено:
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.296
Поени од реакции
567
Све океј, само за кај Паткана да те поправам, некогаш и до келнерите е. Ако од претходно не им ја знајш цената на пијачките, знаат да ти накачат 10-20 денари плус.
Нарачувам рум бадел шо знам дека е 90, ми ида келнеркава ми го наплаќа 110 или 120 не се сеќавам ко Кептан Морган. И и реков, па уште ми се извина се збунала.
фискална немаше? или ова и на фискална е така?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Еве за овие работи зборував погоре.

Со словенечки и италијански искуства за развивање кластери во туризмот ќе се подобрува квалитетот на туристичката понуда на Охридскиот и Тиквешкиот регион. Целта е привлекување што поголем број странски туристи не само во топ сезоната, туку и во тек на цела година.
http://denesen.mk/web/?p=269252

С
е водат научно фантастични дискусии, а никој неводи внимани што кога ќе се донесат тие туристи. Кога уште на граница ги дочекува ѓубре, кучиња скитници и немање на тоалети.
Во Охрид исто така потенцијал не виден не викам не. Ама некој основни работи не се средени како паркинзи, тоалети и сите останати ситници кои се споменати овде.
Значи убаво е да се рекламира Македонија и да се носат туристи но мора да се работи и на ситните работи кои се многу важни за комплетирање на туристичката понуда. И што дека Охрид е убав и дека имаме убава храна кога на турист ќе му се одмили кога ќе влезе во некој Тоалет или кога на плажите нема мир од музика и од ѓубре, згора на тоа нема ни каде да си легне а тоа да не биде лежалка.
Заклучок е дека ако овие работи не се средат не е доволно што имаме убава земја со туристички потенцијал. Сепак треба да се знае дека колку и да се прават реклами и стратегии , разни дискусии од кои повеќето докажано немат никаов ефект треба да се внимава туристот кога ќе се врати во матичната земја да шири позитивен глас за Македонија.
А што зоборуват странските туристи кога ќе се врататт дома.
Убава земја, многу убава дури, храната супер, гостопримливиста исто, АМА и тука почнуват ЃУБРЕ, ТОАЛЕТИ, НЕДОВОЛНО ИНФОМАЦИИ, ИНФРАСТРУКТУРА и ушт емилион помали работи како што беа спомнатото МАЛО ПИВО , прегласната МУЗИКА, панаѓурските тезги, некоректноста на таксистите, кајче превозниците, конобарите .......
 
Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
Кај Паткана (и уш 2-3 кафичи/клубој/шо и да се) е изгор Скопско 110ден. и мислам дека то е најскапата цена во светов шо ја (не)заслужвит едно Скопско Пиво (исто и пелинковац, коњак, вотка... и стварно немат смисла и се сложвам со то). То е претерана цена шо ради таја цена некој 100тина души ќе го серат Охрид дека е многу скап, скапо ми е и мене ко Охриѓанец ама јас та цена ќе ја плаќам и на зима и на лето и незнам како не го разбирет то некој тиквари шо дошле една недела Охрид со 50евра и сакет да се прает мангупи по сите локали и да бркет србинки. Ако си гладен неморат да седниш во ресторан или во пицерија па после да се жалиш дека била скапа пицата 250ден и не чинела услугата зш кај вас во родното место била 150ден и вака и така е и ова имат кај нас и она... Имат лесковачки скари на секој 10 метри нарачај си шарска уживај и наздравје. Имат смештај за 300ден 15 мин. од центар и то е разумна цена и мислам дека 15 мин не се многу пешачење, зш ко ќе си во Скопје ојш пешадија и по 30мин. зш не ти се давет 25ден за автобус. На плажа се ојт за да се капиш и сончаш а не да пиеш кафиња и пива зш се поскапи (замисли плус 10ден. се поскапи) за сите не само за туристи, немат посебна цена за Охриѓани. Ак не ви чинит како стојат работиве не идајте, а ак дојте одвикнете се од глупата навика да кењате за Охрид после секој поминат одмор тука зш и другото лето пак ќе дојте.
Болдираново е најголемиот проблем за охриѓани-простотилакот! Што лулка на култура ќе беше со вакви чобани, навистина не ми е јасно. И би одговорила на исто ниво-колку да ме разбере, зашто навистина сум убедена дека било што над ова негово интелектуално дно ќе му биде нуклеарна физика, ама ај... Охрид е арен (старата архитектура, историјата, положбата), охриѓаните му се проблемот и сѐ додека тоа не го сфатат, ќе има негативно мислење за нив. Нив 90% од амбицијата од животот им е исполнета со тоа што се демек-од Охрид. Секоја чест на оние малкумина што како исклучок го потврдуваат правилото...
 
Член од
21 април 2012
Мислења
366
Поени од реакции
186
Оште нешто се сетив да прашам. Има ли идеjа и ако има каква е она стариот град на Охрид да се направи само пешачка зона. Е Бога ми скинаа ми нервите тие коли, едваj се разминуваш. Без разлика какви са водачите на коли -македонци, бугари, срби, много са и пречат. Не е ли можно да се спореди некаде во близина паркинг и стариот град да биде само за пешаци. Ке биде много убаво и спокоjно. Сетив се за тоа зошто кога водителот ни запре пред каштата музеj на Робевци колите не спреа да минувај, виу на ваму виу на таму, чеха да ни згазат, едваj имаше место за разминуванjе, зошто бевме голема група.
И само за влизане да имат право полициjа, амбуланта, пожарна.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Тоа е одлична идеја и многу корисна, за жал не знам како би реагирале жителите што живеат во стариот дел.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
мене ми даваат фискална ... на фискална Кока Кола е 100 ден.
Во ред тоа, ама со пијачки наливни ти кажвам шо дубари прават келнерите.
Бадел и Кептан Морган не е исто, таа го пиши ко Бадел, а ти го наплаќа ко Кептан Морган.
Исто и со вотката, вигор вотка, ја имаат наплаќано ко смирноф. Не знам дали се прават паметни дека не мојме да приметиме шо е смирноф шо е вигор, ама безвезна работа е.
Сепак такви глупости и Скопје ми се имаат дешавано, така да тука не е толку до градот, колку шо е до персоналот шо работи.

А, за Кока-Кола шо е 100 денари, не ми менува многу искрено. И Скопје се по толку по кафичиве пијачките чак и поскапи, па никому ништо.
Не очекувајте дека сте Делчево и ќе пијате сокче за 30 денари,аман!
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
Наместо да стимулираа развој, продолжија во Аце Петрески стил...И после поскапеле пијачките, криви угостителите.

Угостители: Зошто општината наплаќа дневна такса за опрема поставена на приватен имот и за што ќе се трошат тие пари?
Вести | Охрид | 10.06.2014 23:04Посети : 147
Дел од охридските угостители се незадоволни од воведувањето на дополнителна давачка за поставување урбана опрема, која, како што велат ќе го оптовари нивниот тенок буџет и ќе ги поремети подготовките за главната туристичка сезона. За нив крајно дискутабилна е наплатата на дневна такса за поставена угостителска опрема на отворен простор без оглед дали се работи за јавна површина или приватен имот. Од угостителските објекти каде денеска општинските служби подигаа инвентар заради неподмирени обврски или неусогласеност со планот за поставување урбана опрема, бараат одговор од локалната самоуправа за оправданоста на воведената давачка и намената на тие средства.

Kajgana Shop

На врв Bottom