Еве, не хејтам веќе, ветувам....
Штом сабајлечки си пишувал толку, не ти се љутам.....very emotional
Ќе си пишувам во „Предлог...“ (и така не ја читаш, да не те нервирам), а у оваа тема нека си летаат вакви рецензии -
Го пуштив вчера Fast and furious 18-ката - топ филмче, екстра 10/10
Ej, се налути, ти реков да не се.
Не гледам што навистина ќе промениш, освен темата, оти исто пишуваш само место форсирање е хејтање, у стил:
Го пуштив вчера F&F 18ката, тапа филм, го исклучив после 10минути оти резервоарот на таа и таа кола собира толку и толку а тие возеа толку и толку - им мерев!
Сакав само да потенцирам дека ако нешто во филм има нереално ти аутомацки го хејташ, не те ни корегирав ни предупредив, ти се обратив како член, не како модератор.
Chekam sea da napisis deka drug od doma ti se uklucil od profilot ili deka ti go haknale
.
Барав вчера рецензии да видам фалење, има само една, од @Hurin а тој му ставил 7-ка, и тоа дека несакал да биде хејтер, оти 6-ка е "хејтање".
Oд кај да почнам, од плиткоста и предвидливоста на филмот? Клише дури и очигледно style over substance?
За првиот бев хајпнат, праат триологија као, океј е - вовед е, се дешава нешто барем, ама продолжија уште послабо, очекував филм, не блокбастер. Немаше тежина, навивање, емоции - најмногу оти знаеш што ќе се случи следно, а помалку оти немаше филмот дубоќина in general, освен во 3д-то.
Или од тоа што кога влегов во собичето од хала се изнасмеав? А кога ќе ми текне му љубоморев на џрагонскај за кинава. Мислев стандард имаат некои синеплекс иста големина секаде, исти квалитет hence смеењето. Ја кога идев на кино на обичен филм (да не зборам за Narnia, Harry Potter и слични филмови пак, или недајбоже IMAX) платното беше x4 поголемо, имаше звук звук а не да се напињам да слушнам само од средните звучници, па морав да го читам грдиот превод понекад, што беше тапа затоа што е под снимката и ме дефокусираше од 3д-то. Кое уствари беше не толку потребно, во ред изгледаше пошо цело време беше така снимен филмот, имаше дубоќина и ликовите делуваа по реално, ама за 2-3 пчели и пеперутки не би дал острина и квалитет, оти во темница сцените на неколку моменти се изнагледав матни и недефинирани снимки што со голо око изгледаа подобро не пак ако беше 2д испукано све на хај!
Мислам дека е време да престанеме да го форсираме серијалот затоа што има големо име, филмот како стендалоун онака да го гледав ќе му дадев 8-ка заради визуелното забавување, ама јас веќе го заборавив, оти тажната ствар е, изгледа да ги собереме 3-те дела од Хобитот на крај, нема да вреди како еден од LOTR. A сакав да ми се допадне, сакав да го форсирам, најмногу од се, пошо специјално за него бев, ме кошташе 1.500 денари мене наспротив вашите 300. Но што е - тука е. Филмот е блокбастер, и успешен at that. Ништо повеќе, освен клише и плиткост. Навистина штета.
А Бенедикт опасен, мамата..