Ви се случила некоја натприродна работа?

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Јас имам 2 случки. Може има начин да се објаснат логично, ама ок :D
1. Бевме на гости негде, роденден или така нешто. И ние деца, досадно ни беше, се пикнавме во една соба и ај ќе повикуваме духови. Изгасивме светло, запаливме свеќи, седнавме во круг, се фативме за раце и затворивме очи. И нешто зборевме везе неам. И сигурна сум дека и се смеевме, пошо нели, заебанција беше се`. И откако завршивме со зборење, некој рече да ги отвориме очите. Е сеа, незнам дали бев единствената, ама седев карши прозорите јас, и кога ги отворив очите видов црвени очи (нешто како овие, ама не исти) како „летаат“ накај мене и се зголемуваат. Се извадив од памет. Може потсвеста си поигрувала со мене, ама сликата уште ја имам во глава :unsure:
2. Бевме во камп во Грција. И падна муабет за духови една вечер. И една од девојките таму рече нешто како „Не бе што вие, нема духови“. И светлото над нас се изгаси и запали пак :D Можно е некој да го изгасил и запалил, ама мислам дека никој не се движеше во моментот, сите седеа.
 
Член од
22 јули 2012
Мислења
115
Поени од реакции
30
Еве јас да ви кажам една случка иако ги има повеќе.
На ден на Прочка нели палиме огин се собираме тука со рдниниве прерипавме огин се пошаливме што се вели земавме Прочка од постарите и си појдовме внатре . Ние собрани сите дома таткоми мајками братми, со братми веднас седнавме на компјутер татко ми и мајками гледат ТВ, и слушаме сите како се отвара влезната врата и кој да стане сега сите изнаседнати појде мајками до ходникот .. нема никој по неколку минути слушаме пак отварање на вратата баш чудно нели јас помислив некој да не влегол да прави некои магиски работи дека му се погодил денот Прочка.
(си велам во себе еве го пак по втор пат отвара врата сега ке видам кој е)
Се вртам нагло во тој момент на прозорецот кај што имам многу добар преглед што нема шанси да ми избега некој од поглед гледам нема никој да помине мајками пак станата вика се нишаат клучевите значи тоа што сме чуле како звук отварање на врата сега е вистинито со нишање на клушевите од бравата се зачудивме сите малку како на страв, и јас реков ете ја Баба ми дојде бидејки незедовме прочка од неа а таа беше умрена пред 6-7 месеци. И овие ајде како да не е, и така нити видовме човек нити траги на животно :D
Значи тоа го чувме сите 4 члена од семејството , а да ми избега некој нема шанси имам преглед до портата Објаснување некој ? поздрав;)
 
Член од
18 јули 2011
Мислења
58
Поени од реакции
20
eve i moja slucka:
sedev doma sama i gledav televizija. Stanav da gi izgasam svetlata i da se napijam voda. Deka beshe temnina ne geav kade odam i se udriv vo stolicata. se vrativ nazat da go uklucam svetloto i koga go ukluciv casata bese na masa i polna so voda (a pred da gi izgasam svetloto casata beshe prazna i stoese vo na levata starna, a posle koga go zapaliv bese na desnata strana so voda).

Isto taka druga slucka otidov da go stavam telefonot da mi se polni. Go prikluciv polnacot vo stekerot i da napravam mal cekor nazad osetiv kako da se udriv vo stolica, a koga se svrtiv stolicata bese daleku od mene.

