Хејтот е заради тоа што се портретизира гангстер, како светец, знаеме сите многу добро какви се луѓето израснати во гето. Ти стварно мислиш дека инцидентот на станицата е објективно прикажан во филмот? јас мислам дека не е , ни приближно.
ОК, многу нереално и розево е прикажан целиот лик на Оскар, без воопшто да се пенетрира подлабоко во неговото гангстерско минато, за тоа се сложувам. Ама ако се апстрахираме од вистинската приказна по која е направен филмот, ете - да се правиме ко да не знаеме што навистина се случувало и филмот да го сметаме за обична фикција која нема никаква врска со реалноста - мораш да признаеш дека во тој случај би бил сосема ОК. Може дури и повеќе од тоа.