Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Една идеја за тоа со водата.
Во Лондон дури и во поскапите ресторани и фенси пабови, заедно со пијачката што ќе ја нарачаш секогаш ти носат и шише со вода на маса.
Нека купи газдата на пицеријата 20тина интересни шишиња или бокали и решен проблем.
Од уста ми ги зеде зборовите, истото ќе го велев.
Нема потреба за жалење ако муштериите бараат вода, тоа им е право. Газдата треба да дава барем по едно шише/бокал вода со мраз по маса. Ем задоволни муштерии ем понеоптеретени келнери што ќе можат да обрнат внимание на сите муштерии подеднакво.
 
A

Avenger99

Гостин
Седнал во Момир и мислит ќе јајт за бес пари..Седни во Дел Фуфо или во некој од кафичите на кеј да те видам колку ќе платиш..
 
Член од
21 април 2012
Мислења
366
Поени од реакции
186
Jавно не читате, не ми е за парите ама ич, на одмор сум отишол. Фрустрира ме наj прво дека се обидуват да ме лажат, после ми напишуват во сметка нешто што не сум сакал и т.н. Исто така ме фрустрира размерот на бирата, па неможе да нема големо пиво во ни еден ресторан. Дори и во менуто да го има ресторан го нема. Ке си платам, ама сакам големи, е нема.
Штипjанец не си прав дека размерот е само нивна работа, се пак клиентот требе да има избор, а не само ова имаме и тоа е тоа. Напротив требе да има избор за клиентот. Али македонскиот водител на туристичката група кажа, ова е непишано споразумение на газдите да сервират мали шишина бира за да плакjаш повеке. Каде и да сум бил на одмор во светот има секаков пиалок и избор за туристот, затоа кога е задоволен, ке се врне отново.
Така бизнис и туризам не се прави(мислим jас), ке ме излаже еднаш, али нема да доjдем повеке и до сега 4 луге сум разочарал со моето искуство во Охрид и Македониjа како цело.
И да платив 450 денара за 2 мали скопско и помфрид со соренjе во стариот град(Скопjе) во обично заведение со дрвени маси. На мене ми се струва много за тоа што не е ништо специjално, ако некоj си мисли ова за нормално негова си работа.
Зборим како ja видим ситуациjата како турист, изклjучувам сите мегусосетски односи.
По истион начин македонски турист може да се фрустира от Бугариjаи да нестапи повеке, негово право jе. Тоа не значи дека нема да е истина тоа што кажува, ако бил излажен некаде во Бугариjа, нали....
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.178
Поени од реакции
1.278
Шетавме низ Охрид по чаршијата и едно време ми се здопуши цигара,ама упаљачот(запалката) ми се сјеба и влегов во едно дучанче(нешто како семкара но имаше и други производи внатре) да купам упаљач.Прашувам дали продавват упаљачи,а дечкото што работеше тука ми извади од џебот,користен упаљач(од оние со сијаличе)целиот искршен и без плин и ми вика 20денo_O.
По циганска работа од таа ми се немаше случено во животот.Една таква ситница ме натера да ми се одмили Охрид.Не е за тие 20 ден,туку треба да си човек и да имаш нешто човечно во тебе а не да гледаш на секој можен начин да сјебеш некого.
 
Член од
21 април 2012
Мислења
366
Поени од реакции
186
Сетив се за оште нешто. Нормално ли е според вас да има различни цени - едни за домашни туристи, други за чуждестранци и не е ли ова дискриминациja?
Не треба ли цената за возрастни(adults) да е иста за сите, независно от каде си.
А само за деца и пенционери да се рализкува.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Коа пишувате дека сте незадоволни, пишете на крај од каде доаѓате.
Зашо иам впечаток дека охриѓаниве мислат само скопјани им се жалат, па прават споредби Скопје-Охрид.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.296
Поени од реакции
567
И мене ми смета наплаќањето лежалки по плажите, ама тоа си е одлука на концесионерите, и доколку не е запазен односот од 30:70 си има надлежни институции кои треба да си го средат тоа, пошо ова е проблем кој се влечка со години. Исто и за дивите таксисти, нека си има контрола.

За кока кола од 100 денари не сум слушнала ни видела а сум ги прошетала сите кафичи низ градов.
се согласувам ... поточно со болдираното ... ама тука не е крив градот, туку веројатно некој повисоко не си ја работи работата ... или има жалби за сместувањето, па секое легално место за издавање има табла со ѕвезди ... гледајте каде се сместувате ...

инаку, со сета почит за местото, ама во Дак има Кока кола 100 ден.[DOUBLEPOST=1401708425][/DOUBLEPOST]
Вака ако даваме идеи нема крај. Во Германија водата се купува каква и да е. А во италија ти наплаќат 2 евра од човек за што си седнал на маса и ќе користиш прибор за јадење.
а во Турција (не знам дали секаде) при платен полупансион, при вечера во хотелот водата дополнително ја плаќаш ...
 
Последно уредено:
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Сетив се за оште нешто. Нормално ли е според вас да има различни цени - едни за домашни туристи, други за чуждестранци и не е ли ова дискриминациja?
Не треба ли цената за возрастни(adults) да е иста за сите, независно от каде си.
А само за деца и пенционери да се рализкува.
Според мене не е толку страшно што за домашните туристи некој услуги се со повластени цени затоа што ние плаќаме даноци, а особено локалното население кое можеби почесто ги посетува музеите и црквите . Но во право си повластувањата треба да се решат на некој друг начин а не со директно истакнување на цените за странци и домашни туристи.
Тоа на доста луѓе им смета и уште никој не се потрудил да најде решение.
Знаеш МАРЕК ние имаме еден проблем во менталитетот, а тоа е проблемот со нетрпење на критика и гледање кон критиката од негативен аспект. Според мене тоа ти што го критикуваш јас го гледам како желба да се поправат работите и добра намера со самото тоа што си земаш време да напишеш некој критичен збор. Но проблемот е што 99% од нашите луѓе го имат ставот „АКО НЕ ТИ СЕ ДОПАЃА НЕ ИДИ; ИМА КОЈ ДА ДОЈДЕ„ а ова особено важи за Охрид кој сам по себе е преубав туристички центар и тоа се злоупотребува од дел на туристичките работници.
Немањето на слух за критиките не додедува во состојба да во Охрид скоро ништо не се менува веќе со години дури некој работи одат на полошо читај:
Услуга во Ресторанти и споменатите мали пива
Узурпирањето на плажите и недржењето кон договорите за површината која треба да ја заземат лежалките
Хигиената на плажите и околу нив
Спомнатите ценовници за странци и домашни (пишав погоре подетално)
Неконтролирана урбанизација
Паркинг
Такси
Дозволена бучава
Превозниците со Кајче (дивјаштво не видено, место да се регистрират да се отворат пунктови каде што ќе може како човек да се информираш за цената, времето и рутата по која возат)
И вака можам да редам до утре ситници кои за жал го расипуваат впечатокот за Охрид.
Штета е зошто го имаме она што многумина можат само да сонуват и според мене се работи за еден од најубавите градови во овој дел на Европа и пошироко а паѓаме на работи што можат многу лесно и без никаква инвестиција да се средат.
И затоа многу ми е мизерно кога ги слушам нашите „експерти„ за туризам дали биле професори или разно разни агенции и организации кога ќе излезат пред почетокот на сезоната и кога ќе почнат да филозофират ова требало она требало а на никој не му текнува за овие мали но суштински работи.
 