Druga slucka, bese noke 02:00 casot. mi se zdosadi da lezam vo krevet i stanav da slusam muzika. posle pola saat mi se prispa ama nesakav da si legnam i se setav niz cela kukja. svrtiv nekolku kruga i trgnav da si legnam.Odejki nakaj krevetot zabelezav kako nesto belo, kako cad. Zastanav i toa kako da pomina niz mene. Me fati strav i odma skoknav vo krevet i se pokriv so kebe vrz glava. Pominaa nekolku sekundi i koga go potrgnav kebeto vodov kako duh na malo mache pod maloto masice (kaj mene vo soba do krevetot imam malo masice kade mi stojat nekolku knigi koi gi citam momentalno, mobilniot, slusalkite i laptopot). Inace pred edna godina umre moeto mace. Deka ja gledav majkata macka koga se poragjase i zatoa i umre maleckoto.I teloto go zakopavme so tatkomi do drvoto sto e vednas do mojata soba.[DOUBLEPOST=1396275418][/DOUBLEPOST]mene uste edna. Nokta sonuvav fabriki i sabajleto koga stanav da gi ostavam parite sto mi gi dadoa za jadenje vidov deka ima 1180 denari amam pred da si legnam gi proveriv imase samo 180. Gi prasav moite i oni neznae za sto im zboruvam. Mi vikaa deka mi nemaat cepkano.[DOUBLEPOST=1396278202][/DOUBLEPOST](ne dokazav) A ranecot mi bese skrien pod krevet pozadi drugiot ranec i kesa so enciklopedii
 
Последно уредено:

RedStar

PC GAMER
Член од
4 октомври 2009
Мислења
231
Поени од реакции
50
Со колеги на работе некогаш си кажуваме за вакви чудни работи... Секој има своја приказна, ама еден од колегите шти ни кажа ми остана во сеќавање...
Вели кога бил мал 10-12 години спиел во сам во својата соба и секоја вечер кога ќе угаселе светло неговите и кога ќе погледнел во полицата за книги која му била закачена високо на зидот во ќош, гледал некакви очи како да гледаат во него, вели како очи на лисица или слично... Им кажувал на неговите, но не му верувале... Секогаш се покривал преку глава, но кога и да ѕирнел тие очи биле таму и го гледале... Добро, ај поминале доста години, сега е женет и има синче од 4-5 години и една вечер (сега со син му спијат во собата), вика: син ми покажува према полицата со книги и вика ТАТО КУЧЕТО ВАУ, ВАУ...
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Малце глупо звучи, ама навечер кога легнувам да спијам кога ќе се опуштам, чувствувам вибрација во горниот дел на главата, како буквално да ми се врти главата. Кога ќе склопам очи гледам круг како се врти многу брзо, си го слушам пулсот и дишењето и во секунда заспивам. Некое објаснување?
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Батали го алкохолот.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Освен дежа ву апсолутно ништо, Само тие чудни моменти кога знам што ќе каже, сум го чула тој муабет на тоа исто место кое ми е многу познато, и цела ситуација како да сум ја доживеала, и се ми е познато, веќе видено како во сон..... и чудна бучава во глава...морници по тело....некако непријатно чувство.....Еден период многу често ми се случуваше сега поретко..

Исто ако може да се каже натприродно, за мене необјасниво, имам сонувано непознат дечко во неговиот град како се шетаме пред да го запознаам може година дена, кој покасно ќе ми стане дечко...Ја имаше истата маичка како во сонот...Тоа ме изненади...Го сонував во неговиот град во кој никогаш не сум била, нити видела..Погледнав слики од тоа место после (зашто не е од мк) и не ми се веруваше исто како во сонот дури и пругата беше на тоа место..Облачно тмурно зашто многу врне таму..Тоа ми е едино што ми се има десено што неможам да го објаснам иначе не сум суеверна и не верувам во разни глупости...За скоро све имам објаснување најчесто се поврзани со потсвеста и автосугестијата, освен за овие што неможам да ги објаснам зашто и како е можно.
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782

A dechkoto go poznavash sega, ili shto se zbiva? Zashto ne mozham da protolkuvam shto se desilo.. a interesna storija e bazirana na intuicija i duhovna svest, pa sigurno postoi racionalno objasnuvanje na chovechki jazik.[DOUBLEPOST=1396428398][/DOUBLEPOST]
Еве јас да ви кажам една случка иако ги има повеќе.
На ден на Прочка нели палиме огин се собираме тука со рдниниве прерипавме огин се пошаливме што се вели земавме Прочка од постарите и си појдовме внатре . Ние собрани сите дома таткоми мајками братми, со братми веднас седнавме на компјутер татко ми и мајками гледат ТВ, и слушаме сите како се отвара влезната врата и кој да стане сега сите изнаседнати појде мајками до ходникот .. нема никој по неколку минути слушаме пак отварање на вратата баш чудно нели јас помислив некој да не влегол да прави некои магиски работи дека му се погодил денот Прочка.
(си велам во себе еве го пак по втор пат отвара врата сега ке видам кој е)
Се вртам нагло во тој момент на прозорецот кај што имам многу добар преглед што нема шанси да ми избега некој од поглед гледам нема никој да помине мајками пак станата вика се нишаат клучевите значи тоа што сме чуле како звук отварање на врата сега е вистинито со нишање на клушевите од бравата се зачудивме сите малку како на страв, и јас реков ете ја Баба ми дојде бидејки незедовме прочка од неа а таа беше умрена пред 6-7 месеци. И овие ајде како да не е, и така нити видовме човек нити траги на животно :D
Значи тоа го чувме сите 4 члена од семејството , а да ми избега некој нема шанси имам преглед до портата Објаснување некој ? поздрав;)
Najverojatno si razmisluval kako shto treba. Toa bi bilo babata, bila prisutna tamu samo ne ste ja videle zashto koga chovekot umira ide vo nekoi drugi dimenzii koi nie racionalno ne mozheme da gi skontame i vidime, zashto tie dimenzii se nadvor od nashata trodimenzionalna realnost i gi dozhivuvame kako paranormalni. Pozdrav. :)
 
Последно уредено:
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
A dechkoto go poznavash sega, ili shto se zbiva? Zashto ne mozham da protolkuvam shto se desilo.. a interesna storija e bazirana na intuicija i duhovna svest, pa sigurno postoi racionalno objasnuvanje na chovechki jazik.[DOUBLEPOST=1396428398][/DOUBLEPOST]
Значи ја сонувам некој непознат дечко во некој град непознат...Нели стално сањаме непознати луѓе никад видени во живо..Така и јас...Го сањав во маичка која он ја има потполно иста, црна со нешто зелено напред, градот во кој шетавме и зборевме беше идентичен како во сонот, а претходно ни на слики го немав видено зашто е надвор од мк....Значи до детаљи беше се исто, имаше железничка пруга,па планини и тополи, облаци тмурно време а таму многу врне иначе...Кога ми објаснуваше збореше во сонот пафташе со рацете као некоја гестикулација има со раце...Тоа му е специфично и во уживо кога држи предавања така објаснува..Потполно ист...
И после година ипол од сонот, јас го среќавам него, се заљубуваме и почиње врска...Но мене не ми текна воопшто на сонот првите дена од нашата врска, се додека не ја видов неговата маичка, тогаш се потсетив на све...Неможев да верувам. После гледав слики од неговиот град и беше идентично скроз!
Инаку еве еден детаљ од сонов што испадна и во реалност..Во сонот одевме и зборевме ми објаснуваше нешто поим неам што(иначе и овака многу е зборлив уживо) и ме остави на некоја слепа уличка со препрека и го снема! Јас сама изгубена исплашена целата го барав и такво ружно чувство имав да бев пресреќна кога се разбудив во тој миг, зашто тоа било само сон....И во нашата врска се испостави на крај да го направи истото, ме разочара....
Но неможев да верувам да веќе сум го сањала...и видела...
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Epa terminot za situacijava bi bila ' vekje videno ' ili deja vu. A patot za toa kako se desilo mislam deka nema rechnik i teza, poshto tie temi se mnogu otkacheni i se raboti za drugi dimenzii i nekoi vishi sili kako shto nie gi vikame, a vsushnost gi poseduvame tie mokji da gledame vo idninata i da znaeme shto kje ni se sluchi i toa se sluchuva po koncept na produhoveni lugje koi imaat povisoka svest i soznanie za sami sebe i za svetot, iako e nesvesno i iracionalno od nashiot raspon na deshifriranje kodovi, informacii od drugite univerzumi i svetovi. Taka da vo princip ti imash srekja i potencijal za toa shto ti se sluchilo, sega imash plus na znaenje deka postoi neshto povekje od 5-te setila, leva strateshka mozochna sfera i trodimenzionalna hologramska proekcija koja ja proizveduvash so pomosh na tvoeto bioloshko procesorche taka narecheno mozok. Pozdrav i se nadevam ti pomognav i me sfati. :)
 
Член од
29 март 2014
Мислења
99
Поени од реакции
32
Ми се има случено да седам сама значи буквално сама во цела куќа и во собата чувствувам незнам како да го опишам тоа како некој вид енергија т.е нечие присуство.100 % имаше нешто во тоа затоа постојано како што седев чувствував нешто зад мене како да стои и кога и да се свртев таа енергија се губеше и потоа тоа присуство се појавуваше и тоа траеше некаде 4-5 дена и после ништо кога и да седев сама беше се нормално.Малце ми беше језиво али помина и тоа е тоа.
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Малце глупо звучи, ама навечер кога легнувам да спијам кога ќе се опуштам, чувствувам вибрација во горниот дел на главата, како буквално да ми се врти главата. Кога ќе склопам очи гледам круг како се врти многу брзо, си го слушам пулсот и дишењето и во секунда заспивам. Некое објаснување?
Saka da se otvori tretoto oko, sakaash da idesh u drugi dimenzii...? Mene mi se ima sluchuvano i seushte ponekogash svesno mi se sluchuva, pa taka si go objasniv sam na sebe. Mi se otvaraat chakrite i vsushnost se exterioriziram, duhovno patuvam dodeka telesno stangiram i sum vo alfa faza na svest i bash e cool sostojbata, probaj da preusmerish na srceva chakra - kje imash mnogu jako chustvo, neshto blisku do orgazam. Chitaj literatura za chakri i za astralna proekcija mozhebi kje si go pronajdesh tamu odgovorot. :)
 
Член од
19 март 2014
Мислења
130
Поени од реакции
45
Мене ми се десило легнат на грб сабајле приметувам светлина на очите но не сум ги отворил очите зш ми смета светлото но приметив раката не можам да ја мрдам пробав со другата пак не можам , пробав да викнам некој да ми помогне но не можам уста да отворам ни глас освен само МММММММММММ само тоа можев тогаш ептен јако се вознемирив ..ќе пукнев од вознемиреност значи телесно ништо па и уште толку се изнервирав коа си реков АЈДЕ БЕ БАР СО ГРБОТ ИЛИ ВРАТОТ ДА СЕ ПОМРДНАМ ...... АБЕ НИШТО …..мислев ми побеле косата во тој момент од толкава мака нервоза пробав да се смирам и се смирив наеднаж и си реков ОК ВАКА АЈДЕ РАКАТА-НЕЈЌЕ ДРУГАТА- НЕЈЌЕ НОГАТА НЕЈЌЕ ГЛАВАТА -НЕЈЌЕ ВИЛИЦАТА-НЕЈЌЕ ….......Пак се изнервирав ко прееска и пак пробав да се смирам и реков ова не сум пробал ...да отворам очи да видам на што сум и кога веќе ги отворив немаше никој над мене ниту сум бил врзан и ми мрда вратот се вртам десно гледам накај раката прсти ми мрдат па целата рака па со осет видов дека целото тело ми мрда се исправив седнав и се прашав ШТО ЛИ БЕШЕ ОВА ?!?!?!?!?!!??!?!?!
 
nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
Еве мене последно што ми се случи. Си доаѓам од факултет дома навечер и додека татко ми ја ставаше колата во гаража јас го чекав пред вратата на куќата. И слушам едно: ,,Стигна синко?". И мислев дека мајка ми ми зборува одозгора ама погледнувам нагоре накај терасата нема никој. Се вртам наоколу, гледам по улицата по другите тераси да не има некој, ама никој, се мирно, тивко, ни човек ни маче ни куче. Си викам ,,Дефинтивно не ми се причинува, го слушнав јасно и гласно". И се качувам горе и и викам на мајка ми ,,Мамо ти ми рече нешто?" и таа ,,Не бе, зошто?" и јас и кажувам, таа се зачуди, по некое време и татко ми се качи и се чудевме сите тројца. Можеби е мојата баба којашто е почината пред неколку години, зошто таа ме пречекуваше на тој начин кога ќе си доаѓав од школо. Можеби не е ништо, кој знае...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom