The Hidden Face (2011) - La cara oculta
Уште пред да почнам, морам да ве предупредам -
не го гледајте трејлерот за филмот и не читајте за него.
Филмот сам по себе е 9/10 - доста солидна глума, комплексни ликови и приказна која ве вовлекува во филмот уште во првите 3 минути. Напнатоста се јавува уште на почеток, и дефинитивно ве држи по завршувањето на филмот. Нема добри ликови, нема лоши ликови - сите се реални.
Трејлерот можеби е најлошиот трејлер некогаш направен за било кој филм. Катастрофа - уште во првите 10 секунди го открива пресвртот и го уништува целиот филм.
Не го гледајте трејлерот! - you have been warned.
Приказната е едноставна - еден маестро си наоѓа цура неколку дена откако неговата девојка мистериозно исчезнува. Напнат трилер кој долго ќе го паметите, дефинитивно вреден за вашите 90 минути!