Македонија - Чешка [ 14.01.2014 - 18:15 часот ]

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    191
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 април 2013
Мислења
3.394
Поени од реакции
7.049
Мене стварно не ми се јасни овие изјави од типот:
- Ако не ја декласираат Чешка нека се отепаат
- Лазаров за Јиха бил Душебаев
- Ние сме имале играчи за многу повисоки дострели, ама тренерите ни биле криви
- Јиха бил преценет играч
- ...

Гледате вие ракомет освен Македонија на европски и светски што со вакви изјави летате напред?

П.С. Според мене Јиха е најдобар ракометар на светот, или во најмала рака топ 3-4 во последните 5 години.
 
Член од
2 мај 2009
Мислења
276
Поени од реакции
170
Горан Ѓоргоноски во Нова Македонија има направено убава анализа (и стратегина) за вечерашниот меч.
Пораз на Македонија во 1-то коло на ЕП против големиот фаворит. Очекуван беше сигурно, но не и начинот на кој се реализира. Почеток како во најлошиот кошмар, со многу технички грешки и промашени топки од т.н. зицер-позиции. Кире Лазаров тактички покриен феноменално, без можност да прими топка при влегување на крило или еден од бековите како втор пивот. Јоновски беше премногу статичен и кај него се чувствуваше отсуство од играње во напад. Миркуловски, играјќи во два правци, брзо „издиша“ и промаши многу шанси.
Единствено Стојчевски се обидуваше да направи нешто во рамките на своите можности. Многу се почувствува отсуството на Наумче Мојсовски во дуел-играта, од која се изродуваа многу топки за пивотот и за крилата. На овој меч видовме несигурни крила и просечни пивоти.

Но, и покрај слабата игра во напад, одбраната беше таа што нѐ држеше во игра и на некоја пристојна негатива. Борко Ристовски одбрани тоа што требаше, имајќи предвид дека Данците многу голови постигнаа од полуконтра и контра. Останува ставот дека одбраната е наша шанса и оттука треба да тргнува нашиот успех и само преку одбрана ќе ја добиеме потребната самодоверба, која многу ни недостигаше на овој натпревар.

Од друга страна, во текот на целиот натпревар селекторот на Данците, Вилбек, се обидуваше да ги изротира сите свои играчи и да ги внесе во ритам за следните натпревари на натпреварувањето.
ДЕНЕСКА: МАКЕДОНИЈА - ЧЕШКА. Еден од натпреварите во кои Македонија треба да ја бара својата шанса за пласман во следната рунда. Тоа е селекција што според составот на играчи во ракометна Европа е перципирана како нашата репрезентација, со една голема суперѕвезда во тимот - Филип Јиха, кој е еден од најдобрите светски ракометари. Чешка е репрезентација што ја победивме на минатото ЕП во Србија.

Таа е составена од повеќе ракометари што настапуваат во германската Бундес-лига, и тоа голманот Штохл, бекот Хорак и столбот на одбраната Кубеш. Тоа значи дека бековските позиции им се одлично покриени со играчи што можат да постигнат гол од девет, па и од 10 метри. Предната линија (пивот и крила) е послабиот дел од тимот и тука треба да ја бараме нашата шанса.

Одбраната на Чешка е вообичаено во формацијата 6-0 и е составена од корпулентни играчи, особено на 3 и 4, каде што се наоѓаат Хорак и Кубеш. Играат плитко и му овозможуваат на противникот да ја развие својата игра, а се базираат на нивната височина и квалитетите на голманот Штохл. Во таква ситуација, знаејќи ги нашите напаѓачки квалитети, ќе мора да дојдеме блиску до зоната и со добра топка во залет и промена на места да ја развлечеме противничката зона.

Тука пред сѐ мислам на позициите 2 и 3 каде што се и најтенки. Во овој дел од играта многу важен ќе биде и учинокот на нашите крила, кои можат дополнително да ја развлечат зоната на Чесите. Сигурно дека ќе се обидат и со зона 5-1 или 5+1, но ако не функционира почетната зона.

Во напад се многу статични и се базираат на квалитетите на поединецот (Јиха) и нападите им завршуваат преку средина со шут од 9-10 метри. Ако сакаме успех, во одбрана да играме многу подвижно со подлабоки излегувања на централните играчи и со тоа да им оневозможиме да се размавнат нивните високи бекови. На линијата од шест метри се доста тенки, а и крилата не се на нивото за едно вакво натпреварување.

Стојчевски, Миркуловски, Ангеловски и Лазаров ќе треба да бидат многу „досадни“ и да ја користат својата брзина наспроти корпулентноста и инертноста на противникот. Овој натпревар е еден од ретките во кој Македонија треба да форсира брза игра. Австрија на некој начин ни го покажа рецептот за успех против чешката селекција.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.394
Поени од реакции
7.049
Не мора да е фластер, но мора да има “специјален план“. За мене кога некој ќе каже “немам план“ ми е онака као ќе идеме, па ќе видиме. Во спортот секако дека има многу импровизации, никогаш ниедна стратегија до крај не се исполнува, ама мораш да имаш план. Сите ја знаеме силата на Данска, кај нив и резервниот тим не е ништо послаб од првиот, само во првиот има ѕвезди. :)

Муабетот ми е дека кога знаеш дека имаш еден Хансен, ќе направиш стратегија. Не велам јас дека мора да е фластер, фластер дадов претходно како пример. Не велам ни дека цело внимание треба да е насочено на него. Наоѓаш која е слабата точка и напаѓаш. Реално треба сите играчи подеднакво да ги анализираш и да направиш “специјален план“ т.е стратегија како да ги запреш, макар делувале и ко слаби. Во секој случај ако го неутрализираш Хансен, создаваш и забуна и пад во концентрација на тимот и на стратегијата со која излегле, па самите се принудени да бараат алтернативни решенија и во процесот се прават грешки кои треба да се користат.

Нормално дека не треба фокус само на Хансен, но со оглед на тоа каков играч е, а и нашето искуство со него, мораше да се има план како да го неутрализираат.

Хансен сосема солидно беше чуван. Всушност нашата одбрана во позиционен напад беше одлична. Данците во поголемиот дел од позиционите напади беа целосно неутрализирани. Проблемите беа во контра и транзиција, што е секогаш случај со нашата репрезентација оти немаме играчи кои играат одбрана и напад т.е. слаби ни се играчите.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Хансен сосема солидно беше чуван. Всушност нашата одбрана во позиционен напад беше одлична. Данците во поголемиот дел од позиционите напади беа целосно неутрализирани. Проблемите беа во контра и транзиција, што е секогаш случај со нашата репрезентација оти немаме играчи кои играат одбрана и напад т.е. слаби ни се играчите.
Генерално се согласувам со ова што го кажуваш, но тоа почна да се случува дури после 10-15тата минута од прво полувреме. Првите 10-15 минути беа лоши за нас, т.е ние бевме троа изгубени. Потоа веќе ја поправивме играта и ова што го кажуваш е точно. Второто полувреме исто добро го почнавме, па потоа почнаа утнатите зицери и се случи чудото Престап да не направи престап, но секако да го утне голот, бидејќи нели да не направиш престап и притоа да го погодиш голот е научна фантастика. Во второ полувреме одбраната беше многу подобра отколку во прво.
Дури имам чувство (ок, ова е субјективно) дека првите 10 минути од натпреварот влеговме со преголема стравопочит и трема. Барем така делуваше. Кире беше тотално неутрализиран од прва секунда и со тоа нашите како да не знаеа како да одговорат во тој сегмент од натпреварот.
Да не ни ги спомнуваме техничките грешки кои едноставно секоја утакмица премногу не коштаат. :)
Штета е да не се искористат 6 (или 7 беа?) исклучувања на Данците. А и многу често ни се случува со играч повеќе да правиме грешки и не само што нема да дадеме гол во тие две минути, туку и да примиме гол или два. Многу брзаат, сакаат одма да дадат 2-3 гола во тие две минути и од брзање прават многу грешки.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
183
Поени од реакции
115
На Чешка само Јиха да се сопре другите се просечни играчи. Овие ако не ги тепаме нема што да бараме натаму :unsure:
Хорак просечен играч ли е? Еден од тројцата најдобри играчи на Фуксе

Тие го имаат Јиха ние го имаме Кире
Тие го имаат Хорак ние го немаме Наумче
Имаат класа голман во Штохл ние го имаме Борко
Остатокот од тимот им е за класа послаб од нашиот остаток од тимот

Би требало предноста да е на наша страна, но сепак за нив денешниот натпревар е да се биде или не за понатаму оти против Данска немаат никакви шанси. За нас победа би било сигурен пролаз понатаму. Пораз од Чешка до 5 гола разлика и победа над Австрија од барем од 1 гол за нас значи пролаз понатаму и пренос на 1 победа.
Но фактот дека Австрија се покажа како многу силна и против нив победата не ни е нам загарантирана така да вечер би рекол клучно ќе биде и за нас за пролаз па мора да се победи.
Мора добро да се чуваат Јиха и Хорак, а и да се пази на Јан Собол кој против Австрија одигра квалитетна партија.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Не бидете наивни да верувате во секоја изјава. Сигурен сум дека Хансен бил убаво проанализиран исто како што и Кире е кај противниците. Всушност еве ја и новата изјава на Јоновски каде што вика дека за Јиха знаат и што доручкува и руча, а не па како игра. Идат и до најситен детал, ама тие се светски играчи, не можеш да очекуваш да не даде ниту еден гол.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Битно е да се оди без калкулации. Дај еднаш сами да си ја завршиме работата, наместо да се молиме и тресеме математиките да излезат ко што треба и другите да изиграат за нас. (бидејќи најчесто не излагаат :ROFLMAO:)
 
R

Rigel Kent

Гостин
Денеска добро да изиграат Манасков/Ојлески и Георгиески и немаме гајле , нивните крила се дупки невидени. Во однос на Кире малце поактивен да биде во додавања кон крилата а Стоилов со помалку грешки а нека ротира со Димоски.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.973
Поени од реакции
15.275
Мене стварно не ми се јасни овие изјави од типот:
- Ако не ја декласираат Чешка нека се отепаат
- Лазаров за Јиха бил Душебаев
- Ние сме имале играчи за многу повисоки дострели, ама тренерите ни биле криви
- Јиха бил преценет играч
- ...

