Ја претеравте малце....
Ајде да одиме малку локално,во Битола...
Кој ги пушта кучињата во парк без поводник?
Ако одиш секој ден во паркот ќе видиш еден куп самоједи,хаски,лабрадори пуштени,демек
ДА СЕ ИСТРЧААТ....
Лаат корнат по други кучиња....посебно хаските и самоједите....
Слатки се демек и ајде ќе ги амнестираме...
Овие кучиња(пред се лабрадорите) дека имаат (по)мирен карактер имаат ама не сите...
Јас сум имал непријатно искуство со лабрадор мажјак,кој сакаше да ја нападни мојата кучка,ниту маска,ниту совесен сопственик,хаос...
Мојата тогаш заврши со дресура не ни го забележа....
За сите треба да важи законот,од пинч до кангал,нема исклучоци овде....
Ама едно е теорија,сосема друго пракса,посебно не во Битола...
Секој треба да си ги знае границите,и да си го познава кучето....
Ете мојот пример,јас никогаш без маска и поводник не излегувам,одев едно време до стадион,правев вежби,се си беше супер,ама се погодија баш како за малер едни дечишта со пит-бул (демек за борби го спремале) пуштен ми дојдоа ненадејно на играчиштето и одма се фатија со мојата,и дресура и се во тие моменти избледеа,кога ќе се осети загрозено кучето се брани.......
Е па сега тоа е карактер кај ротвајлерот,нема повлекување,нема бегање...и на крај одвај куртули пит-булот...
Не е ова фалење,не требаше ова во никој случај да се случи,ете се случи,се погодија две раси,не се трпат
hapens.. ...
Е од тогаш не се замарам да одам на стадион,посебно не ја пуштам без поводник,зошто јас да пичитувам закон а некој друг да ми се шета со стафорди и пит-були пуштени од ланци..посебно не на лето кога ќе врие од пуштени кучиња....а жалосно е шо многу опасни раси се во рацете на малолетни деца...
За овие кој да бери гајле?и за овие треба да следат санкции....
Со дресерот дури беше не се случуваа вакви работи,е па сеа јебига не се сите дресери....
И на крај зошто јас да бидам црна овца во градот кога се по закон си правам..можеби не сум некој хендлер,ама барем си берам гајле за кучето и за околината,и досега освен случајот со пит булот немало никаков ексцес,а сум имал лоши ситуации со шарпланинец,Г.О....
Со обичните кучињ ака џукели не се ни замара,се обидувале да ја нападнат цела глутница,не се ни помрднува....
Ниту е агресивна кон луѓе,напротив дозволува да ја галат луѓе,со ниту еден човек сум немал проблем никаков,посебно деца....
Редовна вакцина,маска,поводник,не лае кучето никогаш без потреба,не како некои шо не застануваат со џавкање,ниту смета на комшии ниту ништо...
Ако веќе сакаат да имплементираат некоја нова(корисна)легислатива,треба малку да се
ДОНЕСИ КУЛТУРА КАЈ ЛУЃЕВО...
До кај се луѓето стигнати...
Имав две табли во дворот
ПАЗИ КУЧЕ со колор слики од кучиња,доста интересни беа,и двете во иста вечер некој ми ги здипли,му се бендиса на некој..(рацете да му се исушат)...
Која стока од народ има значи...за помочани 100-150 денари и клешти донесоа и се,како не ги мрзеше да чекаат да заспијат луѓето за да украдат две табли,шо ќе беше бе клошари луѓе....
Закони за опасни кучиња зошто да не,но и закони за луѓе шо се однесуваат несовесно кон кучињата и околината,и пред се создавање услови за кучињата,не да се мешаат...
Но да се дистанцира кои кучиња се опасни...
Доста со стереотипите дека одредени раси се за никаде,другите се супер..туку се да си оди по заслуга..
Ако направи беља кучето,бујрум казна за сопственикот,без разлика дали е пинч,лабрадор,хаска,ротвајлер итн,па ќе се воведи некој ред...
Или само пит булите,ротвајлерите,доберманите,шарпланинците имаат заби,другите кучиња не можат да каснат некое дете,или да го преплашат?
А вака зошто однапред да се осудуваат одредени раси само затоа шо се помоќни од другите?