- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 3.745
- Поени од реакции
- 1.848
Пред повеќе од 40 часа, сосема ненадејно, лет на Малезија Еирлајнс кој полетал од Куала Лумпур со дестинација Пекинг, со 239 патници и екпаж на него, од кои повеќе кинески државјани и ненадејно исчезнал неколку часа после полетувањето врз водите на Јужнокинеското Море.
Ќе ви посочам некои извори од наши и странски сајтови каде може да прочитате најнови ажурирања со летот.
Live updates од The Guardian
Телеграф 1, Телеграф 2, Телеграф 3, Телеграф 4
Во кратки црти за оние кои немаат време да читаат апдејтс. Значи, според она што прочитав последниов саат:
Неколку часа после полноќ, во саботата, лет на Малезија Еирлајнс, MH370, боинг 777,кој полетал од Куала Лумпур со дестинација Пекинг, со 239 патници и екпаж на него, од кои повеќе кинески државјани, ненадејно исчезнал неколку часа после полетувањето врз водите на Јужнокинеското Море.
Во моментов, никој не знае каде се наоѓа летот. Некое семејство успеало да воспостави контакт со синот кој бил патник, но најверојатно пробувањата повикот да се лоцира биле неуспешни. Интересен податок е дека боингот немал време да пушти мејдеј сигнал, односно било што и да се случило, се случило многу брзо. За сега нема никакво објаснување.
Важно е да се напомене дека пилотот бил апсолутен професионалец со повеќе од 30 години искуство и 18.000 часови искуство во летање. Уште поинтересен податок е тоа што моменти или минути пред авионот да го снема од радарот, истиот МНОГУ ВЕРОЈАТНО го сменил правецот и пробал да се врати НАЗАД во Куала Лумпур од каде што полетал. Никој не знае зашто. Еве неофицијална снимка од live следењето на летовите каде што може да се забележи мистериозното исчезнување на летот.
Нов апдејт укажува дека најдени се траги од нафта и се испратени Виетнамски бродови да истражуваат дали е тоа нафта/керозин од авион. Исто така се пронајдени и некои остатоци кои лебдат на површината на морето но не се знае и нема официјална потврда дали се тоа делови од авионот. Инаку, испратени се повеќе од 40 бродови и над 12 авиони од најразлични држави да учествуваат во истрагата.
Уште еден, најинтересен податок досега, кој ја прави оваа мистерија уште поголема е: Најмалку двајца од патниците во авионот поседувале лажни пасоши, односно вистинските сопственици на пасошите се живи и здрави, едниот е граѓанин на Италија, другиот на Австрија. Уште поинтересен податок е тоа што овие двајца патници со лажни пасоши, билетите за летот ги купиле заедно, во пар.
И за крај, уште еден неверојатен податок кој ја прави оваа мистерија поголема: пасошите на овие двајца граѓани на Австрија и Италија, ги пријавиле за изгубени пред повеќе од една година во ИСТОТО ГРАДЧЕ. Значи, пасошите им биле украдени во истото градче, односно некое местенце во/близу Тајланд во размак од неколку месеци. Во минатото, Ал Каеда имала напади во кои користела фалсификувани или украдени пасоши, што на случајов не се исклучува можноста за присуство на тероризам.
Што мислите кајганаџии за мистеријава?

Последно уредено: