Кладилница (Генерална дискусија)

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Како прееска еден во кладилница, одам да видам накај 8 саат дали има нешто да уплатам за од 20:30 па натака и седнав да го разлистам билтенот. Овој се клади у живо и таков целиот возбуден дека ништо не може да фати ми вика глеј Галата како ја местат... Прво мислев дека е нешто 2 у 1 или таква некоја слична дубара оно коа глеам 2-2 само што завршила. Викам како ја наместиле извини? Ми вика па глеј водеа 2-0 и 2-2 им напраија. Ајде океј пројде тоа, јас таков разлистувам по билтенот и зема почна да вика: Леле овие не здрави, 7+ ќе ја праат, е тоа ти е местење. И тоа у Спорт Лајф мониторот нон стоп трепка кога ќе падне гол, и на секоја 30та секунда трепка и овој: Види, видиии ги бе, 6-6 направија, овие не се здрави. Среќа се појави еден човек и го приземји кажувајќи му дека се тоа пенали. :D
Па така се мести на пенали, тоа најлесно се мести голманот знае на која страна да се фрли и така се мести ти си мислиш глуп е човекот.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Како прееска еден во кладилница, одам да видам накај 8 саат дали има нешто да уплатам за од 20:30 па натака и седнав да го разлистам билтенот. Овој се клади у живо и таков целиот возбуден дека ништо не може да фати ми вика глеј Галата како ја местат... Прво мислев дека е нешто 2 у 1 или таква некоја слична дубара оно коа глеам 2-2 само што завршила. Викам како ја наместиле извини? Ми вика па глеј водеа 2-0 и 2-2 им напраија. Ајде океј пројде тоа, јас таков разлистувам по билтенот и зема почна да вика: Леле овие не здрави, 7+ ќе ја праат, е тоа ти е местење. И тоа у Спорт Лајф мониторот нон стоп трепка кога ќе падне гол, и на секоја 30та секунда трепка и овој: Види, видиии ги бе, 6-6 направија, овие не се здрави. Среќа се појави еден човек и го приземји кажувајќи му дека се тоа пенали. :D

:pos::pos:
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
681
Поени од реакции
188
Добро момци, само едно прашање, гледајќи ги денес натпреварите од турскиот куп што мислите за Анталија и Галата? Наместени беа или не?
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Добро момци, само едно прашање, гледајќи ги денес натпреварите од турскиот куп што мислите за Анталија и Галата? Наместени беа или не?

Сигурно некоја од тие у Турицја денес беше местена. Мислам кај нив ми е најапла местењето, не се ни замараат. Мислам дека некад е паметно на сите утакмици да се стави по 150 за прелаз, една сигурно ќе искочи и пак ќе сме у ќар :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.926
Поени од реакции
116.353
Добро момци, само едно прашање, гледајќи ги денес натпреварите од турскиот куп што мислите за Анталија и Галата? Наместени беа или не?
Почекај да се чујам со Дрогба па ќе ти кажам.
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
681
Поени од реакции
188
Ми се смеете, пробувате да ме тролате, ама ајде одговорете, според вас ви личат ли на местенки тие две утакмици или не?
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Добро момци, само едно прашање, гледајќи ги денес натпреварите од турскиот куп што мислите за Анталија и Галата? Наместени беа или не?
Галатсарај денеска играше претежно со резервни и млади играчи и без напаѓач (Ufuk, Dany, Gökhan, Ceyhun, Hakan, Yekta, Engin, Aydераn, Emre, Bruma, Amrabat ), плус Турски куп, плус скоро без публика







Престани да не замараш тука веќе со наместени натпревари!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
друже најсериозно значи без тронка тролање или како и да се вика, ова кај тебе преминува во опседнатост. Мислам дека е најдобро да направиш пауза пред да стане посериозно. Немој да ме сфатиш погрешно.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
Галата играше со втор тим на празен стадион без напаѓач бе алоооооооо
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.244
Поени од реакции
18.448
Дај напишете некои типови овде не тресете со овие муабетите за местење и онака ништо нема да добиеме од тоа.

Од мене за утре уште еден тим од купот, овојпат од Белгија. Остенд-Лирс кец 2.2коеф.

Лирс е катастрофален тим, додека Остенд знае да покаже заби, посебно дома. Замислете го победија Генк 3 или 4-0 пред некое коло.
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
681
Поени од реакции
188
Почекај да се чујам со Дрогба па ќе ти кажам.
Епа да, конкретно коа посочив утакмици, тресеш глупости и бегаш од одговорот. Едноставно е, мислиш дека се местени или не?
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
681
Поени од реакции
188
Галата играше со втор тим на празен стадион без напаѓач бе алоооооооо
Другар, мислиш дека беа наместени или не? Или еве ако не Галата, Анталија? Не прашав дали имале публика и напаѓач.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
Ах веќе ти пишале горе...

Анталија ја гледав и немаше м од местена пошто трчаа гостите како на дроги последните 20тина минути а и направија еден остар старт и заслужен црвен при кој што можеше играчот на Анталија да остане и посериозно повреден... При наместени натпревари не пробуваат да се повредат фудбалерите..

Башка кога има наместен натпревар ти стварно мислиш дека сите 30+ играчи знаат за тоа и местат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom