Не ми се верува дека заспав и не го гледав лигавењето на бебето. За жирито немам коментар, одамна реков дека таму вредат само Кристина и Кики (иако на Кики сите му се супер и не секогаш е објективен). Чим Емина дреме на твитер, твитерџии кажете и што мислите за неа, лигава и одвратна е, а и не знае да прифати критика одма се лути. Цела вечер превртуваше очи кога Кристина требаше да каже нешто. И одвај чекаше да искоментира нешто против неа.
За Маид се докажува дека не знае да пее странски, затоа само Чолиќ му го даваат, само за тие има глас. Нема Х фактор дечкото.
Илма испеа предобро, прв пат после аудицијата ми се допадна и песната и како ја испеа. Малце имаше грешки во текстот ама нема врска.
Од Доктори треба да престане да се форсира Армин, Кристина тука многу греши.
Брковиќ не ми се допадна вчера, некако не ми е за овој тип на песни она.
За Харис ќе кажам дека одвај чекам да испадне, не заслужува покрај вакви луѓе да биде.
Не знам во Лукијан што гледаат луѓето ама мене ми е грд и не ми се свиѓа како пее странски песни, нека си се задржи на песни од Тропико бенд, може ќе успее по кафани да пее, со Емина заедно.
Алекса лошо испеа, лошо почна и затоа Емина му рече уште еднаш почетокот како божем да покаже дека не било до него. За балади добар би бил, ама друго тешко да пее.
Даниел иако пееше песна што не ми се допаѓа одличен беше, само стварно треба да престане да се глупира.
4U минатата емисија беа добри, оваа не баш и мислам дека гласините дека се караат се точни и затоа и испаднаа, сега ќе видите сите по својот пат ќе си тргнат, освен ако нема некаков договор со продукцијата па да мора да останат заедно уште некое време.
За Тамара не знам што да кажам, вчера не испеа лошо ама нема некој глас и не би можела секакви песни да пее.