Исчезна малезиски боинг, лет MH370 со 239 патници

Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.654
Го изгледав документарецот и буквално вака се одвиваа работите.
Толку неразјаснети работи, толку измешани информации страшно нешто.
21 век да исчезни туку така Боинг со толку патници .
Прашање е дали некогаш роднините на исчезнатите ќе ја дознаат вистината што навистина се случи со тој авион.
Многу работи немаат смисла, едно од тие е дека најголемиот дел од остатоците пронајдени од авионот ги пронајде всушност еден ист човек, и тоа на различни делови од светот, мислам хелоу.

Друго, една тврди дека неколку часа после исчезнувањето добила повик од татко и ама дури крени, телефонот престанал да звони :confused:
Јас на пример дури сега дознавам дека помеѓу кабината и првите седишта се наоѓа електронскиот систем на авионот и вратата е цело време отклучена o_O
И самиот тогашен претседател на авиокомпанијата изјави дека било кој можел да слези и да ја исклучи целата комуникација на авионот ама невозможно е да се управува авионот од таму.

Документарецот е повеќе теории на заговор од новинари и истражители кои со години се бават со случајот, има луди теории кои рака на срце можи да се некои вистинити со оглед на тоа колку е отиден светот.
Која агонија ги снајде роднините, рачунај имаше еден човек цела фамилија ја изгуби во летот, сопругата и две деца.
Се нормално, лет кој треба да е рутина наеднаш испарува во воздухот и ден денес никој точно не знае да им кажи што всушност се случи.
Една од најголемите мистерии досега.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom