@ZeenaK9
Не е можно да е „нипинг„ угриз со врвот од вилицата?
Но не сум стручњак или форензичар, нема да прејудицирам дали си или не си во право. Само не ми е јасно кој би измислувал ваква работа, а наводно и сведоци имало.
Друга работа е, нема потреба од ваква заштитничка реакција... сигурен сум дека како популарна раса, има безброј ротвајлери со тешки проблеми во однесувањето, што од недостаток од дресура, воспитување и социјализација, што заради потекло од сомнителни одгледувачници кои се состојат од еден бокс позади во дворот.
За сите испади од вакви ротвајлери вака ќе реагираш?
Сигурно не би реагирала така, кога би ми било логично напаѓањето. Не велам дека не нападнал, велам дека ова не е угриз од куче. Можно е да се изгребала кога паднала (што сеуште не го оправдувам нели), или можеби кога бегала се запнала за нешто.
Ете ти вилица од ротвајлер, ете ја раната на девојката, најди НЗС.
И да е нипинг, прво натоа помислив нели, е невозможно, затоа што имаш 5 гребаници. Кога би било тоа што викаш дека е, би имало или 4 или 6. Нема логика да се 5. Али ајде да карикирам, можда има изгубено заб кучето, па има само 5, кај е долната вилица? Кај се песјаците? Не мора да има дупки/рани од песјаците, али сигурно би имало модрини.
А плус друго, многу битно за ротвајлерот, е дека никогаш нема да те подгризне, познато како и нипинг нели. Никогаш. Или гриза или не. Затоа се вели дека овие раси не предупредуваат, затоа што стварно не предупредува. Во моментот кога те предупредува, уствари те напаѓа и нема назад. Не сакам да ги ставам сликите од угризи од оваа раса, стварно се одвратни. Ако сакаш прогуглај одма ќе ги најдеш, Rottweiler bite marks.
А вака би изгледало во најмала рака, напад на рот, без сериозни последици, нешто што не можеш да го видиш кај девојката. Песјаците мора да ги има.
A воедно реагирам вака поради моментот што во Мк, годишно се регистрирани 900 напади од кучиња, од кои 800 со сопственици. Кај се останатите 799 случаеви, односно прилози на тв? Не велам дека за секој еден угриз треба да се прави прилог, туку велам дека со ова промовирање на расата, истата паѓа во грешни раце, а воедно ни се прави штета на нас, кој што нели си ги воспитуваме кучињата. Грешна слика се добива за оваа раса. Грешно се промовира. Не велам дека нема кретени кои не знаат како со кучињата, ги има, за жал нивниот број е поголем од овие другиве. Ама баш поради вакви промоции, тие истите, ги земаат овие раси за да ги чуваат, пошто нели, мажишта се ако чуваат ротвајлер, нели ротвајлерот напаѓа и убива, па они мора да го имаат тоа куче...
Е тоа е тоа поради кое ја реагирам Ванлок, ако ме разбираш.
Ја сум имала доста пријатни искуства во животов со кучкава, кога многу луѓе, кои ќе ме видат девојче, малечко, со толкаво големо куче, имале храброст да се доближат и да ме прашаат се за таа раса. Некои и децата си ги носат да играат со неа, некои и ме замолиле, бидејќи им било страв од кучиња, да се дружат со неа, па со неа се отстрашувале... доста пријатни искуства, доста променети мислења кај многу луѓе. Е доволно е само една ваква вест, целиот мој труд како адвокат на таа раса, да отиде у курац. Затоа се нервирам, затоа и ќе се нервирам...
Па ако веќе така разговараме ... ондак и за мене тешки дилајли без грам мозок се оние кои што чуваат мали раси на кучиња.
Поарно ќе чувам мачка, отколку глушец во кучешко тело.
Lu???