Нов ден, но раната од вчера сеуште боли. После неприспена ноќ каде цело време ми се вртеа милион прашалници, што ли ќе беше ако Марковиќ погодеше или Милиќ одбранеше? Дали ќе издржеа срцата комитски ако вчера паднеше Флензбург? Зашто кога ние имавме последен напад Раул избрза со тајмаутот? Дали ќе беше подобро Дибиров да ја превземе одговорноста за решавачкиот шут? Прашања што вечно ќе си ги поставуваме
Се што ќе напишам околу играта ќе биде џабе, нема враќање назад, од ова мора да излеземе посилни. Ќе споделам еден момент вчера кога се кршеше резулатот, кога срцево ќе ми препукнеше, кога очиве не веруваа дека го имавме мечот, се вртам насекаде околу мене сите со дланките споени, кој со крст во рацете, кој се крсти, кој со шалот ги покрил очите да не го гледа пеналот на Егерт, сите молевме за Божја помош и среќа за да ја срушиме БТ. Но, ете вчера ја немавме. Само едно ќе кажам фала ти Боже што сум Вардарец што вчера го доживував ова
цели 60 минути. Таква слика имаше само лани со Магдебург сега повторно истата
Фала на сите ракометари кои за една година во ЛШ направија успех, ми донесоа бескрајна радост. Кога ги видов солзите, на младиот Алекс, болниот израз на лицата на Карачиќ, Прибак, Лазаров, Илија, Дибиров и сите други верувам во овие момци дека ќе излезат посилни, ќе знаат да не израдуваат во годините што следуваат, ќе ни вратат со големи победи на неизмерна радост на целото црвено-црно семејство е тогаш небото ќе ни биде граница. Се виде дека тимов има хемија меѓу нив самите и со нас навивачите.
Сега не чекаат тешките битки со Металург, најважната е таа за титулата и верувам дека ќе ја добиеме.
ЕДЕН Е ВАРДАР!!!!!