Ви се случила некоја натприродна работа?

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.328
Поени од реакции
7.077
Мене ми се десило легнат на грб сабајле приметувам светлина на очите но не сум ги отворил очите зш ми смета светлото но приметив раката не можам да ја мрдам пробав со другата пак не можам , пробав да викнам некој да ми помогне но не можам уста да отворам ни глас освен само МММММММММММ само тоа можев тогаш ептен јако се вознемирив ..ќе пукнев од вознемиреност значи телесно ништо па и уште толку се изнервирав коа си реков АЈДЕ БЕ БАР СО ГРБОТ ИЛИ ВРАТОТ ДА СЕ ПОМРДНАМ ...... АБЕ НИШТО …..мислев ми побеле косата во тој момент од толкава мака нервоза пробав да се смирам и се смирив наеднаж и си реков ОК ВАКА АЈДЕ РАКАТА-НЕЈЌЕ ДРУГАТА- НЕЈЌЕ НОГАТА НЕЈЌЕ ГЛАВАТА -НЕЈЌЕ ВИЛИЦАТА-НЕЈЌЕ ….......Пак се изнервирав ко прееска и пак пробав да се смирам и реков ова не сум пробал ...да отворам очи да видам на што сум и кога веќе ги отворив немаше никој над мене ниту сум бил врзан и ми мрда вратот се вртам десно гледам накај раката прсти ми мрдат па целата рака па со осет видов дека целото тело ми мрда се исправив седнав и се прашав ШТО ЛИ БЕШЕ ОВА ?!?!?!?!?!!??!?!?!
welcome to Da clAb :pos::pos::pos: читај во темата за астрална проекција објаснуваат по нешто..........
 
Член од
9 април 2014
Мислења
4
Поени од реакции
1
Го посетувам форумов не многу често, но тоа го правам секогаш кога сакам да ги оставам настрана секојдневните обврски, испити, бла, бла, и има интересни приказни тука, но најпрво, веќе кога се решив и јас да кажам нешто овде, ќе започнам со тоа дека ако малку посериозно се размисли за паранормалното (што секако е мој личен став и не сакам да се наметнувам), ако се разгледа соодветна литература и пред се ако некои појави се гледаат од аспект на религија, духови, души и сето она што е поврзано со луѓе, а што пак некои тврдат дека е, всушност мислам дека тоа е само наметната америчка приказна. Додека пак според христијанството, Библијата и лица кои се упатени во таквата проблематика, не постојат духови туку постои еден Дух, Светиот Дух, а она што припаѓа на паранормалното (според некои) би требало да се души на некои кои повеќе не постојат меѓу нас одн. се мртви. Но (според моите сознанија и искуство, што лично што туѓо) она што некои луѓе тврдат дека е душа на некој што е мртов, всушност е мрачна (демонска) сила, но духовна сила пред се и поради тоа можам да кажам дека е многу помоќна од нас луѓето, лесно манипулира со нас и се разбира не е тука со добра намера и цел. Нема да должам, не знам како да го опишам едно од моите непријатни искуства, но тврдам дека таквата будалаштина ме најде и мене, а уште поинтересно е ова: почнаа да ми се случуваат непријатности кога од љубопитност почнав да медитирам. Е сега, не беше нешто којзнае колку опасно, но сигурно беше реално, а најлошо од се беше тоа дека целиот период додека се случуваа таквите работи кои и ден-денес не можам да ги именувам, се чувствував многу лошо, депресивно и не можев да си објаснам од каде и зошто го имав тоа чувство. Последниот пат беше најлош. Ми се случувало и дома, но овој пат беше во станот на сестра ми каде што живееше под кирија. Таму бев на два дена, но многу ми беше лошо, тие денови се разболев. Втората вечер сакав да спијам сам, во дневната иако сестра ми не сакаше поради мојата состојба. Јас инсистирав и на крај беше по мое. Инаку никогаш, до ден-денес не ми успеало да заспијам без телевизија или пак да гледам филм. Таа вечер заспав рано, бев изморен и за прв пат не ми требаше телевизија. Не знам колку време поминало, но сигурно беше после 24ч, нешто ме разбуди и во моментот помислив дека дошла сестра ми да ме провери и легнала до мене. Си помислив, што пак сега и оваа не спие, не сум мало дете да ме проверува, но кога сакав да се завртам на другата страна и да и кажам на „сестра ми“ да си оди, не можев да мрднам. Тоа ми се случуваше и претходно така што веќе бев навикнат и веќе не чувствував толкав страв колку нервоза и бес. Ништо друго не ми падна на памет освен да се помолам што пак многу тешко ми одеше. Буквално, главата ми беше празна, ја заборавав молитвата, но ми успеа и некако се смирив, а тежината што ја чувствував (како некој да ја имаше префрлено раката преку мене) исчезна. После тоа сум заспал. После некое време, значи во текот на истата ноќ, повторно ми се случи истото и повторно го помислив истото дека сетра ми дошла да ме проверува. И пак сфатив дека не е така, и пак не можев да мрднам. Е тогаш навистина сакав да се завртам и да го избркам тоа што ме притискаше. Повторно ја чувствував раката преку мене, како олово. Значииии, бев бесен, а не велам дека не ми беше језиво. Но некако успеав да ја ослободам левата рака (лежен на лева страна што значи раката беше под мене), којзнае како ми успеа и успеав да го допрам тоа што ме држеше. Допрев рака. Сега кога ќе се сетам дури и не ми се верува, ама до мене сигурно имаше нешто иако ми беше како во магла. После сум слушнал дека кога луѓето се слаби и болни тогаш се полесна мета на мрачните сили, така што претходните искуства во споредба со ова беа гола вода. Повторно се помолив, „нештото“ си отиде и пак заспав. Преморен бев. Мислам дека заспав од језа. Другиот ден се вратив дома и после некој ден со мајка ми отидовме кај еден човек кој многу ми има помогнато во животот. Прво ми беше срам да прашам за ова што ми се случи да не ми рече овој - ајде бе магаре едно, не трескај глупости, ама прашав. Му објаснив и прашав дали е тоа можно или само си замислувам. Човекот ми кажа дека е можно, ми објасни убаво за што станува збор и ми рече дека ќе ми помогне. Навистина ми помогна и од тогаш повеќе тоа ми се нема случено. Од тогаш помина долго време, повеќе го немам тоа тмурно чувство, не сум толку нервозен ниту депресивен. Буквално престана се. Е сега во последно време, сфатив дека сам сум си ги предизвикувал тие будалаштини од незнаење и љубопитност. Ние луѓето не сме за медитации ниту пак треба да сметаме дека сме супериорни и дека знаеме се. Ништо не знаеме, а удираме со глава во ѕид и после крив ни е ѓаволот. За нас „медитација“ треба да биде природата, здравиот начин на живеење, а најважно и на прво место е вербата во оној што не создал. Не би сакал ова да биде сфатено како некаков блед коментар или дека еве сега ајде и јас да се направам интересен. Сакав само да го споделам искуството со најдобра намера и да дадам еден совет за којшто мислам дека ќе биде прифатен. Сепак оставам на вољата на другите, но ова беше мојот начин како се ослободив од негативната и мрачна енергија поради која страдав и пропаѓав.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Интересна тема ми текнува на едно лето во Охрид со колата и со девојками навечер беше после 12 сатот и викам ајде романтика демек малце на едно ридче се качивме Охрид да се гледа. И така си правиме муабет а мојот прозор отворен и си пушам цигара и само слушам она дишење мн тешко одма под прозор. Си помислив леле ако е некој мањак сеа кој ќе се тепа, ја вадам главата од прозор гледам нишо дишењето помина а имаше некој камења во близина само ги осетив како се мрднаа а никој немаше. После некој ден пак идам на истото место све беше мирно без дишења глупости ама под нас во тревата на едно 300 метри цело време како да светеше нешо.Јас го игнорирав мислав некое ѓубре е нешо што има одсјај. И девојками го примети абе вика што е она што свети, абе и викам нешо одсјај има а не заприметив дека немаше вечерта ни месечина ни било каков друг извор на светлина од што би можело одсјај да има. Значи буквално 15 мин онака го гледавме не размислувајќи за него и кога ни текна дека нешто свети се згасна. Од тогаш не одам веќе таму. Заеби романтики ..[DOUBLEPOST=1397174777][/DOUBLEPOST]Еве и друга случка значи кај нас на велики петок е обичај да се врти околу црква 3 пати меѓутоа има гробишта околу црквата. Имав 12-13 години и немав ама воопшто страв од гробишта. И пред да почне тоа вртењето јас тројца другари одиме низ гробиштава и викам ај ќе се криеме ќе ги плашиме девојчињава сеа коа ќе дојдат. Значи до тој момент онака искулиран насмеан немав гајле од гробишта и наеднаш само паметам дека беше мн стар гроб, а гробовите се мн блиску еден до друг така да мора да поминуваш некогаш врз нив. Кога го кажав тоа за плашењето девеојчиња и згазнав на тој стар гроб ми поминаа трпки на нозе како никогаш до сега во животов она како струја да ме закачи и слушнав хистерично смеенје. Незнам не верувам дека беше психички пошо пред тоа нон стоп си газевме се зезавме, и предходните години. После тоа веќе прекинав.[DOUBLEPOST=1397175611][/DOUBLEPOST]Ако ми текне на нешто друго ќе пишам. Има една еве може да се каже смешна дешавка бев на одмор две недели и си одам дома немаше никој си отклучувам ноќе беше си палам светло во ходник и влегувам во дневна не запалив светло ај си викам едно цигаре пред спиенње онака имаше малку светло и си седам на кревет и само го гледам Севти Никола спроти мене се избезумив реков готово ми дојде крајот ми се свртеа илјада мисли во секунда се преплашив пошо беше полутемно не се гледаше добро дека е насликан. А моите додека бев на одмор нарачале на платно во природна големина да ни го насликаат пошо слава нм е.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2014
Мислења
9
Поени од реакции
2
Незнам ни како да започнам.Живеам во село.Пред два дена седевме со другарката дома кај мене, се забавувавме,муабетвме.Некаде околу 02:30 часот ни текна да одиме да се прошетаме по патот.И тргнавме! Патот води и преку селските гробишта,но незнам зошто не чувствувавме ни малку страв а и не верувавме дека постојат натприродни појави...Одевме и седнавме на пола пат околу 02:46. Kако седевме и зборувавме пред нас како да имаше нешто црно големо и како да не гледа.И двете го забележавме но ниедна не прозборе за да не се исплашиме меѓусебе.Почувствував како косата да ми се крена на боцки и почнав да викам господе помоги господе,господе,господе.Другарката ме праша зошто така велам и и реков,станавме и си отидовме.Дома разговаравме и таа призна дека несакала да ме исплаши, така си се тешевме дека е предмет(иако не беше 90%) но сепак пак неверувавме.. И што се случи наредниот ден..Наредниот ден разогвараме,се смееме тоа што сме виделе она ова.. Вечерта како и секогаш јас не заспивам никогаш пред 2 ипол.Таа вечер почувствував страв дома,мајка ми и брат ми спиеа во другата соба.Си реков ајде ќе ја пуштам лампата и си легнав беше некаде околу 02:50.Не ми се спиеше и си реков ајде ќе ги пуштам видеата од мобилниот што имам снимано како ми гледаат на кафе(немаат слика,само звук).И си слушам така и одеднаш наместо гласовите од другарката што ми гледаше почнаа гласови како Брааау, ветришта вијат,се тропаат врати, како некој тупа,како да се караат некои па се посилно и посилно па однема..Така неколку минути па пак се враќа гласот на другарката и пак повторно тие истите..Отрачав кај мама ми рече направи крст на телефонот,исклучи го телефонот,прекрсти се,остави го..Во тој момент бев надвор од себе,неможев да си поверувам на своите уши..Морав едноставно да го снимам тоа за да го покажам на другарката со која бевме да се шетаме таа ноќ.Апаратот беше расипан а во мојот телефон имаше само за 6 секунди да се снима. И успеав да го снимам тоа.Утредента го покажав само на една комшивка,мајка ми ми рече за ова да не кажувам на никого..И на мајка ми и раскажав за тоа дека претходната вечер бевме таму и таму и што видовме.Крена паника....Што е ова? Како е можно кажете ми вие такво нешто?....Во шок сум,а видеото го имам 6 секунди е само но пак се слуша дел.....Ве молам дадете ваше мислење.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Прикачи го видеото де да чуеме/видиме. Што мења ако не збориш за никого или да не го споделуваш?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
како да прикачи нешто што не е ни снимено,т.е што не го ни имало? :)
Апаратот беше расипан а во мојот телефон имаше само за 6 секунди да се снима. И успеав да го снимам тоа.Утредента го покажав само на една комшивка,мајка ми ми рече за ова да не кажувам на никого..И на мајка ми и раскажав за тоа дека претходната вечер бевме таму и таму и што видовме.Крена паника....Што е ова? Како е можно кажете ми вие такво нешто?....Во шок сум,а видеото го имам 6 секунди е само но пак се слуша дел.....Ве молам дадете ваше мислење.

Па не знам, еве да видиме, да отвориме дискусија, да не испадне модераторите и админите на Кајгана затварале се одма :)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.263
Поени од реакции
84.361
Не е ни ѓавол, ни што.(мада по блиску е до ѓавол)

Секој може да измисли ваква приказна, али ако не е измислена...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Па не знам, еве да видиме, да отвориме дискусија, да не испадне модераторите и админите на Кајгана затварале се одма :)
Барем ти си бааги тука,ваљда ти е јасно што се дешава често во овој подфорум :)
Кога ќе се прикачи видеото,ќе сменам мислење :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Барем ти си бааги тука,ваљда ти е јасно што се дешава често во овој подфорум :)
Кога ќе се прикачи видеото,ќе сменам мислење :)
Абе јасно тоа дека разбирам што се се дешава тука, пола работи што имам читано дека виделе/чуле се производ на свеста. Само да чуеме и ние што чула, вака како да помогнеме?
 
Член од
11 април 2014
Мислења
92
Поени од реакции
179
.Живеам во село.
Кој би рекол, ни на крај памет не би ми паднало да помислам такво нешто .
Според останатиот текст не верувам дека се работи за ѓавол тоест за демон од повисок ранг, туку за демон од пониска класа најверојатно скоро починат панкер пошто ти се дигала косата во боцки.
Да почнала да ти паѓа преку очи тогаш се работи за демон кој што бил емовец додека бил жив, ама ретки се таквите демони на овие простори.
Интересно искуство морам да признаам.
 
Последно уредено:
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Таа вечер почувствував страв дома,мајка ми и брат ми спиеа во другата соба.Си реков ајде ќе ја пуштам лампата и си легнав беше некаде околу 02:50.Не ми се спиеше и си реков ајде ќе ги пуштам видеата од мобилниот што имам снимано како ми гледаат на кафе(немаат слика,само звук).
Зашто некој на којшто му е страв би сакал да гледа видеа од гледање на кафе без звук :D?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom