Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тоа дека е шизофреничар, да, факт е и нема простор за толкување. Ама за она што се случи по истрелот може да се создадат еден куп теории:
1. Нараторот се убива себеси и она што се случува во последните секунди од филмот всушност е само неговото замислување пред конечно да му згасне мозокот (нешто како во Stay);
2. Куршумот поминал низ образот, исто како во книгата каде неговото лице е погротескно за разлика од тука и каде Нараторот веќе има дупка од другата страна на лицето како последица на една од тепачките со Тајлер (читај: со самиот себе), иако тука јасно се гледа дека оштетувањето на неговата глава е поголемо од само една дупка во образ;
3. Истрелот е само последен начин на Тајлер да му покаже на Нараторот дека го достигнал дното, затоа и Тајлер исчезнува - веќе не е ни потребен. Или поопширно и од друг агол: преку извршувањето самоубиство, Нараторот покажува дека веќе не се плаши од смртта и од болката (што и всушност Тајлер го учи во сцената кога му става хемикалии кои му ја горат раката), а поради тоа улогата и учеството на Тајлер веќе не е потребно, зошто Тајлер беше создаден во умот на Нараторот за да ја искаже целата таа бунтовност и непромисленост во него која тој толку сакаше да ја потисне;
4. Сосема спротивно на третата терорија - Истрелот покажува дека Нараторот дефинитивно го отфрла Тајлер со тоа што го убива. Приврзаниците на оваа теорија велат дека куршумот всушност поминал низ главата на Нараторот, но бидејќи таму има две личности - Тајлер е убиениот, а не Нараторот (од таму и дупката во главата на Тајлер, а не во главата на Нараторот);
5. Теорија која не ги исклучува некои од другите - нарушувањето во мозокот од кое страда Нараторот (DID) според медицината може да се излечи доколку пациентот доживее трауматичен настан - обидот за самоубиство е de facto траума!;
6. Уште една теорија која не исклучува некои од другите - куршумот поминал низ мозокот на Нараторот, правејќи некој вид псевдо-лоботомија (го отстранил на оној дел на мозокот каде се наоѓала Тајлеровата свест и подсвест);
7. Ниту еден од двајцата не умрел - со истрелот Тајлер и Нараторот конечно стануваат едно;
8. Онаа теорија во која јас најмногу верувам - по истрелот, јасно е дека Нараторот станува комплетно различна личност од тоа што беше. Ете на пример првенствено - држењето на Марла за рака потврдува дека тој престанал да ги порекнува своите чувства кон неа. Дополнително, пред да заврши филмот, накратко се појавува кур на екранот: нели Тајлер беше тој кој ставаше курови како кратки кадри во рандом филмови? Зарем ова не е суптилно наговестување дека Тајлер е се уште жив? Оваа теорија е или поткрепа на седмата, или посебна теорија според која Нараторот е тој кој згаснува по истрелот, а Тајлер е тој кој преживува, па победата ја манифестира преку кадарот со курот вметнат додека го гледа и ужива во рушењето на зградите (читај: поредокот).
Фала на IMDB за некои од теориите.
Во реалноста со прецизни инструменти и истражувања нема да погодат точен дел од мозок баш каде што би се наоѓал Тајлер, па и да го остранат со куршум зошто различни толкувања?? малиот е шизофреничар, што има тука да се толкува? простор за дискусија остава филмот, не крајот
има неколку нелогичности како пример кога се влечеше самиот, пукањето во глава итн...ама само на хејтери нема да им се свиѓа крајот ради овие небитни мали работи
, дали нешто не е во ред со мене 
1. Не му згаснува мозокот, АВТОРОТ веќе прави продолжение (стрипот). Значи авторот немал замисла дека му згаснал мозокот.
4. Факт: истрелот е начин Нараторот да му покаже на Тајлер дека е посилен од него. Тајлер не му беше потребен на Нараторот веќе на пола филм, но Тајлер стана посилен од него. Eте во стрипот кога Нараторот ќе има досаден живот, Тајлер пак ќе му биде потребен и ќе се врати.
6. Oваа псевдо лоботомија ептен псевдоВо реалноста со прецизни инструменти и истражувања нема да погодат точен дел од мозок баш каде што би се наоѓал Тајлер, па и да го остранат со куршум
7,8. Тајлер не умрел, туку го вратил длабоко во потсвеста каде што не се појавил за некое време. Нараторот користи лекувања за да го поттисне во себе. Значи не го убил, не извршил лоботомија or whatever. Ќе се појави кога ќе има фамилија со Марла и пак ќе стане досадниот човек со досаден живот (стрипот)
Стрипот веќе неколку теории ги негира, а ова ти е доволен доказ дека повеќе отколку што треба се навлегува во филмот. Факт е дека авторот немал намера ни замисла за такви значења, туку гледачите/читателите сами ги нашле. Не дека има нешто лошо во ова, whatever floats your boat. Вака авторите добиваат повеќе почит, а читателите повеќе задоволство.
По истрелот веќе се знае што се случува (малку информации за стрипот), а кога ќе излезе стрипот ќе се знае точно што се случува подетално.
Иако може кога немал ни идеја дека ќе прави продолжение да важеле теорииве, но премногу ми се мали шансите дека авторот имал намера да остави простор за дискусии околу крајот.
http://chuckpalahniuk.net/books/fight-club-2

Синоќа завршив со гледање на филмскиот опус на Дејвид Линч, со исклучок на Твин Пикс (серијата и филмот).
Можам да кажам дека целата фама што се крева околу него не е без причина, човекот најпросто кажано е гениј, уметник од највисок калибар, но мора да се напомене дека како и со секој гениј, границата на генијалноста и лудоста е мала, неговите дела дефинитивно не се за секој.
Мојата листа на неговите филмови оди вака ( од најдобри до најлоши):
1. Mulholland Drive
2. Blue Velvet
- Овие два ми се дефинитивните фаворити, се мислев и Велвет да го ставам на прво место но не можев од причина што Кајл МакЛаклан (како и да му е презимето) ми е многу антипатичен актер, но се друго во двата филма е совршено.
3. Lost Highway
4. Wild at Heart
5.The Straight story
6. Elephant man
И последните три места, негови филмови кои мене лично не ми се допаднаа - Eraserhead- премогу гротескен филм, дури и за мој вкус и секако последниот Indland Empire, тука мислам дека и најзапалените фанови на Линч мораат да си признаат дека филмот е тричасовно гледање на неповрзани сцени, нејасни дијалози и со единствени позитиви елементи како што се солидната музика и глумата на Лора Дерн, па освен ако не си на тешки дроги ( на што веројатно бил режисерот кога го правел филмот) тешко е да ти се допадне истиот.
И на крај- Dune- Дејвиде шо ти требало оваа глупост не можам да си објаснам, филмот е толку плиток сувопарен и безвезен што го прави лош дури и во жанрот на sci-fi акционен филм ( најглупав филмски жанр во секој случај).
Ни останува сега да чекаме едно финално ремек дело за крај на успешната кариера.



Злативичаксдкасд, кажи дали не ти е фајкла сега топ5?
Измеѓу вкусот ти и соработката ни лејтли, со вклучување во клубот за кој не дискутираме, ми стана еден од поомилените членови. Затоа, да му кажеме па-па на Ио.![]()
ама се навикнав да ве читам меѓу редови и двајцата со Ио. Инаку - и по толку време поминато на форум не можам да се одлучам кој од вас двајца ми е поблизок по вкус. Со Ио на пример делам исто мислење за Another Earth (различно од твоето), но не се сложувам за некои други, како за Blue is the Warmest Color. Во секој случај и двајцата, како и многу други тука сте ми драги.

Rush - Оф, очекував повеќе од филмов, не дека ме разочара но можело подобро да се оствари. Брухл според мене одглуми заникаде. на имдб има 8.3, најреална оцена си има барем. 8.3/10 има од мене.
Следен, Гравити.
Баш Daniel Bruhl одглуми маестрално,прочепкај некое интервју од Ники Лауда и ке воочиш дека го доловува карактерот,акцентот и психолошкиот профил на Ники премногу добро.