Еве ме мене со целосен преглед
.
Ко по обичај, прво да кажам за
4U дека тие испаднаа, па ќе продолжам понатаму. Девојките иако делуваше дека не се мирисаат многу, многу, мене ми беа ептен симпатични. Речиси секоја вечер имаа одличен настап, иако според мене најдобри беа со Summertime Sadness. И овој настап ми беше ок, само што искрено преку глава ми е од When Love Takes Over. Ваљда дека ја отупеа едно време, па ми е одмилена, а инаку вака поштено си ја изведоа. И песната за спас беше ок песна и одлично ја изведоа и дефинитивно направија грешка што ги пратија дома. За Емина разбирам, ментор му е на Харис, а Жељко исто знаев дека ќе гласа за него. Не е затоа што мислам дека Харис е дете, туку навистина беа подобри од него во сите вечери, а и денеска плус.
Идеме натаму:
1.
Маид - Вечерва ми беше одличен, најдобар настап на досегашните гала вечери. Одлично му легна песната, мене лично ептен ми се допадна.
2.
Харис - Детето нема лош глас... за на Поточиња или Златно Славејче.

Многу детски глас има, едноставно да сум свртена кон ѕид додека го слушам, нема да бидам сигурна дали машко или девојче пее. Не му е оформен гласот - ФАКТ. Нема сила да пренесе емоции кои се бараат од тие песни што ги пее. Плус со плачењето доби минус од мене огромен и навивам да испадне. Фаќаш бодови на плачење. На ништо не личи. Ај разбирам да му кажеа дека иде дома, па да пушти солза, ок, ама тој се расплаче уште веднаш кога девојките почнаа да пејат. Како бе мајчиниот не се расплаче додека пееше, како успеа вокално точно (горе-доле) да ја испее без да плаче, а у прв момент кога девојките почнаа да се убие од плачење? Не знам, огромен минус доби кај мене. Ако не си спремен - НЕ се пријавувај.
3.
Илма - феноменална вечерва. Одлична песна, одлична изведба, уште да почнат да ја облекуваат за нејзините години, а не ко да има 56, уште подобро ќе биде. Инаку во поглед на изведба - ТОП!
4.
Доктори - Најдобар настап нивни до сега! Одлични.
5.
Александра - Не беше лоша, но ете, мене ми нема Икс фактор девојката, иако за глас нема никаков збор - грми. Само некако не го користи баш во правилна насока.
6.
Алекса - најслаб негов настап. Изнафалшира ептен. Али се уште преубав.

Го ставаш на mute и го гледаш.

И не, не сум јас од тие што гласаат за него, не се секирајте. У суштина, ок ми е што е тука, но и да испадне, нема многу да жалам, за среќа тука е ЈуТуб, па ќе си го зјапам у монитор...

7.
Даниел - ОДЛИЧЕН! Мојот фаворит, немам никакви забелешки, освен тоа што малку го згреши текстот, пеењето и целокупниот настап му беа феноменални, па кој што сака нека збори. Срце!

8.
Лукијан - Лукијан заедно со Даниел ми беа најдобри вечерва. Апсолутно на висина на задача. Реков, после Даниел, Лукијан ми е втор фаворит.
9.
Тамара - Мислам дека не беше фер што таа беше единствена што не пееше ДИСКО или денс песна, туку акустична и ептен спора. Веќе кога се тематски вечерите, нека се тераат до крај. Отпеа коректно, но ете, нејзиниот глас ме иритира, на радио да ја чујам, веројатно ќе ја сменам станицата. А и нон-стоп нешто се жали измеѓу редови. Да, Тамара, на интернет ќе има секогаш негативни коментари, и не знам од каде чудењето каде чуле луѓето фалш претходната гала вечер. Мал фалш не е ништо страшно, страшно е луѓето да ги правиш глуви. Ми се одмили девојкава пред едно 2 гали и то је то.
Многу ми е жал за Кристина. Професионална до крај, а делува и на прекрасна личност.
Ќато ќе го гледаме уште долго.
Мислам дека на наредната у дуел пак ќе се најде Александра, можда пак со Ќато и повторно Ќато ќе се провлече со плачење.