The Sopranos

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Вистинските Сопранови, благодарение на серијата, фамилијата од Њу Џерси завршува зад решетки:)
 
hahah sto vikas za ova

Ова е најбоље, слуша човекот "Art of War" од Сун Цу а 30 секунди подозна крши двајца од ќотек без око да му трепне...

Вистинските Сопранови, благодарение на серијата, фамилијата од Њу Џерси завршува зад решетки:)

Нема врска уште постојат овие :)
 
„Сопранови“ прогласени за најдобра серија на сите времиња
Серијата за животот на семејството на мафијашкиот бос Тони Сопрано е прогласена за најдобра серија на сите времиња.
mkd-55427.jpg

Приказната за шефот на италоамериканското мафијашко семејство Тони Сопрано, која беше емитувана од 1999 до 2007 на каналот Ејч-би-о, се нашла на врвот на 10-те најдобри ТВ-серии во историјата.
Серијата освои голем број награди, вклучувајќи 21 еми и пет златни глобуси. Како еден од најпознатите производи на поп-културата на 2000-те, серијата стана предмет на многу анализи, контроверзии, пародии, а се прошири и на книги, видеоигри, музички изданија и други комерцијални производи.
„Тоа не е случајно, бидејќи тој период се поклопи со значителен пораст на оригинални програми на кабелските мрежи, на кои сценаристите добија повеќе слобода да ја истражуваат моралната комплексност на социјалните средини што ги создаваа“, објаснила агенцијата ВГА, која ја спровела анкетата, во своето соопштение.
Второто место на листата го освоила хумористичната серија „Зајнфелд“, а третото „Зона на самракот“, култна серија од 1950-тите, спој на фантастика, научна фантастика и хорор.
Ретро серијата „Момците од Менхетн“ се нашла на седмото место, „Свртување на лошо“ на 13-тото, „Декстер“ на 66-тото, а „Игра на престолите“ на 40-тото.
Не се заборавени ни сценаријата на анимираните серии, па така „Симпсонови“ го освоиле 11-тото, а „Саут парк“ 63-тото место.
Десетте најдобри серии врз основа на сценаријата:
1. Сопранови (1999-2007)
2. Зајнфелд (1990-1998)
3. Зона на самракот (1959)
4. Сѐ во семејството (1971-1979)
5. Меш (1972-1983)
6. Шоуто на Мери Тајлер Мур (1970-1979)
7. Момците од Менхетн (2007- )
8. Кафулето наздравје (1982-1993)
9. Кодоши (2002-2008)
10. Западно крило (1999-2006)
 
Ако не сте задоволни од услугата, ќе ви го вратиме ѓубрето.

Ако не сакате да ви го вратиме ѓубрето, тогаш значи сте задоволни од услугата.

:pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

 
Колку ми падна жал за Гандолфини кога почина, ама па и тоа е некоја судбина, Итало-американец, а си умре токму во Италија.
Инаку серијата треба од УНЕСКО да ја заштитат како уметничко дело, го претставува американското општество на дланка, меѓучовечките односи, лицемерието, не е претставен само орг. криминал. Влегува во психата на криминалецот, не само на криминалецот, туку и на социопатот.
 
Една од моите најомилени сцени:

Совршенство човече. Од дијалогот, глумата на Џејмс Гандолфини и Аида Туртуро, до изборот на музика. Мислам дека Сопранови имаат најдобар саундтрак во историјата на сериите. Сцената каде Тони покажа дека е патолошки неспособен да прифати туѓа среќа, и перфектно е доловена неговата црна душа. Sacre bleu, where is me mama! Остани џубре до краја...

Бонус:

:cuc:
 
Wellcome to my world...


Одлична серија...видео кое ја доловува динамиката на заплетот и расплетот...
 
Што серија е Сопранови, динамична или не?
 
Што серија е Сопранови, динамична или не?


Воопшто не е динамична, напротив, бавна е, повеќе драма неголи акција, ништо налик ББ како што бараш, ама на квалитет исти.
Реална серија, совршена, препорачувам, ама знаејќи те.. ќе ја хејташ. :rolleyes:
 
Воопшто не е динамична, напротив, бавна е, повеќе драма неголи акција, ништо налик ББ како што бараш, ама на квалитет исти.
Реална серија, совршена, препорачувам, ама знаејќи те.. ќе ја хејташ. :rolleyes:

За првото, фала ти.
За второто, зошто да хејтам нешто ако ми се свиѓа, никаде не ја исхејтав пример Брејкинг бед.
 
Воопшто не е динамична, напротив, бавна е, повеќе драма неголи акција, ништо налик ББ како што бараш, ама на квалитет исти.
Реална серија, совршена, препорачувам, ама знаејќи те.. ќе ја хејташ. :rolleyes:


Хмм ББ брза е, во однос на дејство? Од секогаш сум мислела дека е бавна.
 
Хмм ББ брза е, во однос на дејство? Од секогаш сум мислела дека е бавна.

Многумина велат дека е бавна, мене ми е совршена во дејство, ни многу бавна ни многу брза.
 
Јас се што сум гледал споредувам со Сопранови. Какви Брејкинг Бедови какви пичке матерне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom