Ви се случила некоја натприродна работа?

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Одам со другар ми со кола блиску имаше гробишта и наеднаш колата застанува давам гас ништо не мрда од место а со другарот муабетот ни беше за гробиштата се заебавам со него викам опасно е да се шета или вози блиску гробишта ноќно време, викам што му стана на колава, другарот преплашен се испоти од страв јас се заебавам викам чекај да излезам надвро да отворам хауба да видам што има другарот ме фати и ми рече немој да си излегол ако не сакаш да настрадаш во тој момент колата почна да се тресе чудно ми беше а и почнав да се плашам не знам колку траеше другарот ни збор не ми рече тоа чудо запре колата не се тресе веќе сега му викам на другарот ке излезам надвор па што биде нека биде не ме интересира кога излегувам надвор ништо чудно само слушав некои гласови кои доаѓаа од далеку и се повеќе се одалечуваа, отворив хауба викам на другарот дај контакт колата е се ОК сега и бегавме и ден денес кога поминувам покрај гробишта се сеќавам на тоа ...

Гарант во лер ти била колата кога си давал гас,а колата не мрдала.Си ја избацил од брзина неусетно.Држачи на моторот провери,ради тресењето.:pos:
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Пред 10 минути мајка ми ми кажа нешто што може (во најлош случај) да се однесува и за мене. Летово, многу често станував во сред ноќ или утро, го земав телефонот и сликав. Е сега што е чудното - јас ништо не се сеќавам. Сликите кои сум ги сликал ги имам откривано дури попладнето истиот ден, па дури и по неколку дена. И секогаш сум се чудел кога сум сликал такви убавини, се додека не го погледнав часот. Бев збунет и одма им кажував на моите. И нормално, лути, многу сум гледал документарци и мистерии. И ајде, нема врска, може само обично месечарење, ако има воопшто обично.

Еве една од моите најубави слики која е направена несвесно. Датум: 27 Август. Час: 5:47 сабајле. Најверојатно е сликана од прозорот во мојата соба.

Имам уште слики кои се направени несвесно, ако некој е заинтересиран, ќе ги поставам.

И еве што дознав пред 10 минути:
Вчера, моите биле до кај некоја адвокатка да завршат некоја работа. Следело малце лаф муабет и адвокатката била среќна. Причината за среќа била тоа дека нозете на нејзиниот инвалид помал роднина полека се опуштале и станувале подвижни. Е сега следува и причината како и зошто станал инвалид. Човекот, исто како мене, многу често станувал несвесен сред ноќ и сликал со апарат. Сликите биле преубави и совршени од секој поглед. Една ноќ, неможел да се разбуди чувствувајќи голема болка во нозете. По неколку дена (ваљда бил по доктори) тој станува целосен инвалид. Заедно со мајка му отишле на баење. Прво, го прашале дали сака да фотографира и да погледне последно што сликал. На кобната слика: фигура, сенка од некаков имагинарен човек со истенчен облик. Бајачката им кажала дека тој бил мотивиран, сладен и окупиран од 7 самовили, несвесно да ги прави сите досега перфектни слики, овозможувајќи му го тоа што го сакал - некаква уметност.
Се додека сосема случајно на слика не го потфатил злото. One in a million chance. Од истата вечер, тој преку ноќ и без причина станува инвалид. За 5 години тој би бил повторно функционален. За секоја среќа, денес, во ова време, тој е во 4тата година.

Адвокатката се надева дека за 1 година тој ќе може повторно да ги извршува секојдневните активности како и порано.

Јас се стресов кога го слушнав ова од својата мајка, а можам да замислам како им било на моите кога сосема непозната жена им го кажала, без ништо да знае.

Мамата, rejecting world of freedom.
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
@КвикСилвер можеш да ставиш уште слики ако не е проблем :)
Ќе поставам деновиве. Иначе дознав дека и човекот го спремаат за идење во манастир во Црна Гора :)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508

Додека читав како хорор да гледав :)
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Бидејќи имаше некој по ПП што ме праша дали лажам, ќе одговорам и тука: НЕ.

Да ми го кажеше ова некој рандом тип ајде, и јас ќе се сомневав, ама се работи за мајка. А не гледам ни моите да се излажани, не гледам зошто возрасни луѓе би се лажеле и би измислувале приказни и тоа за сопствена рода. И дали јас би пишувал глупости саат време за да излажам некого?
Да, чудно е многу и несекојдневно, а неверувам дека има и некој објаснување за ова. Мајндфак. Но, нема никакви превари :)
 
Член од
20 декември 2013
Мислења
3
Поени од реакции
2
Незнам како ама веќе скоро секоја 3-4 ноќ ми се случува ова.Значи спо едно 10тина минути откако ќе ги затворам очите и како да имам пред мене нешто длабоко,онака без дно.И се ми е бело само тоа како дупка.Ме тера нешто да скокнам,ама буквално јас а не во а не "јас" во сонот.Нозете ги згрчувам и ги исправувам,а после некое време како струја да ме удрило цел се тегнам и осеќам болка во колената.Правам движење како куче кога трча.Незнам стварно што е али јас не спијам 100% (Ги осекам нозете)али како сами да се движат.Ако некој знае нека каже.Стверно е језиво и старшно(у секој момент мослам дека ќе паднам):unsure:
 
Член од
9 септември 2013
Мислења
159
Поени од реакции
73
Да ви посведочам нешто.
Муабетов е од кај мене дома значи од прва рака, нема што да се лажеме.

Имам сестра која моментално не живее во Македонија, инаку она е во главна улога на приказнава. Пред некој си 6 години (пред да замине од Македонија) и се дешаваа многу многу чудни работи. Ајде ќе ја скратам малку целата сторија за да дојдам до она главното. Значи во почеток додека работеше во еден кафич и се дешаваше од чиста мира пепељарата од шанк да падне доле. Сеа знам дека малку звучи претерано или некој ќе рече на ивица била па паднала, ама не е така. Да било така немаше да пишувам. И уште неколку такви случаеви кои ако ги набројувам уште поневеројатно ќе ви звучат.

Така и се дешаваше тоа некој период и многу беше исплашена. Во истиот период почна да ја фаќа алергија од златен накит (прсетни, ланче и.т.н) Еднаш не можела да издржи го симнала прстенот од рака го ставила под перница и си заспала. Утредента го немаше.. го баравме, го баравме го немаше. 7 месеци покасно. Татко ми прави салата во кујна и доаѓа со шишето зејтин во рака и ни вика дома на нас “што е ова во шишево“. Внатре беше прстенот, баш тој на сестра ми. Дури самиот прстен беше поголем (нормално) од оквиорт на шишето, па зејтинот го претуривме во друго шише, го исеквоме празното за да го извадиме прстенот. И така. Многу бевме зачудени периодот. Сестра ми нормално преплашена, одеше по манастири таму некој адети обавуваше.. и од тогаш еве до денес таква некоја појава нема.

Интересно ми беше онака да го споделам ова со вас, и ако има некој логично објаснување или слична дешавка....нека каже
Малце ќе звучи глупаво но може сестра ти била гонета од некое натприродно суштество
--- надополнето: 31 декември 2013 во 18:33 ---

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
бев мал, 10 години и бев кај баба ми на гости спиевме со сестрами во ист кревет и се беше изгаснато, се разбудив длабоко во ноќта и до мене стоеше мало дете (мислев дека е братучед ми, но тој не беше дома таа ноќ) го прашав 2,3, 4 пати кој си ти но тој молчеше гледајки ме во очи. Легнав и се препотив, почнав да плачам и дури ден денеска се плашам од тоа, затоа кога спијам во соба имам ламба од хондикот која ми свети цела ноќ и заклучувам врата.
 
Член од
13 јуни 2013
Мислења
7
Поени од реакции
10
е еве и јас да ви се приклучам во темава ....случајно слушајќи ги домашните како разговараат со роднините пошо сме многу блиски слушнав една случка ..значи кога мајка ми била бремена со мене ..татко ми мајка ми и тетка ми се возеле со кола и татко ми застанаал до трафика да купи цигари тетка ми ...кога излегла на татко ми му тропнала некоја жена целата цво црно и му побарала цигари ...тој и ја дал целата кутија таа му се заблагодарила и го благословила со зборпвите : да даде господ да ти се роди ќерка иста како мојата , лична паметна и убава ....и самп што заминала татко ми ја погледнал мајка ми и се вртел во ретровиОрот да види дали заминала жената ја немало...значи тоа се случувачо се во 1 мин ...се наежиле и го занемариле тоа ..подоцна кога отишле во црква татко ми прво влегување во видот му паѓа икона со ликот на истата жена ...и после 2 месеци ете сум јас ....

Кој знае колку си убава :D
Шега, нормално. :D
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2
Поени од реакции
3
Имав околу 8 9 години сабајле околу 10 11 часот си седевме со мајка ми дома во дневната јас седнат на седмосед а мајка ми на фотелја наспроти мене а помеѓу нас нормално маса, на масата имаше празна пајнца онаква како за супа верувале или не како шо седевме пајнцата од нигде никаде се поткрена од една страна(значи не се крена скрос да речам лебдење) и направи 360 степени круг толку совршено и бавно се сврти, шо не постој човек на светот со рака шо можи толку совршено да ја врти, неопишливо, мн тешко за опишвање се обидов некако да го опишам нз како ке го замислите, совршено движење како нз како некој да го движи со мисли дури ни така не сум сигурен дали би можело толку совршено да се сврти и башка то немаше никаков звук ниту кога се поткрена ниту дури се вртеше а и ниту ко се спушти во нормална положба е по сето то ја погледнувам мајка ми чекам 3 4 секунди таја да зборни ама ништо и јас и реков 'виде' а таја по 5 6 секунди 'мислев дека полудив чекав ти да зборниш'..... е ајде сега некој нека го објасни ова нека го објасни некој од тие шо имат пишено дека се е до психата до умот дека умот си поигрува и зато на некој луѓе му се гледат чудни работи а како и јас и мајка ми го видовме истото??? или и ова е поигрување на умот?
Еве и слика отприлика како беше поткрената...

Друго ми се има случено да сонвам и сонот да ми се оствари беше потполно исто како шо беше на сонот а сонвав четврток вечерта, се оствари по една недела наредниот четврток.. иначе четртокот вечерта кога сонвав, сабајлето бев на школо 3 год средно и му кажав на 2 другарчиња шо сонвав и му реков ај да видиме баш дали ке се случи, муабетот е така пошто дешавкава во сонот е на школо кај професор по латински а имавме еднаш неделно блок часој во четврток... и на крај дојде тој ден и мене ама баш ич не ми текна на сонот и по некое време другаров од карши вика И? јас збунет му викам ШО И? СОНОТ! и ко ми текна, вервате така ме полазија морници онака се стаписав ко ми текна, се здрвив и едно 10 15 секунди збунет не мрдам, ништо и му викам остај, после... и се мислев цел ден како е можно...

Друго шо ми беше чудно е то шо се разбудвам, вкревет нормално и обично си лежам уште некоја минута ко ке немам обврски нормално, тој ден немав и немав ни аларм наместено ни ништо океј то... си лежев шо си лежев(на грб) реков ајде станвам и оппп.......кревам глата не се крева(чувство како да бев без душа, ептен заебано) кревам раката тешко премногу тешко како цела рака да ми е завиткана во железо, замислете неможев раката да ја кренам а не да се подиспрам, ме фате страв шо е работата реков сега, се мачев 5 10 минути ама никако се откажав и реков ке пробам да си заспијам пак и заспав за брзо време, спиев шо си спиев ко се разбудив исто али не толку како првиот пат зедов сили и се подиспрајв во седечка полозба седев седев и се чудев се мислев шо е работата, предходната вечер, како и секогаш бев стабилен ни пиење а и да пијам пијам со усул колку шо ми бара душата онака нормално, дрога во никој случај, си легнав здрав прав нормален а се разбудив ко мртов ко камион да ме има манато.. долго време се влечкав низ кревет пробвав да се размрдам да се подмачкам да не речам, оти си помислив ко ке станам од кревет да не паднам, е до толку беше работа.. станав некако ојдов се исмив се напив ова она... немав никој дома па ѕвонев кај мојте да му кажам како ми е шо ми е да дат некој совет.. некако се соземвав ама вервате ко некое зомби од филмојте се движев уште нозете со рацете да си ги фаќав за да си ги поткревам е до толку.. и по 2 3 саати дојде мајка ми од работа па ајде вкола ајде кај матичен прво проверка температура испадна 40/41 (иначе ни на крај памет не ми текна дека е можно да имам температура пошто секогаш знам ко ке имам температура кренато, знам каков сум шо ми е како ми а од то немаше ништо и ко ми рекоја имаш, се зачудив) некој си вирус нз шо па ајде нз некоја инекција и нз се друга шо треба од апој и слично од ко ја примив инекцијата по скоро 1 сат се почувствував малку при себе колку толку... иначе 3 4 дена ми требаше за да се вратам онај стариот, истиот, од дома не излегов упм.. има и други дешавки ама се уморив доста е...
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.665
Поени од реакции
14.539
Mи се има случено натприродна работа по 101 пат да ја отворам темава по 3 часот по полноќ и да читам.

Да ти ибам глупакот, легни си будало!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom