Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Ја стварно незнам ти каде излагаш чим не си видела машки како играат, демек сите сте биле во Виена па знаете како е во дискотеките и клубовите тамо.
Знам дека ти е миленик како што и самата кажа, и дека приоѓаш одбранбено кога ќе се спомне лош збор за него.. никој не го оспорува неговото пеење, али дечкото е глуп ко сатар се гледа. Колку сакаш брани го, не сме слепи и глуви. Такво лигавење од негова страна не е потребно. Минатата емисија Снеже го прашува "Даниел имаш ли девојка?" и овој и одговара во стил "Немам девојка, али добро, ако Господ ми дае ќе имам девојка, ако не здравје". Мислам каде со ова?
Не велам дека не е филозоф, ама тврдам дека е во право. По дискотеките кај нас, обично машките не играат, освен на начинот кој го опишав погоре. И јас истото би го кажала. И девојките повеќе не играат, туку се шетаат низ дискотека за да бидат видени, а машките стојат и не мрдаат. Речиси секаде, во секоја дискотека каде сум била. Не реков сите нели, реков обично и скоро сите.
Не можеш да кажеш дека е глуп, тоа што понекогаш знае да каже нешто зелено е производ и од фактот дека е на телевизија. Сите во животот сме треснале по некоја глупост, али немало камери за да ни го фати тоа.
“Ако Господ даде“ е израз кој често се користи, не знам што не е јасно. Сигурно не мисли дека Господ ќе се симне на земја и лично ќе му даде девојка.
И јас мислам дека некад не треба толку да развлекува со зборење, ама не го напаѓам, ниту мислам дека е лигав.