Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.342
Поени од реакции
7.097

реално ова се случува кога ќе наидат две пуштени кучиња од ист пол(машки-машки или женско-женско),џабе не се донесуваат законите за поводник и маска,а во некои земји сопственициве ќе бидат казнети ригорозно заради овој “луксуз“
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285

Ајде и ова ќе го изџвакам за тебе- во насловот на клипот што си го поставил пишува доминантно однесување. Ако си бил запознат со овие раси, само првите два збора ќе ти беа јасни. Можам да ти поставам клипови од пичневи, чивави, пудли... со истото однесување. Доминантни кучиња, без разлика на расата реагираат вака. А доминантри кучиња имаш во секоја раса. Две доминантни глави и кај луѓето знаат да напраат тепачка, а воедно истата да заврши со крвопролевање. А во доминантното однесување, не станува збор само за мажјаци или за женки. И мажјак и женка, ако се доминантни можат партал да се напраат.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.342
Поени од реакции
7.097
Ај види што имам на аватар а немам ни една карактеристика од твоите стереотипи што ти се вртат во глава. Целта на мојот ротвајлер е да биде миленик и прилично фино си ја исполнува. Агресија, што беше тоа? Да, ќе биде агресивна ако сум нападната, безразлика на расата. Дали е рот (па еве и пинчов сега пробува да ме брани:rolleyes:), дали е лабрадор, секое куче се поставува заштитнички кон сопственикот.

Друже, очигледно твоето непознавање на овие раси е ОГРОМНО и си доста некомпетентен за дискусија, па да речеме дека ова е голем напор што јас го правам да се објаснам со тебе (и слични на тебе). Веќе не можам да се замарам, продолжи си со такво мислење и никогаш не земај раса на куче од овој тип, ќе им направиш услуга на нив а и на сите одговорни сопственици. Толку од мене.
значи одбегнуваш да реплицираш на она што е прашано - еве јас ќе одговорам

војската и полицијата ги имаат најдобрите легла од овие раси - шарпланинци,ротвајлери,волчјаци(и др) работат со нив и ги обучуваат за полесни задачи(чувари,стражари) како и комплексни (разбивање на толпи и демонстранти,чување на гранични појаси,трагање и откривање како и неутрализирање на терористи,банди,емигранти и слично итн итн)

очигледно ти не знаеш што поседуваш во свои раце,а богами ако не го почитуваш законот вакво моќно животно може да ти наштети тебе (индиректно со нанесување на штета на друго лице ) и загрозување на сигурноста на другите луѓе или животни.
--- надополнето: 3 февруари 2014 во 13:32 ---
Ајде и ова ќе го изџвакам за тебе- во насловот на клипот што си го поставил пишува доминантно однесување. Ако си бил запознат со овие раси, само првите два збора ќе ти беа јасни. Можам да ти поставам клипови од пичневи, чивави, пудли... со истото однесување. Доминантни кучиња, без разлика на расата реагираат вака. А доминантри кучиња имаш во секоја раса. Две доминантни глави и кај луѓето знаат да напраат тепачка, а воедно истата да заврши со крвопролевање. А во доминантното однесување, не станува збор само за мажјаци или за женки. И мажјак и женка, ако се доминантни можат партал да се напраат.
ваљда разликуваш животинче кое може да се смири со една клоца и овие другиве за кои можеби ќе треба да се замолкнат со огнено оружје
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
...очигледно ти не знаеш што поседуваш во свои раце...
Очигледно знам, пошто замисли- јас го чувам. А се додека не си бил во контакт со истиве раси, не можеш да збориш за нив, пошто не си очигледно добро запознат со истите. Во темава се разговара за одговорно однесува од страна на сопственикот, безразлика на расата. Воедно, во моментов чувам и пинч и ротвајлер под ист покрив, замисли кој ми прави проблеми цело време? Ротвајлерот не е сигурно...
Тоа стереотипите што ги имаш во глава никој не може да ти ги искорени освен ти самиот. Сакаш да те договорам да ги запознаеш кучињата мои? И баш после тоа одлучи ти од кое ќе се исплашиш...
--- надополнето: 3 февруари 2014 во 13:45 ---
војската и полицијата ги имаат најдобрите легла од овие раси - шарпланинци,ротвајлери,волчјаци(и др) работат со нив и ги обучуваат за полесни задачи(чувари,стражари) како и комплексни (разбивање на толпи и демонстранти,чување на гранични појаси,трагање и откривање како и неутрализирање на терористи,банди,емигранти и слично итн итн)
Ај сега ти одговори ми, зашто војската и полицијата се одлучиле баш за овие раси? Ќе морам да ги додадам и Белгиските(дупли помали од сите овие што ти ги наброи), пошто не ги наброи а се најмногубројни.
Пошто нема да знаеш да ми одговориш, јас ќе ти кажам- расите се МОЌНИ, ЛОЈАЛНИ а пред се лесни за ТРЕНИНГ!(Освен шарпанинецот)! Толку од твоето познавање на овие раси. Тоа ти беше прашањето, зашто? Ете ти зашто!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.342
Поени од реакции
7.097
Очигледно знам, пошто замисли- јас го чувам. А се додека не си бил во контакт со истиве раси, не можеш да збориш за нив, пошто не си очигледно добро запознат со истите. Во темава се разговара за одговорно однесува од страна на сопственикот, безразлика на расата. Воедно, во моментов чувам и пинч и ротвајлер под ист покрив, замисли кој ми прави проблеми цело време? Ротвајлерот не е сигурно...
Тоа стереотипите што ги имаш во глава никој не може да ти ги искорени освен ти самиот. Сакаш да те договорам да ги запознаеш кучињата мои? И баш после тоа одлучи ти од кое ќе се исплашиш...
--- надополнето: 3 февруари 2014 во 13:45 ---

Ај сега ти одговори ми, зашто војската и полицијата се одлучиле баш за овие раси? Ќе морам да ги додадам и Белгиските(дупли помали од сите овие што ти ги наброи), пошто не ги наброи а се најмногубројни.
Пошто нема да знаеш да ми одговориш, јас ќе ти кажам- расите се МОЌНИ, ЛОЈАЛНИ а пред се лесни за ТРЕНИНГ!(Освен шарпанинецот)! Толку од твоето познавање на овие раси. Тоа ти беше прашањето, зашто? Ете ти зашто!
лесни за тренинг :pos:

моќни,лојални,а по миризбата за кучка пред парење или пак миризба од салама,колбасица забораваат на СЕ друго :pos:

од вакви како тебе што делат дезинформации и мислат дека знаат СЕ,а и плус ги класифицираат другите луѓе дали знаат или не знаат заради тоа што имаат различно мислење(а и поточно мислење од твоето) нема аир дефинитивно.........поздрав и ти посакувам ако не ги почитуваш прописите,а поседуваш моќна раса да ти лупаат казни секој месец по 2-3 ко за пример на останатите,тој пример ќе биде најдобар за останатите неодговорни сопственици кои мислат дека знаат СЕ за кучињата и нивното однесување општо.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
Цел живот сум израснат со кучиња ( шарпланинци )...али ова во последно време што гледам стварно не е во ред. Трчам во парк и гледам минимум 3-4 питбула ко на стероиди напраени пуштени без ланец и маска слободно си трчаат а газдите едно 30 метра позади. Опасна раса на куче е ова а и врие деца во парк само прашање на време е кога ќе се деси беља ако продолжи ова.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.342
Поени од реакции
7.097
Eve be jas ke ti kazam - obicno koga ke se sretnat dve kucinja od ist pol SE DUSKAAT I SI IGRAAT, a okolu 15-20 kucinja od ist ili razlicen pol ISTO TAKA SI IGRAAT. Naprimer eve vo gradskiot park vo Veles minatovo leto sekoja vecer se sobiraa edno dvaesetina kucinja so najrazlicni rasi polovi i vozrasti i site se brkaa i si igraa,i trcaa po topce zaedno i dobivaa gricki zaedno i ne napravija incident celo leto. Inaku vo grupata imase germanski, belgiski ovcari, kane korsa, am buldog,haski, malamuti, samojedi, labradori, mesavini so mal rast,maltezeri,si-cu, pinc, sarplaninci...i nisto ne se sluci, si igraa najnormalno i maski i zenski i mali i golemi kucinja. Oti toa se normalni kucinja so normalni sopstvenici, i deca idea i si igraa so niv i gi galea i niednas nemase nieden incident. I toa bece celo leto, osobeno vo golemite gorestini koga kucinjata bea zaedno po 2-3 casa sekoja vecer. I sto sega?
ова кажано на форум,иначе во пракса баш не е така,ниту може да биде.........единствено ако се скопени сите па останати како плишени мечиња без хормони измалаксани и збунети до бескрај - за грев.........кучешкото дружење се застапува на хиерархија,побарајте литература да не објаснувам сега овде надолго и нашироко кога не е темата за тоа
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Т Р Е С К А Њ Е З Е Л Е Н И
Aјде Mr. smart ass, мала едукација, оваа група на кучиња го држат врвот во интелегенција, веднаш после бордер коли и пудли, што воедно ги прави и премногу лесни за тренинг (ако воопшто знаеш што правиш малку од малку, очигледно ти не би го можел тоа и сигурна сум дека би те изело сопственото куче со твоево "познавање" на кучиња), една од причините зашто ги има толку многу како службени кучиња. Сигурна сум дека се далеку попаметни од тебе нивните хендлери за да одберат раса која што можат да ја контролираат. Но, тоа не значи дека секој еден би можел да излезе на крај со овие моќни кучиња, особено не се препорачуваат за лаици и "познавачи" како тебе. Во правилни раце, овие кучиња се само обични кучиња, со разлика- далеку се попаметни од останатите и полојални кон својата фамилија/хендлери и никогаш, ама баш никогаш, доколку се првилно воспитани не би подпаднале под влијание на кобасица, салама или женка за парење, што воедно ги прави и прекрасни чувари.
Во ситуацијава не станува збор за мислење поразлично од моето. Да беше мислење, немам против да го прифатам, што не значи дека и би се сложила со истото. Станува збор за селекција на цели раси, кои воопшто не ти се познати и се обидуваш да ги претставиш во лошо светло а најблискиот контакт со нив ти бил на телевизија/весник.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.342
Поени од реакции
7.097
кога познавањето теорија ќе го надмине искуството од пракса,тогаш и твоето мислење ќе биде реалното

хендлери ЛОЛ,тоа се кучкари,професионалци,а вие во парк со овие кучиња сте обични несовесни граѓани за кои треба да се погрижи законот(нормално оние кои не го почитуваат)
 
L

Lu

Гостин
ова кажано на форум,иначе во пракса баш не е така,ниту може да биде.........единствено ако се скопени сите па останати како плишени мечиња без хормони измалаксани и збунети до бескрај - за грев.........кучешкото дружење се застапува на хиерархија,побарајте литература да не објаснувам сега овде надолго и нашироко кога не е темата за тоа
Кога сопственикот ќе го наметне својот авторитет - завршува хиерархијата помаѓу кучињата ... толку од мене.

ок кажи кој најповеќе ги употребува расите ротвајлер,волчјак,шарпланинец(и слични) и која е нивната цел и намена
Твоето познавање за овие „машини за убивање“ завршува со ставањето на Ротвајлер, Вучјак (Германски Овчар) и Шарпланинец во иста реченица.

Ако си толкав познавач на „машините за убивање“ како може да го ставиш Шарпланинецот во иста реченица со Ротвајлер и Г.О. ? :tapp:

Шарпланинецот има сосема друга цел и намена, не го мешај него, незнам зошто воопшто го спомнуваш Шарпланинецот во оваа дискусија.
Моментално ТОП 3 службани раси се Доберманот, Ротвајлерот и Белгискиот Овчар Малиноа, а потоа следува Германскиот Овчар, Кане Корсото, Холандскиот Овчар и сл.

А зошто овие 3 раси (поготово Доберманот и Ротвајлерот) се најдобри службени раси, тоа е невозможно да ти го објаснам, бидејќи неможе да се објасни со зборови, тоа треба да се доживее, треба да си во близина на овие раси за да сфатиш зошто се на врвот и зошто се најценети.

А за твоето прашање кој највеќе ги употребува овие раси, и која е нивната цел и намена ... ќе си кажам за мене и од мое лично искуство.

Јас се одлучив за Доберман, бидејќи за мене тоа е совршена раса, ама баш совршена :love:
Што е тоа што го прави Доберманот совршен за мене ?
Тоа се сите карактеристики што јас ги посакувам да ги има едно куче собрани во еден пакет.
Значи Доберманот има се што јас сакам да поседува едно куче, а тоа е: Карактер, Темперамент, Изглед, Градба на тело, Мускулатура, Брзина, Интелигенција ... сите овие карактеристики кога ќе ги добиеш во еден пакет = добиваш совршена раса.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Ја претеравте малце....
Ајде да одиме малку локално,во Битола...
Кој ги пушта кучињата во парк без поводник?
Ако одиш секој ден во паркот ќе видиш еден куп самоједи,хаски,лабрадори пуштени,демек ДА СЕ ИСТРЧААТ....
Лаат корнат по други кучиња....посебно хаските и самоједите....
Слатки се демек и ајде ќе ги амнестираме...
Овие кучиња(пред се лабрадорите) дека имаат (по)мирен карактер имаат ама не сите...
Јас сум имал непријатно искуство со лабрадор мажјак,кој сакаше да ја нападни мојата кучка,ниту маска,ниту совесен сопственик,хаос...
Мојата тогаш заврши со дресура не ни го забележа....
За сите треба да важи законот,од пинч до кангал,нема исклучоци овде....
Ама едно е теорија,сосема друго пракса,посебно не во Битола...
Секој треба да си ги знае границите,и да си го познава кучето....
Ете мојот пример,јас никогаш без маска и поводник не излегувам,одев едно време до стадион,правев вежби,се си беше супер,ама се погодија баш како за малер едни дечишта со пит-бул (демек за борби го спремале) пуштен ми дојдоа ненадејно на играчиштето и одма се фатија со мојата,и дресура и се во тие моменти избледеа,кога ќе се осети загрозено кучето се брани.......
Е па сега тоа е карактер кај ротвајлерот,нема повлекување,нема бегање...и на крај одвај куртули пит-булот...
Не е ова фалење,не требаше ова во никој случај да се случи,ете се случи,се погодија две раси,не се трпат:гомце:hapens.. ...
Е од тогаш не се замарам да одам на стадион,посебно не ја пуштам без поводник,зошто јас да пичитувам закон а некој друг да ми се шета со стафорди и пит-були пуштени од ланци..посебно не на лето кога ќе врие од пуштени кучиња....а жалосно е шо многу опасни раси се во рацете на малолетни деца...
За овие кој да бери гајле?и за овие треба да следат санкции....
Со дресерот дури беше не се случуваа вакви работи,е па сеа јебига не се сите дресери....
И на крај зошто јас да бидам црна овца во градот кога се по закон си правам..можеби не сум некој хендлер,ама барем си берам гајле за кучето и за околината,и досега освен случајот со пит булот немало никаков ексцес,а сум имал лоши ситуации со шарпланинец,Г.О....
Со обичните кучињ ака џукели не се ни замара,се обидувале да ја нападнат цела глутница,не се ни помрднува....
Ниту е агресивна кон луѓе,напротив дозволува да ја галат луѓе,со ниту еден човек сум немал проблем никаков,посебно деца....
Редовна вакцина,маска,поводник,не лае кучето никогаш без потреба,не како некои шо не застануваат со џавкање,ниту смета на комшии ниту ништо...
Ако веќе сакаат да имплементираат некоја нова(корисна)легислатива,треба малку да се ДОНЕСИ КУЛТУРА КАЈ ЛУЃЕВО...
До кај се луѓето стигнати...
Имав две табли во дворот ПАЗИ КУЧЕ со колор слики од кучиња,доста интересни беа,и двете во иста вечер некој ми ги здипли,му се бендиса на некој..(рацете да му се исушат)...
Која стока од народ има значи...за помочани 100-150 денари и клешти донесоа и се,како не ги мрзеше да чекаат да заспијат луѓето за да украдат две табли,шо ќе беше бе клошари луѓе....:tapp:
Закони за опасни кучиња зошто да не,но и закони за луѓе шо се однесуваат несовесно кон кучињата и околината,и пред се создавање услови за кучињата,не да се мешаат...
Но да се дистанцира кои кучиња се опасни...
Доста со стереотипите дека одредени раси се за никаде,другите се супер..туку се да си оди по заслуга..
Ако направи беља кучето,бујрум казна за сопственикот,без разлика дали е пинч,лабрадор,хаска,ротвајлер итн,па ќе се воведи некој ред...
Или само пит булите,ротвајлерите,доберманите,шарпланинците имаат заби,другите кучиња не можат да каснат некое дете,или да го преплашат?
А вака зошто однапред да се осудуваат одредени раси само затоа шо се помоќни од другите?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.342
Поени од реакции
7.097
Кога сопственикот ќе го наметне својот авторитет, завршува хиерархијата помаѓу кучињата ... толку од мене.

Твоето познавање за овие „машини за убивање“ завршува со ставањето на Ротвајлер, Вучјак (Германски Овчар) и Шарпланинец во иста реченица.

Ако си толкав познавач на „машините за убивање“ како може да го ставиш Шарпланинецот во иста реченица со Ротвајлер и Г.О. ? :tapp:
оооооо тапшање ?! мерси <3

шарпланинците ги употребува(ше) АРМ на стражарски места,се ставаа во везови покрај ограда - како и останатите што ги набројав кои се ставени во служба на државата и институциите,така и оваа раса(барем кај нас)

и не сакам да се повторувам,ги набројав отприлика расите и зошто се употребуваат од МВР и АРМ
 
Јас зборам за карактеристиките на Шарпланинецот, а не за тоа дали АРМ ги употребува.

Неможе во една иста реченица да стои Доберман, Ротвајлер, Малиноа и Шарпланинец ... затоа што ______ ____ дополни ако знаеш ;)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.342
Поени од реакции
7.097
Јас зборам за карактеристиките на Шарпланинецот, а не за тоа дали АРМ ги употребува.

Неможе во една иста реченица да стои Доберман, Ротвајлер, Малиноа и Шарпланинец ... затоа што ______ ____ дополни ако знаеш ;)

зависи шо нудиш како награда ако ти е веќе квиз прашањето ;)

читањето литература и одењето по изложби ама баш ич не ја отсликува ситуацијата на терен во која се наоѓаат граѓаните и кучињата(животните)заради несовесните газди на кучиња......
 
Kajgana Shop

На врв Bottom