Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
„Седмиот печат“ на Ингмар Бергман​

Ингмар Бергман е еден од моите омилени режисери кој не соочува со неговите таинствени визии, бизарни опсервации и неразрешливи дилеми. Тој стоички го соочувал човекот со најтревожните и болни прашања за неговата егзистенција поставувајќи ја смртта очи в очи со уморениот воин, подвојувајќи ја неговата личност, барајќи ја смислата на жртвата, понирајќи во јадрото на осаменоста, барајќи ги причините за латентната омраза меѓу најблиските. Централен фокус приказната има на потрагата на витезот Блок за духовно спасение и метафизички одговори за животот, смртта и постоењето на бог. Витезот речиси поднесе оставка на својата судбина. Срцето на филмот е неговата средба со Јоф, Миа и нивното дете и едноставната радост на споделување на нивната храна со него. Широкиот комфорт на човештвото и животот, среќното играње на детето на тревата, убавината на Миа и занесот на Јоф е пораката на Бергман, дека животот е неверојатен и покрај сите опасности, фрустрации и енигми во него. Можеби има сомнеж дека Бергман ја напаѓа религијата и нејзините следбеници но сепак неговата филозофија е длабоко хуманистичка. Исто така последната сцена во филмот со танцот на смртта е една од најпознатите сцени во филмската индустрија. Филмот има силна црно бела фотографија која одекнува со брилијантна точка на дијалог. Предизвиците со кои мора да се соочи секој поединец мора да имаат своја смисла.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Philomena (2013) "★★★★"

Филомина е филм кој ќе го гледате со уживање, секоја година имаме по некој таков филм на Оскарите, кој си го заслужува местото поради интелегентното сценарио и пријатната атмосфера. Мислам дека ова е сериозен кандидат за Оскар на адаптирано сценарио. Џуди Денч има фантастичен лик, совршена жена во години, без влакна на јазикот и која без размислување ги кажува сите нејзини мисли, било да се непријатни или не. Целиот свој живот го поминува во мака поради одземањето на нејзиниот син. Многу години подоцна таа го запознава Мартин, поранешен новинар во BBC кој не се двоуми за превземањето на случајот во потрагата на синот на Филомина, поради тоа што и не му се насмевнува блескава иднина, а приказната успева да го заинтересира уште при првото слушање
.​

Мислам дека филмот оправдано ги заслужи сите позитивни критики - Стивен Фреарс ми се чини има повторно добар филм после неколку навистина лоши филмови (читај: Tamara Drewe; Lay the Favorite), нормално The Queen беше маестрален филм, кој ми се чини ден денес ќе остане неговата најдобра изработка. Адаптацијата е одлична, сценариото предобр напишано, и изгледа како да е сосема нова приказна, а не базирана врз реални настани. Музиката од Александар Десплат е дополнително уживање во филмот. [8/10]
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
„Рашомон“ - Акира Куросава

Филмот „Рашомон“ (1950) му донесува светска слава и го воведува јапонскиот филм во семејството на најразвиените и најкреативни кинематографски сили во светот. Работен е според две новели на Акутагава, тој ни раскажува четири верзии на еден ист настан, силувањето што познатиот разбојник Тожомару го врши врз младата жена пред очите на нејзиниот сопруг. Секоја од верзиите што ги раскажуваат очевидците се различни, така што вистината за виновнците и жртвите на престапот, останува нерасветлена. Оваа приказна им ја раскажува на двајца намерници еден дрвосечач, засолнати од поројниот дожд пред портата на руинираната престолнина Киото.Приказната се одвива во флешбекови на четитите ликови, разбојникот Тожомару, убиениот самурај, неговата сопруга и дрвосечачот.

„Рашомон“ е добитник на Златниот лав во Венеција и на Оскар за филм од неанглиско потекло. Заслугата на Куросава не е затоа што тој е автентично јапонски уметник и мислител ниту затоа што е интелегентен ученик на западната култура, туку затоа што е модерен автор со универзални творечки вредности. Куросава на оваа возбудлива приказна и дава инзвонреден наративен ритам, движењата на камерата се еквилбристички но функционални, никогаш надвор од фабулативната фактура на емоционалните и афективни состојби на ликовите. Играта на актерите исто така е полна хармонија со другите изразни средства.
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Finder's Fee (2001)
Untitled.jpg

Ненормално добра идеја, глума и реализација.
Finder's Fee е доказ дека со малку пари може да се направи квалитетен филм.
За време на целиот филм се чувствува крајно моќна психолошка напнатост.
Извонредна трилер-драма со неочекуван крај.
Не гледајте трејлер. Симнете го и гледајте го, затоа што навистина вреди.

10/10 за ова ремек-дело направено со буџет од 1 милион долари. За почит.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Значи вака, рецензии незнам да пишувам. Тоа е факт, ни во средно за состави и есеи не ме биваше. Но ќе се потрудам да ве заинтригираат овие филмови.

Прво да напоменам дека сум прибирлив за филмови и за тоа ќе се потрудам што е можно повеќе за да рецензииве (кратки, ама сепак рецензии) ве убедат да ги изгледате филмовиве што ги предлагам. Значи овие рецензии се за оние со терсене вкус како мојот ;).

Defiance (2008)



Филмов е со Даниел Крег во главната улога. Глуми руски евреин од втората светска војна. Филмов е сниман по вистински настани, така што доживувањето е секако на друго емоционално ниво. Филмов е за 3-ца, денес, заборавени браќа-херои од втората светска војна. Тие тројца од нападот на Германија на СССР во 41-ва до крајот на војната успеале да спасат над 1200 евреи. Градат камп. Повеќе пати, заради, нели, Џерманците и нивните напади. Буквално како да основаат град од почеток. Да не ја продлабочувам приказната ќе застанам тука. Филмов е според мене еден од подобрите со таа тематика. Глумата беше прилично добра, да не речам одлична. Освен Џејмс Бонд никој друг од глумциве не познавав и чија што глума ми се допадна.

Од мене срдечна препорака за гледање. 8 од 10 има од мене филмов.


Веќе кога почнав со воена тематика ќе продолжам со истата, па ќе кажам некој збор за Валкири со Том Круз. Што е и причина зошто го изгледав „Отпор“. Овој го даваа на ТВ1000, а „жедта“ за филм од втората светска војна го даде својот придонес. Отпор ми стоеше на watchlist така со години и си велам сега му е мајката.:)

Valkyrie (2008)



Филмов е екранизација на последниот од десетиците обиди за убиство на Хитлер. Според мене успешна реализација на целата приказна. Добро секако не е целосната приказна опфатена, но филм од 2 часа секако дека не е доволен за да биде се опфатено од вистинската приказна, да бидат сите личности спомнати, кој што направил и како...
Филмов е за неколку високи функционери во владата на Хитлер. Се се случува пред да биде заземен Берлин од страна на Антантата. Има и хумор. Во еден момент кога се доведува во прашање можноста за изведба на операцијата мислам дека беше Том Круз - Генерал фон Штауфенберг вели (округол цитат) „русите ни дишат на вратот, подобро сега да им се приклучиме отколку кога ќе влезат во Берлин па ќе им рече еве ви го Хитлер, го фативме“.
Филмов е сериозна драма, не е класична холивудска акциона драма, нешто налик на Борн или што знам, нешто друго. Добар е филмов, гледам на ИМДБ има 7-ка, ама јас би му дал 8.5. Препорачувам.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
The Hidden Face (2011) - La cara oculta

Уште пред да почнам, морам да ве предупредам - не го гледајте трејлерот за филмот и не читајте за него.

Филмот сам по себе е 9/10 - доста солидна глума, комплексни ликови и приказна која ве вовлекува во филмот уште во првите 3 минути. Напнатоста се јавува уште на почеток, и дефинитивно ве држи по завршувањето на филмот. Нема добри ликови, нема лоши ликови - сите се реални.
Трејлерот можеби е најлошиот трејлер некогаш направен за било кој филм. Катастрофа - уште во првите 10 секунди го открива пресвртот и го уништува целиот филм. Не го гледајте трејлерот! - you have been warned.
Приказната е едноставна - еден маестро си наоѓа цура неколку дена откако неговата девојка мистериозно исчезнува. Напнат трилер кој долго ќе го паметите, дефинитивно вреден за вашите 90 минути!
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.584
Поени од реакции
13.248


Филм во кој изненадувачки уживав пред легнување и покрај тоа што сум хејтер на спортов. Шон Вилијам во тотален контраст од неговиот најпознат лик - Д Стифмајстер, во филмов е goon, односно хокејски играч чија што првична намена е да му ја крши кичмата на противниците. Пропратно го мава егзистенционална криза, малку е приглуп иако потекнува од докторска фамилија. Филм кој ќе ве насмее но и ќе останете со подзината уста при тепачките секвенци, воедно и добра класична underdog љубовна приказна.

ИМДБ 6.9/10 (интересна оцена, неговиот kit number e 69 :D )
Од мене 8/10, за целта која ја има, смеење и релаксирано гледање, топ.
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Pearl Harbor - Самото име објаснува се :) Филм за нападот на јапонската империјалистичка војска врз најголемото пристаниште на американската пацифичка флота во 1941. Филмот има и романтична содржина. После нападот, маринците покушаваат да се осветат, ама не успешно. Токио е бомбардиран, маринците убиени и повлечени... Филм за еден од најголемите моменти во светската историја, вмешувањето на Америка во 2 светска војна :) Углавном, многу интересно :)

upload_2014-3-2_11-41-56.jpeg ( Целава работа пред бомбардиранњето се врти околу овие тројцава)


Saving Private Ryan - Филм за американско британската инвазија на Нормандија, 44 година. Филмов е нешто ко титаник, војникот раскажуе и Спилберг го прае филмот. Многу познати актери играат, Том Хенкс на пример :) Војна драма...

upload_2014-3-2_11-44-32.jpeg

The Assault - Четиричлена група на терористи од Алжир киднапира авион на Ер Франс на аеродромот у Алжир. Филмот е опасно јак :)

upload_2014-3-2_11-46-39.jpeg [DOUBLEPOST=1393757240][/DOUBLEPOST]
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Blue Jasmine



Извонредна глума на Кејт Бланшет, заслужен оскар за најдобра Женска улога. Режисерот ми е антипатичен поради неговите претходни филмови но овој пат ме изненади со стварно добри допирни точки кога Џазмин се присетува на евенти кои ги активират нервните испади или да кажам нервен слом.

Како и да е во филмот по полека се прикажани моментите кои водат до распаѓање на долгогодишната врска помеѓу Џазмин и Хал кој се бави со нелегален бизнис кој им овозмжува да живет како бубрег во лој. Но поради голема караница меѓу нив двајца доаѓа до клевета што води до самоуништување и паѓање на дното. Евентуално Џазмин сето тоа го поднесува тешко и бара поткрепа кај својата сестра каде нејзините нерви се пополека попуштаат под притисокот и стресот што треба да се сочи да живее како работната класа.

Оценка: 8/10
 
B

Bafra

Гостин
Network od 1976


Today, Network feels as fresh and vital as it did 36 years ago, and not just because Finch, Faye Dunaway and Beatrice Straight won Oscars for acting in it
It's because the movie predicts everything about modern media in the 21st Century—from reality TV and YouTube to Glenn Beck and the tabloid news format. And it did so 20 years before the internet even existed.

It's spooky how much the movie got right about the direction of the news business specifically, and the media generally.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.403
Поени од реакции
6.024
13 Assassins 2010



Го изгледав моментално хајпнатиот 47 ронин, па уште неколку филмови од кинематографијата на далечниот исток,пред се со летачки кинези,за да на крај пак да завршам со јапонски, али за разлика од 47 ронин филм кој не е од холивудска продукција, и филм кој во најмала рака е pure class.

На почетокот наидов на неколку проблеми, првиот беше технички, затоа што ја спуштив подолгата верзија па неможев да најдам англиски превод а вториот проблем, јапонциве(самураиве поточно) ајде што се исти на фаца туку имаат исти фризури и иста облека, па добар пола сат учев/дознавав и заборавав кој е кој :icon_lol:.

Шала на страна, филмов стварно е ебење. Комбинација од неверојатна акција(нешто како во Raid Redemption само со самураи),приказна која обработува интересен настан од јапонската историја,зачинета со монолози кои ако некој ми ги кажувал пред испит, досега ќе имав два факултети завршено, и сцени кои те ежат до коска.

На крај да завршам со цитат од филмов:

"With death comes gratitude for life. If a man has lived in vain, then how trivial his life is?"
 
Последно уредено:

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. И не ми е баш рецензија.

2. Некогаш чоек се дрзнува да изглеа документарец кој не му е предложен од @Io Sono Interista (барем не лично).

3. Барака не ми е глеан, мирни.



„Додека едни спијат, некои се будни сами со вселената, на ти..."

ОК, то ми е извадок од песна, али сасвим коректен почеток на моето дигестирање на Самсара. Самсара ти доаѓа ко после сексот со куклата на надувување, да исконсумираш електронска цигара. До толку паша значи.

Сетилно дразнење, етерична филозофија, визуелна медитација, басот на природата сервиран на типчеџак, стилизација на човечката духовност, липосукција на алавоста, генерализација на човештвото...

Ја ко лигав читач у пензија додека го гледав Самсара се сетив на зборовите на Де сент Егзипери:

„Во колку обичен декор се одвива таа многукратна игра на омрази, пријателства, човечки радости! Од каде им на луѓето таа склоност кон вечноста, на тие луѓе изложени на опасноста врз сеуште млаката лава, на кои веќе им се закануваат идните песоци и снегови? Нивните цивилизации се само кревка позлата: еден вулкан, едно ново море, еден песочен ветер - и нив ги нема!

Тешко е да не зјапаш во персонификацијата на флуоресцентните пиксели од мониторот во фасцинантен војаерски секс меѓу човековата цивилизација и незаузданата природа, меѓу неразбирливата потрошувачка глад - капитализам дешавка, безмилосната агресија и совршената хармонија, екстремна сила, мудрост и едноставноста на природата.

Дрска сугестивност, но со право. Пасус во боја за секого. Контрасти кои го одземаат здивот. Карневал од бои. Вулгарна анатомија на земјата. Висока резолуција задолжителна!

Музиката пак е дивјачки болна. Ко ракија искрено ги љуби сите твои органи. Ја трга пудрата од гнојот на земјата, пипка, чачка, сугерира... Човекот и покрај се е само глина...

Самсара ме натера да се запрашам на каде плутаме? Дај да се дефинираме, да се обоиме, да го препознаеме човекот ( во нас и околу нас).

На работа имам колега кој е глувонем. Да го викаме Рики. Рики е најголемиот човек кој некогаш сум го запознал. Рики е баш човекот, кој недостасува во овој климакс од луѓе. Едно време сумњав дека Рики е одечки светец. Добро таман си го помислив тоа, утрето дента ми кажуваше како го мавал вечерта на наша колешка :D

Нејсе, Рики секогаш те гледа во очи, кога се обидува да ти ја фати френквенцијата. Често пати знам да се пошегувам со него:

„ОК, Рики пак пантомима. Два збора... Првиот...“

Сум размислувал како ние понекогаш и не смееме да се погледнеме во очи. Рики гледа секогаш во очи затоа што и нема што да скрие. Според некој хронолошки редослед на Самсара, Рики е состојбата кон која треба да се стремиме. Неисквареност...

Ако сакаме да не има...
 
Последно уредено:

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Филм: 47 Ронин (47 Ronin)

312.jpg

Што е Ронин? Тоа е Самурај кој е без свој господар поради не затоа што тој сакал туку затоа што неговиот господар починал од природна смрт или пак поради насилна смрт. Филмов доколку сакате да го гледате треба да знаете дека не е баш за сечиј вкус од причина што самиот филм се одвива во Јапонија и 99% е со јапонски глумци со исклучок на главниот лик кој е Британец. Приказната започнува во 18-тиот век - Јапонија каде што 47 Самураи остануваат без својот господар поради тоа што на нивниот господар е фрлена црна магија каде што потоа поради случката кој тој ќе ја направи ќе му биде доделено да се самоубие поради достоинство на својот клан. Потоа започнува вистинска акција во филмот. Содржината на филмот е навистина добра според мене, филмот за да го гледате е лесен но како што веќе напоменав не е за сечиј вкус. Најдобро би било да обврнете на почетокот најмногу внимание бидејќи се раскажува за тоа што е Ронин и што значи Самурај во Федуалната Јапонија - 18 век.

Филмот е со жанр: акција, авантура, фантазија, филмот трае околу два часа, главната улога во филмот ја толкува Киану Ривс во филмот Каи, кој е половина јапонец, половина Британец, кој како мало дете е оставен од неговата мајка во шумата и одгледан од демоните, но подоцна бега од шумата бидејќи не сака да живее повеќе во неа и тогаш го пронаоѓа феудалецот Асано. Каи подоцна ќе се заљуби во Мика која е инаку ќерка на Асано. Каи живее во кланот на Асано каде што стекнува самурајски вештини иако тој по правило не може да биде самурај но бидејќи има мешано потекло тој подоцна ќе стане Ронин.

Веќе како што напоменав погоре Асано кој е господарот ќе биде понижен и ќе му биде доделено да се самоубие со тоа што ќе ја зачува своја чест и честа на својот клан, за потоа неговите самураи 46 на број да останат без свој господар каде што ќе станат ронини каде што подоцна и ќе се приклучи Каи како ронин и ќе бидат на број 47, кои ќе се обидат да ја вратат честа на својот клан, но и во меѓувреме да се одмаздат што муе фрлена лоша магија врз Асано што предизвикало да се самоубие.

Доколку сакате да се запознаете со Јапонската Митологија овој филм може да ви донесе многу, иако филмот е навидум доста едноставен но сепак во доста сцени и не е баш така, ќе наидете на некои фрази кои според мене луѓето кои не се многу по лигавите сцени тогаш очигледно таквите клише - сцени исто и фрази ќе ви станат досадни бидејќи често такви фрази веќе ги има и луѓето добро ги знаат. За оние кои се малку полигави личности овој филм може многу да ви понуди, подгответе ги вашите марамчиња, завземете добра позиција би ви препорачал добар чипс со уште подобар сос, и секако сокче покрај вас, затоа што ве чека добар филм кој верувам ќе ви се допадне. За останатите ќе ви кажам да не очекувате премногу но сепак филмот ќе ви понуди добра акција и ке кажам добра содржина па така ќе ви го исполни вашето време.

Мојата оценка за филмот е 9/10
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
FernGully: The Last Rainforest (1992)

Филмов го гледав кога бев малечка, ама уште го памтам. А меморијата, особено за филмови, ми е никаква :D

Длабоко во срцето на последната дождовна шума во светот, FernGully, живее едно општество на самовили. Мирни мали суштества кои го поминуваат цел ден помагајки им на растенијата да растат и заштитувајќи ја природата . Многу одамна, зла сила позната како Hexxus се обидела да го уништи FernGully. Но, самовилите го заробиле во дрво за цела вечност. Или барем тие така мислеле.

Луѓето доаѓаат назад кон FernGully, и со себе носат огромна машина со нив позната како „израмнувач“. И таа има една цел. Да ги исече дрвјата и да ги процесира. Секако, ова иде сосема спротивно на самовилите, кои се обидуваат да ја заштитат природата.

Зек е дете во подоцнежните тинејџерски години и работи за компанијата која го поседува израмнувачот. Неговата задача е да ги обележи дрвјата кои израмнувачот треба да ги оттргне. Тргнува да се прошета малку и стигнува до едно многу морничаво дрво, кое, на негово незнање, го содржи Hexxus. Некој инсект почнува да зуе околу него и Зек мисли дека може да го убие со спрејот со кој ги обележува дрвата. Меѓутоа во процесот, обележува едно големо црвено Х на дрвото. Подоцна неговите соработници ќе го исечат дрвото и Hexxus излегува од дрвото.

Додека Зек се шета наоколу, приметува мала сина искричка како лета наоколу. Тоа е Криста, самовилата која наскоро ќе му стане пријател. Тој ја фаќа во раце, меѓутоа во исто време едно дрво почнува да паѓа накај него. Криста пробувајќи да го предупреди, го намалува да биде 3 инчи, иста големина како и самовилите. Набрзо тие стануваат пријатели. Главниот фокус на филмот е нивниот однос, но исто така и потенцијалното уништување на шумата, како што Hexxus посакува.

Супер филмче. ИМДБ има оценка 6.4. Јас би му дала 10/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom