„Сопранови“ прогласени за најдобра серија на сите времиња
Серијата за животот на семејството на мафијашкиот бос Тони Сопрано е прогласена за најдобра серија на сите времиња.
Приказната за шефот на италоамериканското мафијашко семејство Тони Сопрано, која беше емитувана од 1999 до 2007 на каналот Ејч-би-о, се нашла на врвот на 10-те најдобри ТВ-серии во историјата.
Серијата освои голем број награди, вклучувајќи 21 еми и пет златни глобуси. Како еден од најпознатите производи на поп-културата на 2000-те, серијата стана предмет на многу анализи, контроверзии, пародии, а се прошири и на книги, видеоигри, музички изданија и други комерцијални производи.
„Тоа не е случајно, бидејќи тој период се поклопи со значителен пораст на оригинални програми на кабелските мрежи, на кои сценаристите добија повеќе слобода да ја истражуваат моралната комплексност на социјалните средини што ги создаваа“, објаснила агенцијата ВГА, која ја спровела анкетата, во своето соопштение.
Второто место на листата го освоила хумористичната серија „Зајнфелд“, а третото „Зона на самракот“, култна серија од 1950-тите, спој на фантастика, научна фантастика и хорор.
Ретро серијата „Момците од Менхетн“ се нашла на седмото место, „Свртување на лошо“ на 13-тото, „Декстер“ на 66-тото, а „Игра на престолите“ на 40-тото.
Не се заборавени ни сценаријата на анимираните серии, па така „Симпсонови“ го освоиле 11-тото, а „Саут парк“ 63-тото место.
Десетте најдобри серии врз основа на сценаријата:
1. Сопранови (1999-2007)
2. Зајнфелд (1990-1998)
3. Зона на самракот (1959)
4. Сѐ во семејството (1971-1979)
5. Меш (1972-1983)
6. Шоуто на Мери Тајлер Мур (1970-1979)
7. Момците од Менхетн (2007- )
8. Кафулето наздравје (1982-1993)
9. Кодоши (2002-2008)
10. Западно крило (1999-2006)