Ете тоа е нејасно, и мене, а и на сите тука. Практично влегуваш и во територија на друга држава. Е сега, ако е тоа невозможно, од каде пак сигнали или контакт со тоа место ? Како ? Ова подпрашање.

Поќе СНН гледам одколку фудбалот.
Дај линк од тоа ЦНН. Јас гледам на Mirror UK ама нема нешто апдејти у задњи саати.
Oваа слика и теорија ми е толку неодржлива (барем така ми изгледа) што е невозможно. Барем логички не можеш да поминеш толку голем пат без било кој да те забележи во таков простор (Малака теснецот и потегот Виетнам-Малезија) бидејќи е еден од најактивните кога станува збор за сообраќај без некој да реагира (плус леташ и на територија на Тајланд).
Чекај чекај чекај. Да претпоставиме дека постојат радар 1 и радар 2, како што кажаа. Радар 1 е “обичниот“ радар кој го изгубил авионот после само 40 минути од полетување, а радар 2 е оној радар на Малезиската војска која тврди дека авионот го видела на тој радар после повеќе од саат време откога е исчезнат од радарот 1, односно каде што посочува сликата. Сосема спротивен правез од Пекинг, но не назад кон Лумпур. ДАЛИ СФАТИВ ДОБРО?
Е сега, дали е можно да авионот не бил виден поради тоа што се изгасиле тие транспондери или како и да ги рекоа кои праќаат сигнали повремено. Можеби во тој саат време, НИКОЈ ама баш никој не знаел каде се наоѓа авионот и како лета.
Ако се земе оваа претпоставка точна, тогаш не е можно да има: експлозија, не е можно да има electrical failure и ред други работи. Пошто авионот ЛЕТАЛ повеќе од саат време западно.
Што останува дека било или hijacking или некој друг ја превземал кокпитот или пилотот бил принудуван да лета натака?
WTF???????????[DOUBLEPOST=1394571257][/DOUBLEPOST]
Едноставно, ми нема смисла да се деси да прелеташ цела територија на Малезија и дел од Тајланд, а било која контролна кула да не те праша "excuse me, who the hell are you!?".
И намерно да бил исклучен транспондерот, и намерно да бил исклучен радарот во авионот, и намерно да лета кон друго место освен Пекинг (во сосема спротивна насока бе!), едноставно МОРА некој нешто да забележи и алармира некого. А, и да не се деси тоа, некој некаде ќе забележи авион сличен на овој ако истиот сака да слета некаде, било каде (повторно, Малака теснецот има огромен сообраќај со бродови).
На крај краева, нека соберат сите податоци што ги имаат од сите можни радари на тој простор, заедно со сателитски снимки и нека поврзат два со два (ако веројатно тоа не го прават во моментов). Ова веќе станува трагикомично во иста мера колку што е и застрашувачи и страшно.
Па тоа е и всушност МИСТЕРИЈАТА тука, никој не знае како може да го нема на ниту еден радар. Да го имаше на радари или на слични извори на инфо повразни со летот, ќе го најдеа уште во саботата???
И за крај. ЗАШТО СВРТЕЛ НАЗАД???