Гледате вие ракомет освен Македонија на европски и светски што со вакви изјави летате напред?

П.С. Според мене Јиха е најдобар ракометар на светот, или во најмала рака топ 3-4 во последните 5 години.

Подфорумов од кога почна првенството е тешко ѓубре бетер од подфорум религија. Какви се не коментари имаше чудо е тоа.

он топик: Песимист сум за мечов после се надевам дека ракометарите нема да ги потценат чесите како повеќето ликови тука.
Чесите имале просечни играчи. А ние што имаме бе луѓе ? Манасков и Гоце се тешки просеци, на лев бек веројатно сме најслаби од цело првенство, централен може малку надпросечни ако му тргне на жутиот, пикер ништо посебно.
Грешка во чекори е да кажеш дека Јиха бил послаб од Кире, во најмала рака се изедначени. Дури по мое мислење Јиха е и подобар од Кире..
 
Член од
4 ноември 2008
Мислења
1.330
Поени од реакции
80
Ќе им брани Штохл после? Негде прочитав дека бил неизвесен:)
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.152
Поени од реакции
8.122
Јиха е покомплетен играч од Киро, на највисоко ниво лупа и одбрана и напад во Кил лига на шампиони, а Киро ете само во напад и во Барса и кај нас, во секој случај кога Киро ќе остани да игра одбрана примаме гол, затоа и во Барса добива шанса најчесто на формиран напад.
Иако ми се чини сега далеку повеќе се залага и движи од колку лани на светското.
А Чешка можиме и мораме да ја рокниме, едноставно повеќе ми се чини ќе ја сакаат победата и поискусни и подобри сме.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.505
Поени од реакции
2.424
What if I tell you that Данска ќе изгуби од Австрија?:cool:
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Ете Јиха бил преценет и што ти ја знам каков играч. Кажуваат луѓе што го гледале на 2-3 утакмици и тоа нормално во Чешка репрезентација.
Во тој случај и Кире изгледа како просечен играч во репрезентацијата, затоа што форсира шут кога треба и не треба.
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
353
Поени од реакции
429
Хорак просечен играч ли е? Еден од тројцата најдобри играчи на Фуксе

Тие го имаат Јиха ние го имаме Кире
Тие го имаат Хорак ние го немаме Наумче
Имаат класа голман во Штохл ние го имаме Борко
Остатокот од тимот им е за класа послаб од нашиот остаток од тимот

Би требало предноста да е на наша страна, но сепак за нив денешниот натпревар е да се биде или не за понатаму оти против Данска немаат никакви шанси. За нас победа би било сигурен пролаз понатаму. Пораз од Чешка до 5 гола разлика и победа над Австрија од барем од 1 гол за нас значи пролаз понатаму и пренос на 1 победа.
Но фактот дека Австрија се покажа како многу силна и против нив победата не ни е нам загарантирана така да вечер би рекол клучно ќе биде и за нас за пролаз па мора да се победи.
Мора добро да се чуваат Јиха и Хорак, а и да се пази на Јан Собол кој против Австрија одигра квалитетна партија.
Само едно ќе кажам дека денес ќе одлучуваат голманите. Ако брани Борко како што бранеше против Данска мое мислење е нема што да бараат. !!! СЕПАК СО СРЕЌА
 
Член од
6 април 2012
Мислења
18
Поени од реакции
6
Ovoj neoporaven sakame da dade golovi. Of lele mori majko. Ali bar motiviran.

ФОТО: ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ – СЕКОГАШ АКТУЕЛЕН, СЕКОГАШ ВО ФОКУСОТ НА ВНИМАНИЕТО14.01.2014 15:34


Каде е Филип Миркуловски, таму се камерите и фотоапаратите. Секогаш е актуелен, секогаш во фокусот на вниманието.







Миркуловски: Живеам за таквите натпревари.

- Добро се чувствувам, иако се уште на сум целосно подготвен, по операцијата и по долгото отсуство. Но вакви мечеви посебно ме мотивираат и со нетрпение ги чекам. Го гледавме натпреварот Австрија – Чешка и мој впечаток е дека Чесите одиграа многу под своите можности. Ги знаеме квалитетите на Филип Јиха и не верувам дека таков ракометар може двапати да одигра слабо. Но, јас верувам во нашата репрезентација и, ако бидеме одговорни и обединети, вечерва ќе се радуваме, рече Миркуловски во разговорот со новинарите во хотелот “Скандик Реџина“, во Хернинг.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom