Нов амбициозен тим во здравството, ќе донесе ли промени?

Очекувате ли новиот тим во Министерство за здравство да воведе ред во здравството?

  • Да

    Гласови: 30 24,6%
  • Не

    Гласови: 92 75,4%

  • Вкупно гласачи
    122
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.420
Пациенти и лекари се жалат, за министерството проблем нема
Електронското закажување кај специјалист создаде незадоволство и нервози, како кај пациентите така и кај матичните лекари. Медицинските сестри и лекарите се жалат дека постојано паѓа системот при што не се во можност да закажат преглед, но и кога ќе успеат да влезат во системот пациентот повторно може да извиси, бидејќи се случува кај избраниот специјалист да бидат пополнети сите термини за еден или два месеца порано.



Здравството е хорор, а здравството барем за мене е некој репер, огледало на државата. На хематологија имаше и една афера со лековите
Скандал: Пациентите со леукемија избркани на улица


Кај ќе им оди душата ако ја имаат, не знам. Еј да моли да и дозволат уште малку да поживее :(
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Невиден хаос им е закажувањево со термин. Ќе цркнеш додека стигнеш до специјалистот, камоли после тоа на рентген или томографија да треба да одиш рецимо. За жал и овој како и сите други бомбастични проекти во државава, е од типот на "сакам кажам - не знам речам".
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Состојбата со здраствово во Македонија е: И да умреш, колку-толку ќе се спасиш! Е*ате..
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Од една страна ќе цркнеш додека стигнеш до термин, од друга страна и кога ќе го добиеш долго очекуваниот - по 15 минути после тебе е друг закажан. Ако прегледот вклучува и соблекување, подобро и не оди додека не затопли.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
За жал и овој како и сите други бомбастични проекти во државава, е од типот на "сакам кажам - не знам речам".
У здравството ососбено е "сакам да личи, дека правам нешто".
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Истата помпезна стратегија кога беше и во образование, зарем не?
не знам дали си видела неколку билборди за здравствово што ги имаат опнато, со написи инвестираме за современо здравство, така некако :pos: ако е современо здравство да скршиш вилица од бисквитите на клиника што ти ги даваат ок.

ама малце ни е, јас да сум на овој народ уште циркуси ќе му правам, абе Медрано нема да ми е рамен.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Реформи на дело, со мозокот на операцијата - Тодоров. :) Дали некој од целиот тој тим ги има земено сите фактори во предвид? Што би се случило доколку во една амбуланта, без разлика матичен или специјалист, би снемало струја или интернет на неколку часа или на неколку дена? Дали имаат заборавено дека ова е Македонија и реално се случуваат вакви работи ...

Имено, мене ми се случи. Ми требаше итен ( приоритетен ) упат за преглед. Значи не зборувам итен за да не чекам за закажување, туку зборувам за итен во тој момент зошто без упат, без разлика на ситуацијата - враќаат или наплаќаат приватно. Кој не верува, нека се обиде.
Докторката се јавуваше во ФЗО со сите информации и детали за од таму да ми креираат упат и да го пратат на мејл, издаден од нив. Супер. Како по мејл, кога нема струја или интернет на пример? Не знам во која амбуланта на приватен доктор со кола одеше сестрата за да го испечатат таму упатот и да го добијам јас после неполн час.

Од друга страна, почеток на месец е. Хроничните пациенти имаат терапија која најчесто се зема секој почеток на месец. Рачни рецепти не примаат во аптека зошто немале некој број не знам каков, а електронски не можеа да издадат.

Дали некој мислел на алтернативите? Доколку се случат последици дали Тодоров да го барам или жена му.

И ќе го замолам Fringe да не се избацува со коментар на темава, за да не го изеде он на крајот.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
59
Поени од реакции
51
Потполно точен коментар на CafeDelMar..на ништо не се мисли,односно само се импровизира...кога ќе размислам подлабоко,нас цела држава ни е импровизација, а не пак здравството..:) .. според мене,реформите треба да почнат уште со запишување на медицински факултет,да се направи пресметка колку точно студенти требаат ( квантитетот не носи секогаш квалитет,што впрочем и се докажа на дело,а тек допрва следуваат проблемите), квалитетна настава ( ништо живо не остана од професори,тие што требаше да станат професори отидоа во приватно здравство), да се утврди колку специјалисти од која гранка требаат и така да се доделуваат специјализации и субспецијализации, да се направи здравствена карта....а ова денес што се случува е општ хаос...:facepalm:
 

aleksandarreal

Sport fanatic
Член од
15 мај 2009
Мислења
905
Поени од реакции
276
Голем удел имаат платите у здраството али џабе е да се збори, без адекватна стимулација и награда за докторот, секако дека нема да биде мотивиран адекватно да си ја извршува должноста... така е само кај нас у странство не...
 
Член од
25 декември 2013
Мислења
3
Поени од реакции
3
Значи страшно е ова што се случува!Пред 16 дена правев магнетна резонанца на радиологија во државна и таман помислив дека здравството функционира како што треба и дека треба да имаме доверба во истото луѓево тотално ме предомислија.

Откако по тестот ми беше кажано дека резултатот ќе го добијам по 2-3 дена!Поминаа 3 дена.
Се јавив на телефон и претпоставувате,никој не се јавува.:cautious:

Отидов 2-3 дена после тие 3 дена и ми викаат пазете
сега цитирам "и кажувам име Б****и таа ми вели,не не.Кажете ми датум.Ние тука така познаваме,а не по име" или на кратко кажано со име не можело да се добие тестот.

Во ред велам и кажав датум и ми вели,а не не се стигнати за 8Декември.:(

Помини од Петок натаму.Значи точно за една недела беше тоа.Си заминав и бидејќи хитно ми е и едвај чекав да
дојде денот па отидов пак во Петок!

Стигам таму по густа маглетина.Влегувам и одам на шалтер и велам ќе ве молам резултати и добивам одговор
"Кажете ми име и презиме"И кажав име и презиме,иако ми падна чудно како е можно со име и презиме да ги види
резултатите??????

Почна да буричка таа таму на масата каде се е едно преку друго.
И повторно секс од страна на радиологија!Господине не ви се пристигнати уште резултатите.Дојдете од Четврток натаму!!!!!!?????:mad:

Значи она што ме натера да се логирам тука и да ја отворам темава,да ги споделам случувањата и гневот кој се случува на радиологија,а веројатно и во речиси цело здравство и можеби да добијам одговор на некои мисли кои ми се вртат во глава!

1.Како е можно да има толку задоцнување (18 дена)и толкава толеранција?Што ако се работи за потешки случаеви од мојот,и за кои секоја изгубена минута може да има фатални последици?

2.Како е можно да еднаш ме бараат преку датум и да велат преку име не наоѓаме,а вториот пат да ме прашуваат за име?

А за тоа дека на масата им се испофрлани снимките,на тоа несакам ни да се потсетувам!

СЕ ПРАШУВАМ ОД КАДЕ ТАКВА НЕОЗБИЛНОСТ И КОЈ ИМ ДАЛ ПРАВО НА ЛУЃЕВО ДА РАБОТАТ?ОД КАДЕ ДА ИМАМ ДОВЕРБА СЕГА ДЕКА ЌЕ ГИ ДОБИЈАМ ВИСТИНСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ,А НЕ НЕКОИ ТУЃИ.МАСАТА И ИСПОФРЛАНИТЕ СНИМКИ МИ ГО КАЖУВААТ ТОКМУ ТОА.

ДИВА ЛИГА И ДИФТАРИЈА Е РАДИОЛОГИЈА.

ЏАБЕ СЕ ИМАМ СНИМЕНО И ЏАБЕ ДАДЕНИ ПАРИ.ИСКРЕНО НЕ ИМ ВЕРУВАМ ВЕЌЕ ВООПШТО

На телевизија се дава дека здравството ни е меѓу најдобрите во југоисточна европа,
а нам ни се дешаваат вакви скандали.Е*ати пропагандата на телевизиите и на господинот Тодоров.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
си згрешил/а со самото тоа што си поверувал/а на рекламите и билбордите ;)

но хеј, поважно е да се оптеретиме со мој термин срања него нова опрема и воведување вистински ред.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Македонското здравство нема ни З од здравство. Пред неколку години од неисправните апарати поточно од инкубаторите што не им беа исправни и дотраени од времето на тито ако не и од порано мојата внука ослепе само поради нив а замисли само за министерот колку пари се дава и од наш џеб од граѓанинот за тој да се вози во убава кола плус тоа за патни трошоци и што ти знам уште што не таму и плус тоа истите тие луѓе бидејќи донекаде тие не беа виновни но на крај нас будали да не направат поточно моето семејство не пратија во турција како демек таму ако се направи операција ќе се опорави малечката а операцијата некаде чинеше околу 15,000 евра + патни трошоци и маката и уште многу други работи за на крај да биде се џабе а зошто? зошто тогаш на владата на им се даваше пари за нови инкубатори. Тогаш тие своите плати си ги покачуваа и плус тоа си градеа глупости и уште што ти не. А како додатна иформација еве за што дробам јас:

Белгиската јавност беше скандализирана од случајот на малиот Александар кој во белгиска болница бил донесен речиси слеп поради лошиот третман во болниците во Македонија
Директорката на Очна клиника Елена Џајкова вчера е разрешена од функција.
Ова е од темата истата година и кога мојата внука ослепе.
Александар бил речиси слеп исто како и мојата внука која ја однесовме во турција ја вративме малечката без вид. Што да кажам огорчен сум длабоко од фукционирањето на ова "здравство" кое ми го зема она што некој се мачел за го донесе живо и здраво на овој свет. Иако ова е од пред 3 години но за овие 3 години ништо не е сменето освен што донесоа неколку нови инкубатори ново нешто подобро и не верувам дека е.
 
M

Muranyi

Гостин
Да не почнувам да пишувам, крај ќе нема:(

Инаку нормално дека ќе те прашаат за датум бидејќи така им се класифицирани резултатите, во папки со дата. За останатото едноставно, тоа е тоа, за жал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom