Фантастично сум заинтерсиран за авионот кој пред 3 дена, наводно го снема од радарот во водите на Јужно Кинеското Море. Пред да ја започнеме дискусијата да ве воведам во најголемите Авионски несреќи во последните 60 години.
о текот на историјата повеќе пати се случувало авиони да исчезнат без трага, подеднакво преокупирајќи го вниманието на јавноста, воздухопловните експерти, па дури и режисерите. Многу мистерии беа решени дури откако е пронајдена црната кутија на авионот, која ги бележи податоците за летот и ги снима гласовите во пилотската кабина.
Еве ги петте најмистериозни случаи при кои исчезнал авион, секако, пред да се случи саботната мистерија.
Air France, лет 447 (2009), комбинација на технички дефекти
Истражителите со месеци не можеле да ја утврдат причината за несреќата на авионот кој летал на линијата Рио де Жанеиро-Париз, кој исчезнал над Атлантскиот Океан. Две недели после инцидентот на 1 јуни 2009 година, најдени се делови од урнатините и телата на 228 патници и членови на екипажот, но дури 2 години подоцна биле пронајдени и главниот дел од срушениот Airbus 330 и црната кутија.
Конечниот извештај на ВЕА, официјалната агенција на француската влада за истражување на авионски несреќи, бил објавен дури во јули 2012 година. Утврдено е дека несреќата била комбинација на технички дефекти и пропусти на недоволно обучените пилоти, а се случила кога авионот летал низ подрачје во кое беснеела бура со грмотевици.
TWA, лет 800 (1996), експлодирал во воздухот
Авионот на компанијата TWA на летот 800, кој во 1996 година експлодирал во воздухот близу до брегот на Лонг Ајленд (Њујорк), и денес е тема околу која се плетат многу теории на заговор, вклучувајќи ја и онаа дека Боингот 747-100 на летот за Париз бил мета на терористички напад или дека го погодил метеор. Во несреќата починале 230 патници.
FBI и NTSB, кои 4 години трагаа по причината за несреќата, востановиле дека оштетени кабли довеле до пожар во резервоарот за гориво, само 12 минути откако авионот полетал од Меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди.
US Air, лет 427 (1994), паднал при брзина од 480 километри на час
Краткиот лет во домашен сообраќај од Меѓународниот аеродром О’Хер во Чикаго до Питсбург завршил како трагедија, кога авионот со 132 патници и членови на екипажот се срушил при брзина од 480 километри на час. Ужасната катастрофа се случила на 8 септември 1994, 10 минути пред слетувањето. Истрагата на крајот покажала дека неискусните пилоти поради дефект во кормилото на авионот изгубиле контрола над леталото.
Flying Tiger, лет 739 (1962), не е пронајден ни после 50 години
Повеќе од 50 години откако исчезнал без трага авионот на американската авиокомпанија Flying Tiger, изнајмен од американската војска, се’ уште не е пронајден.
На 15 март 1962, кога авионот Super Constellation L-1049, кој пренесувал војници и залихи од Калифорнија во Сајгон, Виетнам, исчезнал кога требало да наточи гориво на островот Гвам. Денот бил ведар. Ни во овој случај не биле испратени сигнали за помош и се претпоставува дека 107 патници и членови на екипажот починале. Војската повеќе пати организирала потери, но не биле пронајдени никакви остатоци или докази, и не била потврдена причината за исчезнувањето на авионот.
Pan Am, лет 7 (1957), непозната причина за несреќата
На 8 ноември 1957 година авионот Боинг 337 на летот од Сан Франциско за Хаваи исчезнал во Тихиот Океан. Недела дена подоцна урнатината ја нашол носач на авион на американската морнарица Philippine Sea, откако екипажот здогледал тела и остатоци од авионот како пловат по океанот североисточно од Хонолулу.
Конкретно за овај авион на Малезија Еирлајнс, Боинг 777, лет 370 исчезна пред неколку денови. Она што ми е фрапантно е тоа што го гледам на СНН. Значи, да разјасниме Летот беше со план да се движи од Малезија, Куала Лумпур до Виетнам, односно крајна дестинација Пекинг, Кина. Меѓутоа, што се случува ? Полетува во 12 40, а во 13 30 губи контакт со контролната кула. После тоа се испраќаат воени бродови на лице место, каде што првично се губи контактот. 48 часовната потрага по остатоци и преживеани, не дава со плод. Стручњакот кој работеше и го расветли случајот со Еир Басот кој леташе од Рио до Париз и кој падна пред неколку години, даде друга теорија и даде друг приказ на работите. Имено, последните информации, во живо на СНН говорат дека авионот бил стотици километри надвор од курсот и дека последната остварена врска, односно сигнали дека авионот се наоѓа таму, некаде во близина на островот Pulau Perak. Она што е фрапантно е дека тоа островот се наоѓа над Малезија и дека всушност авионот се има вратено назад, во еден замислен имагинарен триаголник.
За полесно да ви биди еве ви директен линк кон островот со помош на мапите на гугл.
https://www.google.com/maps/place/Pulau+Perak/@5.680357,98.9408874,6z/data=!4m2!3m1!1s0x304976135f4045a1:0xd79cd6ef07d5bb96
Значи, тоа таму е местото каде што по новите истраги бил остварен контакт дека авионот бил забележен. Ако видите дека требало да полета од Куала Лумпур и да оди кон Виетнам, како попатна станица како се наоѓа стотици километри надвор од курсот, и се наоѓа на некој замислен остров ? По правилото, и по мислењето на експертите тие летале надвор од курсот и како единствено решение/размислување/теорија е дека имало проблеми, механички и дека пилотите пробувале да се вратат назад. Меѓутоа, тие летаат надвор од курсот и го промашуваат аеродромот, бидејќи немале навигација. Меѓутоа, се поставува прашањето зошто нема комуникација помеѓу пилотите и помеѓу кулата ? Се поставува прашањето зошто никој од земјата не го детектрирал авионот, ако повторно прелетал над Малезија ? Се поставува прашањето дали станува збор за терористички напад ? Многу прашања, многу можни одговори, многу теории.
Што мислите Вие ? Дебатирајте.