КвикСилвер
Модератор
- Член од
- 28 март 2010
- Мислења
- 4.547
- Поени од реакции
- 5.856
Не си ни прв ни последен кој има искусено парализирање. Мозокот, или свеста е во транзиција помеѓу будноста и сонот. Баш како конец кој ќе се скине во било кој момент. Парализирањето настанува како резултат на опуштени, многу слаби мускули и згора на тоа горенаведената транзиција. Многу често, парализираните луѓе гледаат нејасни фигури како бдеат над нив, до нив во кревет, во собата, а се потполно неподвижни, а будни. Не постои лесен начин да го избегнеш, ама ако не дај боже повторно се парализираш, само пробувај да вртиш во круг со очите и да се убедуваш самиот себе си дека ова е само визија и дека не постои никој во твојата соба.Друго шо ми беше чудно е то шо се разбудвам, вкревет нормално и обично си лежам уште некоја минута ко ке немам обврски нормално, тој ден немав и немав ни аларм наместено ни ништо океј то... си лежев шо си лежев(на грб) реков ајде станвам и оппп.......кревам глата не се крева(чувство како да бев без душа, ептен заебано) кревам раката тешко премногу тешко како цела рака да ми е завиткана во железо, замислете неможев раката да ја кренам а не да се подиспрам, ме фате страв шо е работата реков сега, се мачев 5 10 минути ама никако се откажав и реков ке пробам да си заспијам пак и заспав за брзо време, спиев шо си спиев ко се разбудив исто али не толку како првиот пат зедов сили и се подиспрајв во седечка полозба седев седев и се чудев се мислев шо е работата, предходната вечер, како и секогаш бев стабилен ни пиење а и да пијам пијам со усул колку шо ми бара душата онака нормално, дрога во никој случај, си легнав здрав прав нормален а се разбудив ко мртов ко камион да ме има манато.. долго време се влечкав низ кревет пробвав да се размрдам да се подмачкам да не речам, оти си помислив ко ке станам од кревет да не паднам, е до толку беше работа.. станав некако ојдов се исмив се напив ова она... немав никој дома па ѕвонев кај мојте да му кажам како ми е шо ми е да дат некој совет.. некако се соземвав ама вервате ко некое зомби од филмојте се движев уште нозете со рацете да си ги фаќав за да си ги поткревам е до толку.. и по 2 3 саати дојде мајка ми од работа па ајде вкола ајде кај матичен прво проверка температура испадна 40/41 (иначе ни на крај памет не ми текна дека е можно да имам температура пошто секогаш знам ко ке имам температура кренато, знам каков сум шо ми е како ми а од то немаше ништо и ко ми рекоја имаш, се зачудив) некој си вирус нз шо па ајде нз некоја инекција и нз се друга шо треба од апој и слично од ко ја примив инекцијата по скоро 1 сат се почувствував малку при себе колку толку... иначе 3 4 дена ми требаше за да се вратам онај стариот, истиот, од дома не излегов упм.. има и други дешавки ама се уморив доста е...
Причина за појава на парализирање се еден куп болести и пореметувања, меѓу кои и температурата. Кога имаме температура, обично тешко заспиваме, со еден куп пролазни мисли низ глава. Некои од тие мисли остануваат и носат ужасни визии, грозни сценарија, непријатни случки и замисли.
На пример јас, кога сум бил ептен мал со висока температура, сум се плашел од стапалата на татко ми. Друг пат, со плачење сум бранел некое маче.
Ептен заебано чувство. Имаш тон информации на интернет за ова, ако те интересира, прогуглај си.