Мене не ми е јасно како тоа само на нашите туристи се нешто им фали, а странците се презадоволни. Не го кажувам ова од рекла казала, туку еве ова ќе ми е 5то лето по ред како работам во угостителство и секојдневно стапувам во контакт со различни туристи. Татко ми е во една од најозогласените групи охриѓани-таксисти. И низ разговор околу тоа кој како се жали,од што е незадоволен, дојдовме до заклучок дека без пари не се оди на одмор! Точка. Јас разбирам дека и ситуацијата во земјата ни е таква што не може секој домашен турист да се опреми со 500 евра и да дојде на одмор во Охрид, ама па не ви се ни Охриѓани криви за секоја ситница. Дека има пропусти,има.И сите се свесни за нив. И мене ми смета наплаќањето лежалки по плажите, ама тоа си е одлука на концесионерите, и доколку не е запазен односот од 30:70 си има надлежни институции кои треба да си го средат тоа, пошо ова е проблем кој се влечка со години. Исто и за дивите таксисти, нека си има контрола. Ама не може некој да оди на одмор во туристичко место и да очекува кока кола од 50 денари и вечера за двајца за 300 денари. Просечна цена на кока кола е 80 денари (значи некаде е 60,некаде е 70, некаде 90 ). За кока кола од 100 денари не сум слушнала ни видела а сум ги прошетала сите кафичи низ градов. Скопско стандард 90. Влез во поголемиот дел од клубовите не се наплаќа. Вечера за двајца во пицерија би ве коштала 600 денари, 300 денари по човек. Поефтино од ова само дома
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.
Што е тоа што смета, услугата? Еве еден пример од гледна страна на келнер. Седнуваат 10 души на јадење, притоа зафаќаат три маси, и делат три пици. И душата ќе ти ја извадат со чаша вода вода вода.И после ќе се пишува по форуми келнерот не ми донесе вода! Па после 20тата чаша ќе ти прекипи! Јас мислам дека треба да се има малце осет и култура најосновно, ако немаат пари за вечера во ресторан нека јадат фаст фуд! И не го кажувам ова иронично или со доза на цинизам, ама ако сум тргнала на одмор и немам 300 да седнам да вечерам како човек, па да ти се плукнам на одморот. Значи испружи ги нозете колку што ти е долго чергичето. Многу од домашните туристи го потценуваат Охрид и од таму вакви неосновани критики.