Член од
21 април 2012
Мислења
366
Поени од реакции
186
Да се надеваме дека со времето сички работи ке бидат ремонтирани така да кажам и ке биде по убаво за туризам во Охрид.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Да се надеваме дека со времето сички работи ке бидат ремонтирани така да кажам и ке биде по убаво за туризам во Охрид.
Ќе биде сигурно но треба време. Еве убав пример е ако виде на темата за Свети Наум како таму е средено. И тоа беше огромна критика, зошто на такво место имаше тезги кој каде и како сака си ги ставаше, имаше ресторани на диво кои ставаа столови каде што сакат, пуштаа турбо фолк музика ,се на де атмосфера што доликува на некој провинцијален панаѓур. Но сега за само неколку месеци овој дел е 100% изменет и среден.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.691
Од уста ми ги зеде зборовите, истото ќе го велев.
Нема потреба за жалење ако муштериите бараат вода, тоа им е право. Газдата треба да дава барем по едно шише/бокал вода со мраз по маса. Ем задоволни муштерии ем понеоптеретени келнери што ќе можат да обрнат внимание на сите муштерии подеднакво.
Егзотик, муабетот ми беше за друга ситуација, каде седнува тајфа на која цехот и е едвај 700 денари за маса од 10 души, и нема осет со водата. Цехот што го прават таквите муштерии со малтретирањето кое ти го задаваат е обратнопропорционално. Од друга страна имаш маса со двајца која направила сметка од 1400. И сега на кого ќе гледаш да му угодиш повеќе? Жалам ако мислите дека сите муштерии се гледаат еднакво, ама овде не станува збор за охриѓани/скопјани, странски/домашни туристи туку секој си го брка профитот . Секако дека секој муштерија ќе биде услужен и нема да биде избркан, ама ако веќе се бара култура од газдата јас мислам дека треба и да се има некаква свест и кај гостите. Поради ова велам дека немаме осет и култура, се очекува да се оди на одмор а да не се потрошат пари, стегнати до немајкаде. Мене би ми било срам да седнам во ресторан и да очекувам сите келнери да се вртат околу мене а сум потрошила 150 денари. Па после Охрид е скап и охриѓани не чинат. Колку пари толку музика. Седнете во Воденица во Скопје, келнерите ќе ве тинтрат, чак и вода ќе добиете, ама една салата ќе ја платите 250 денари, а едни тестенини 400 денари.
Дека има проблеми кои мора да се решат, има. Ама од вакви банални примери каде се бара влакно во јајце косата ми се крева.

И еден едит морам бидејќи сега ги прочитав мислењата над мене. Зошо со години не се најде некоја одговорна испекција за сите проблеми? Убаво рече некој член, некој не си ја врши работата како што треба.
 
Последно уредено:

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Имав прилика да ги посматрам охриѓани на одмор во Турција минатиот септември, чуството бесценото и се надевам дека ќе го применат стекантото искуството,:D за подобар туристички центар во Македонија.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.743
Поени од реакции
758
Сетив се за оште нешто. Нормално ли е според вас да има различни цени - едни за домашни туристи, други за чуждестранци и не е ли ова дискриминациja?
Не треба ли цената за возрастни(adults) да е иста за сите, независно от каде си.
А само за деца и пенционери да се рализкува.
Така беше и во Бугарија за време на комунизмот, а и во првите години на демократијата. Дури се сеќавам и по Црноморието како Македонци се претстават за Бугари, за да им излезе поевтино.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Шетавме низ Охрид по чаршијата и едно време ми се здопуши цигара,ама упаљачот(запалката) ми се сјеба и влегов во едно дучанче(нешто како семкара но имаше и други производи внатре) да купам упаљач.Прашувам дали продавват упаљачи,а дечкото што работеше тука ми извади од џебот,користен упаљач(од оние со сијаличе)целиот искршен и без плин и ми вика 20денo_O.
По циганска работа од таа ми се немаше случено во животот.Една таква ситница ме натера да ми се одмили Охрид.Не е за тие 20 ден,туку треба да си човек и да имаш нешто човечно во тебе а не да гледаш на секој можен начин да сјебеш некого.
Mislis daka samo vo Ohrid se desavaat vakvi raboti?
 

Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Сетив се за оште нешто. Нормално ли е според вас да има различни цени - едни за домашни туристи, други за чуждестранци и не е ли ова дискриминациja?
Не треба ли цената за возрастни(adults) да е иста за сите, независно от каде си.
А само за деца и пенционери да се рализкува.
Интересна забелешка. Освен за влез во објекти на културата (цркви и слично), дали си го забележал ова на друго место?

Во поглед на наведената дистинкција, се согласувам со разликата во цената. Македонците плаќаат даноци од кои се одржуваат тие објекти. Ме интересира дали експлицитно постои на друго место. Доколку не е експлицитно, таква дискриминација кон странци постои насекаде - едноставен пример се таксисти кои работат без вклучен таксиметар, или односот кон англичаните на брегот на Црното Море. Второво може и да е експлицитно. Прочепкај малку за "tourist traps" каде било и ќе ти стане јасно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom