Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Одличен Out of the Furnace, сега дури гледам дека е режисерот на Crazy Heart, браво за двата филма :cuc: Не знам дали треба да го споменувам Бејл, човекот во секој можен филм растура, кај да е ќе лапне уште некој Оскар скоро.
Во пола филмови е елита и милионер, во пола пропалица ;-) како и да е повторно одлично одглумено. Кејси може да се каже дека е и подобар глумец од Бен или пак на исто ниво
 
Можно е Eternal Sunshine of the Spotless Mind да биде преведен како Неподнослива леснотија на постоењето (Телма)? Баш ме интересира дали е тој филм да го гледам.
 
Можно е Eternal Sunshine of the Spotless Mind да биде преведен како Неподнослива леснотија на постоењето (Телма)? Баш ме интересира дали е тој филм да го гледам.

Хмм не би требало. Веројатно станува збор за овој филм.
 
Lee Daniels' The Butler (2013)

Me5FusJ.jpg



Oscar bait movie, ама јас загризав, иако влегов со големи предрасуди.

Kaко прво, Im big on human rights иако не ми се примеќа. Второ, филмот тера да се засрамите што сте бели, барем мене ме, што е borderline хистерично како неамериканец, ама впиваме толку многу од нивната култура како да е препишана за холестерол, редовно, што и не е така, нели смешно. A да играш на таа карта, расизам, политика, човеки права без премногу лелекање, дерење и све од таа кошничка ризикуваш резултат досаден филм само за одбрана публика. Што за мене е ballsy. Незнам дали трипам, ама како да се осеќаше режирањето, имаше континуитет, флуидност од самиот почеток а опфаќа едно патување со не толку мал year span, со времетраење од некои два часа според мене беше совршено склопено, и одлична комбинација на драма, љубов, интегритет, политички и идеолошки убедувања и пред се е историски инспирирана биографија. Плус, нарација.

Приказната го следи Сесил Гејнс од неговото детство до бидувајќи батлер во белата куќа од Кенеди, Реган, Никсон.. па се до Обама, што можеби ќе створи некој скептицизам околу објективноста кај гледачите за вметнување на овој дел, ама не е толку тој круцијален како резултатот на што-и-како и доловување емоции и некаков closure адекватен за филмот. Иако акцентот е воглавно врз батлерот, многу добра е и приказната за син му како споредна, градењето на ликот, развивањето и трансформацијата ради условите и околината и пред се... времето, мене ми беше доста битна за целиот впечаток околу филмот. Едно големо делче (ха, контрадикторно!) од американската култура пренесена преку животот на Сесил, од Цивилните движења за права до Виетнам, филмот е доста интересно и вредно за гледање патување.


Форест Витакер нема да е нешто страшно ако е номиниран/или зеде оскар за машка, многу добро се снајде во улогата, природно. Би се бунел за жена му Опра, која очајно сака оскар мада не беше лоша, солидна споредна улога ама сепак.. Опра. Претседателите, фамилијата.. систе сосема одлични, од познати фаци до непознати, глумата е една од движечките сили во филмот. Друга е музиката, погодени поменти, за погодено доловување на чувства низ целиот филм. Да не дрвам, ништо интересно ионака не пишам, солидно филмче, субјективно 7-ка.


Па ни се совпаѓаат оценките и вкусовите. :) и од мене има 7мица
 
Хмм не би требало. Веројатно станува збор за овој филм.
Тој треба да е. Гледан ми е, нешто посебно не ми се допадна. Веројатно кому му е читана книгата му се појасни работите.

Еден филм да препорачам. Не се сеќавам зошто, гледан ми е пред 10 години, знам само дека ми се виде како симпатичен филм. Се сетив зошто секогаш кога ќе слушнам за еден од овие два филма, ми текнува на другиот. Не се поврзани никако, само има нешто во насловот што ми буди некаква асоцијација.
  • The Importance of Being Earnest
  • The Unbearable Lightness of Being
Појма немам...
 
Мене Batler ми е како веќе видено сценарио, му дадов 7-ка јас на IMDB, но ептен клише, просечно добро драмиче :notworthy: Интересно како ни се поклопуват оценките по повеќето филмови :D
 
Место да репризираш земи The Best Offer гледај го.
 
Леле зошто бе вака сум како збунет после Wolf of Wall Street, филмот ме мрдна во вистинска смисла на зборот, не знам кога последен пат некој филм имал ваква нуспојава врз мене:eek: Одам да пишам рецензија....

ухх не можам ајде утре кога ќе ми стивнат импресиите, ова беше too much стварно :cuc: останав без зборови на сред пишување не знам што да пишам.
 
Museum Hours (2012) - многу убаво филмче, ти предизвикува смирувачки ефект, сценариото добро, одлична глума и хемија помеѓу двајцата глави актери, прекрасни кадри од Виена и музејот, потсетува на Before триологијата... препорака, 7,5 и влече накај 8 :)

А Батлерот се знае, чиста 7ца.
 
The Hobbit-The Desolation of Smaug 2013 DVDScr XVID AC3 Hive-CM8

Скринс......





Хахах која превара е ова :icon_lol:

Ќе ставиме минијатурни слики за да мислат дека е добар квалитет.

Кога истава слика ќе се прикаже целосно на дисплејот, во вистинска резолуција приказот ќе биде катастрофа. Све под DVD - RIP/480p треба да е забрането со закон во денешно време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom